fbpx

Дали АНТИОКСИДАНТИТЕ може да го зајакнат ИМУНИТЕТОТ?

tonus

Многу често слушаме за антиоксидантите и за нивните бројни корисни ефекти. На нашиот блог веќе имаме зборувано како тие може да допринесат кон подобра виталност, подобро здравје на зглобовите и сл. Во оваа статија ќе зборуваме за позитивниот ефект на антиоксидантите врз имуниот систем.

 

Што се всушност антиоксидантите?

Во секој момент во организмот се одвиваат огромен број на метаболитички процеси преку кои храната се претвора во енергија. Во овие процеси, како ,,нус“ продукти или наречени уште и метаболитички отпад, се создаваат молекулите на слободните радикали.

Негативните дејства на слободните радикали се поврзуваат со кардиоваскуларните и малигните заболувања, артритисот, со забрзаниот процес на стареење итн.

"“Online”/

Антиоксидантите се вид на „ловци“, односно неутрализатори на слободните радикали. Всушност, ваквото неутрализирачко дејство го остваруваат преку донирањето на електрони на слободните радикали. Така, претходно силно реактивните молекули, веќе ја немаат таа ,,моќ” да реагираат и да ги оштетуваат молекулите во нивната околина – односно стануваат стабилни молекули.

Антиоксидантите се молекули кои во одредена мера се синтетизираат во организмот (глутатион, убикинол, урична киселина, одредени ензими итн.), но треба да ги внесуваме и преку здравата и разновидна исхрана.

Во периодот на детството, телото продуцира највеќе антиоксидатни, а нивните нивоа опаѓаат со текот на стареењето, па на тој начин растат и потребите за нивно поголемо внесување преку исхраната.

 

Дали антиоксидантите може да го зајакнат имунитетот?

Антиоксидансите имаат важна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем преку нивното неутрализирачко дејство врз слободните радикали. Како што споменавме, слободните радикали се создаваат преку голем број метаболички процеси, но и како резултат на влијанија од средината, како што се загадувањето, радијацијата и чадот од цигарите. Кога тие ќе се акумулираат предизвикуваат оксидативен стрес, што доведува до воспаление, но и ослабнување на имунолошкиот одговор. Антиоксидансите, како што се витамините Ц и Е, селенот, флавоноидите и многу други соединенија, донираат електрони од своите молекули и на тој начин ги неутрализираат слободните радикали. На овој начин се спречува клеточното оштетување и се одржува имунолошката хомеостаза.

На пример, познато е дека витаминот Ц го подобрува производството и функцијата на белите крвни зрнца, вклучувајќи ги фагоцитите и лимфоцитите, кои се неопходни за борбата против инфекции. Дополнително, антиоксидантите го поддржуваат интегритетот на епителните бариери, заштитувајќи од патогени. Тие исто така ги модулираат сигналните патишта кои ги регулираат имунолошките одговори, на тој начин зајакнувајќи ги. Со намалување на оксидативниот стрес и поддршка на функцијата и бројот на имуните клетки, антиоксидантите помагаат да се одржи посилен и ефективен имунолошки систем, подобрувајќи ја способноста на телото да се одбрани од инфекции и болести.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор