fbpx

Кои намирници треба да ги избегнуваат луѓето со АРТРИТИС?

tonus

Постојат бројни заболувања кои стануваат почести и позастапени кај општата популација. Едно од нив е и артритисот и се проценува дека само во САД околу 54,4 милиони луѓе имаат дијагностициран артритис. Статистиката исто така вели дека ваквата состојба е позачестена кај жените отколку кај мажите. Оваа состојба и ризикот за нејзина појава се зголемува со возраста, но и начинот на живеење и особено исхраната може да има значителен ефект врз нејзиното третирање и превенција.

 

Што претставува артритисот?

 

Артритисот генерално означува состојба на воспаление на зглобовите. Но, терминот се употребува за опишување на околу 200 состојби кои предизвикуваат некакви проблеми со зглобовите, ткивата кои ги опкружуваат, како и други сврзни ткива.

"“Online”/

Поголемиот дел од овие 200 состојби се ревматоидни, односно хронични. Порано се сметаше дека артритисот е типичен само за постарите лица, но денес знаеме дека може да се јави и кај помладите.

Најчестата форма на артритис е остеоартритисот. Други, исто така чести форми на ова заболување се и ревматоидниот артритис, фибромијалгија и гихт.

Типичните симптоми на хроничните ревматоидни заболувања, освен болки во зглобовите, вклучуваат и отоци, вкочанетост, но и низа на други симптоми, кои се развиваат постепено, но може да се јават и одеднаш. Одредени ревматоидни состојби можат исто така да бидат поврзани со имуниот систем.

 

Кои се главните ризик фактори за појава на оваа состојба?

 

Не постои единечна причина која директно води кон било кој тип на артритис. Обично, постојат повеќе ризик-фактори зависно од формата на артритисот.

Можни причини се:

 

  • хронична инфламација
  • повреда, што може да води кон дегенеративен артритис
  • нарушен метаболизам, кој води кон гихт
  • генетски, најчести кај остеоартритис
  • инфекции
  • нарушен имунитет – ревматоиден артритис, лупус

Некои луѓе се генетски склони кон одреден вид артритис, но сепак, дополнителните фактори како повреди, инфекции, пушење, напорна физичка работа веројатно се во релација со експресијата на тие гени.

Исхраната, исто така може да игра значајна улога. Во зависност од тоа како се храниме, исхраната може да биде ризик-фактор или помош при третирањето на артритис, а што е позначајно може да биде и превенција од него. Ова е особено важно кај оние типови артритис кои се поврзани со метаболизмот, како што е гихтот на пример.

Како ризик фактори за појава на артритис врз кои немаме влијание се сметаат:

  • Возраста – со возраста ризикот од појава на артритис се зголемува
  • Полот – жените се посклони кон оваа состојба
  • Генетика

 

Ризик фактори кои се под наша контрола:

  • Телесна тежина – прекумерната телесна тежина го зголемува ризикот од појава на артритис, но и од неговата прогресија.
  • Повреди
  • Инфекции
  • Покачен крвен притисок
  • Пушење

 

Кои намирници треба да се избегнуваат при артритис?

 

1 . Намирници и храна која содржи додадени шеќери

Ваквата храна воопшто не е препоралчива бидејќи е најчесто калорична, а не е значително нутритивна. Но, ваквите намирници особено треба да се избегнуваат од луѓето со артритис. Слатки, сладолед, газирани пијалоци, млечни чоколади и сл. се дел од ваквите намирници. Овој тип храна се смета дека ги влошува симптомите на оваа состојба, а токму ова го покажала една студија. Од 20 различни типови намирници, газираните појалоци и десертите биле оние кои имале најлошо дејство. Дополнително, тие го зголемуваат ризикот за појава на артиритис.

 

2 . Процесирани месни продукти и црвено месо

Одредени истражувања ги поврзуваат ваквите месни продукти со зголемена инфламација во телото. Некои студии покажале дека консумацијата на овој тип храна ги зголемува инфламаторните маркери како CRP и хомоцистеин. Слично како и намирниците богати со додаден шеќер, преработените месни продукти и црвеното месо може да ги влошат симптомите на артритис.

 

3 . Високо процесирана храна

Тука спаѓа брзата храна, пржената храна, храна богата со шеќери и конзерванси. Таа се смета дека може да ги нагласи и влоши воспалителните процеси во телото, а со тоа да ги влоши симптомите на артритис. Западниот начин на исхрана, кој е богат со ваквите високо процесирани намирници, сериозно го зголемува ризикот за појава на артритис, а главно преку зголемувањето на телесната тежина. Покрај ефектот на овој тип намирници врз артритисот, тие имаат низа на штетни ефекти врз целокупното здравје. Повеќе за начинот на кој може да го намалите внесот на овие намирници, може да прочитате тука.

 

4 . Алкохолни пијалоци

Честата и прекумерна консумација на алкохолни пијалоци има штетни ефекти врз нашето целокупно здравје. Во поглед на артритисот, тие можат да ги влошат симптомите како и да го зголемат ризикот за појава на ваквата состојба. Алкохолот се смета дека ја зголемува инфламацијата во телото.

 

5 . Солена храна

Некои студии кои биле изведувани на животни покажуваат дека артритисот, односно воспаленијата на зголобовите е понагласен при исхрана богата со сол. Исхраната која била со умерено и ниско количество на сол покажала помал интензитет и послаби симптоми на артритис. Студии кои биле изведувани врз глувци, покажале дека тие при исхрана со помалку сол имале помалo оштетување на ‘рскавицата и на коскеното ткиво.

 

6 . Храна која содржи заситени и транс масти

Овој тип на масти ја зголемува инфламацијата во телото. Според некои истражувања, лицата со артритис треба да го намалат внесот на

  • Oмега – 6 масни киселини – кои се содржат во растителни масла, а најчесто во нашата исхрана ги внесуваме преку сончогледовото. Овие масла не се штетни доколку се употребуваат умерено, но често се користат прекумерно.
  • Заситени масти – извор на овие масти може да биде: месото, путер и сирења. Овие масти не треба да учествуваат со повеќе од 10% од дневниот внес на калории.
  • Транс мастите – овие масти се познати по тоа што го намалуваат „добриот“ HDL холестерол а го зголемуваат LDL – „лошиот“. Тие исто така го зголемуваат воспалението во телото.

 

Храна која се смета за здрава и која е препорачлива за лицата со артритис:

  • Храна која содржи незаситени и омега-3 масни киселини (маслиново масло, масло од јаткасти плодови, јаткасти плодови, риба и сл.)
  • Овошје и зеленчук
  • Полнозрнести житарки
  • Мешунки
  • Семиња

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор