fbpx

АШВАГАНДА за подобар СОН?

tonus

Екстрактот од ашваганда е навистина потентен и широко користен природен препарат. Веќе имаме зборувано за неговото позитивно дејство во поглед на: либидото, справувањето со стресот и анксиозноста, подобрување на концентрацијата и сл. Денес ќе зборуваме за уште еден корисен ефект на ашвагандата, а тоа е подобрениот квалитет на спиење.

 

Ашваганда – древна, добро позната билка

Ашвагандата е растение од семејството Solanaceae, поточно се работи за Withania somnifera. Расте во топлите краишта, а се смета дека потекнува од североисточните делови на Индија. Се нарекува уште и индиски женшен или зимска цреша. Најчесто се користи нејзиниот корен.

Ашвагандата е богата со низа компоненти кои можат на различни начини да делуваат позитивно врз здравјето на нашиот организам. Поседува антиоксидативни, антивоспалителни и антистресни својства, заради што се смета дека може да допринесе за подобро општо здравје и долговечност. Според податоците на некои истражувања, ашвагандата покажала заштитен ефект од некои малигни заболувања, дијабет и невродегенеративните заболувања, како Алцхајмер и Паркинсон.

"“Online”/

Дополнително, таа покажала и смирувачки ефект, како и одредена улога во балансирањето на повеќе важни хормони во човековиот организам.

 

Ашвагандата и подобреното спиење

Некои прелиминарни истражувања покажуваат дека ашвагандата помага луѓето да заспијат побрзо, да спијат подолго и да имаат целокупен подобар квалитет на спиење. Една студија покажала дека испитаниците кои користеле екстракт од ашваганда, по 6 недели пријавиле и до 70% подобар квалитет на спиење. Ваквиот ефект на ашвагандата може да се препише на неколку различни соединенија кои таа ги содржи. Имено, едно од нив е триетилен гликолот, соединение кое е природно присутно во ашвагандата и кое научниците сметаат дека е делумно заслужно за ваквиот „приспивачки“ ефект. Други истражувања покажуваат дека ашвагандата делува врз т.н GABA рецептори, кои се клучни при заспивањето. Дел од истражувачите сметаат дека постојат и останати, непроучени соединенија кон кои се должи ваквиот позитивен ефект на оваа билка. Во некои студии, ашвагандата се покажала и корисна кај лицата со несоница.

Друга теорија преку која се објаснува ваквиот ефект на ашвагандата, е тоа што таа првенствено има силен и докажан анти-стресен ефект. Ова главно се должи на присутните соединенија наречени витанолиди, кои се карактеристични за ашвагандата. Се смета дека преку ублажување и намалување на стресот, ашвагандата индиректно помага побрзо да заспиеме и да имаме подобар квалитет на спиењето.

 

Дали ашвагандата треба да се пие наутро или навечер?

За разлика од многу други суплементи или лекарства, ефектите на ашвагандата не се веднаш забележителни. Понекогаш се потребни повеќе денови или недели со цел да се воочат нејзините ефекти, додека пак за полниот ефект некогаш е потребно и до неколку месеци. Во една студија, каде биле вклучени 60 луѓе кои користеле екстракт од ашваганда (300mg дневно), потребни биле и до 10 недели за да се воочи полниот ефект на оваа билка, особено во поглед на подобрување на спиењето. Во тој поглед, делот од денот кога се пие ашвагандата нема да направи некоја значителна разлика. Доколку ашвагандата се пие за одржување на целокупното здравје, тогаш истата најдобро е да се пие заедно со било кој друг суплемент, наутро по оброкот. Доколку сакаме да ја користиме за опуштање и за можно подобрување на сонот, тогаш можеби е подобро да ја користиме по ручекот или во приквечерните часови. Како и со многу други природни суплементи, се препорачува употреба во рок од 3 последователни месеци. Потоа, неопходна е мала „пауза“ во употребата, пред започнување со повторно користење.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор