fbpx

Дали АШВАГАНДАТА може да го „забрза“ МЕТАБОЛИЗМОТ и да помогне при СЛАБЕЕЊЕ?

tonus

Во оваа статија ќе зборуваме за еден интересен, потенцијално индиректен ефект на ашвагандата, а тоа е подобрување на метаболизмот и поддршка на процесот на слабеење.

 

Ашвагандата е позната по својот „адаптоген“ ефект, но што тоа значи?

Супстанците со адаптогено својство или т.н „древни билки“, во кои спаѓа и ашвагандата, се користат ширум светот за нивното смирувачко и анти-стресно дејство. Покрај справувањето со стрес, тие може да помогнат и при анксиозност, замор и целокупно да ја подобрат нашата благосостојба. Се смета дека тие регулираат одредени реакции во телото со што му помагаат истото да се доближи до некоја форма на рамнотежа и смиреност. Во тој поглед, Ашвагандата се смета дека има корисно и позитивно дејство врз ендокриниот, нервниот, имуниот и кардиоваскуларниот систем. Таа учествува во регулирање на метаболизмот и му помага на мозокот при изложеноста и одговорот кон некаква стресна ситуација. Дополнително, таа има антиоксидативно и анти-воспалително дејство, со што ги заштитува нашите клетки од оштетување кое може да биде особено нагласено при хроничен стрес.

За некое растение да се смета за адаптогено, тоа мора да задоволни три различни критериуми:

"“Online”/
  •   Да нема токсично дејство кога се користи во препишаните, точно утврдени дози
  •   Да му помага на организмот подобро да се справува со стрес
  •   Да му овозможи на телото да се врати во одредена рамнотежа (хомеостаза)

Ашвагандата е докажан и потврден адаптоген и како таква може да помогне при секојдневната изложеност на стрес и анксиозност. Секако, таа не е трајно решение и наша задача е да пронајдеме соодветен начин за справување со стресот, особено долгорочно.

Денес, адаптогените билки се користат како додаток на исхраната (суплементи), најчесто како екстракти во форма на капсули или прав.

[Поврзано: Како стресот влијае на плодноста кај мажите и жените?]

 

Дали ашвагандата влијае на метаболизмот, а со тоа и на успешното слабеење?

Адаптогените својства на ашвагандата помагаат во намалување на нивото на кортизол, хормон на стрес кој, кога е хронично покачен, е поврзан со зголемено складирање на масти, особено во пределот на стоамкот. Со намалување на нивото на кортизол, ашвагандата може да помогне и да го минимизира зголемувањето на телесната тежина предизвикано од стрес. 

Дополнително, ашвагандата се смета дека ја подобрува функцијата на тироидната жлезда преку стимулирање на производството на тироидни хормони, кои се клучни регулатори на метаболизмот. Подобрената функција на тироидната жлезда може да доведе до зголемување на стапката на т.н базичен метаболизам (BMR), а со тоасе  промовира поефикасно согорување на калориите при мирување. Понатаму, се смета дека ашвагандата ги подобрува резултатите од вежбањето и помага да се гради поголема мускулна маса, што индиректно може да го зајакне и подобри метаболизмот, бидејќи мускулното ткиво согорува повеќе калории во мирување во споредба со масното ткиво. 

Студиите исто така покажуваат дека ашвагандата може да ја подобри инсулинската сензитивност и општо, да го подобри метаболизмот на глукозата, намалувајќи го нивото на шеќер во крвта и спречувајќи акумулација на масти. Комбинираните ефекти на ашвагандата укажуваат на синергистички и позитивен ефект на оваа билка во поглед на подобрување и забрзување на метаболизмот. Таа може директно, но и индиректно да го поддржи процесот на слабеење, секако со усвојување на здрави навики и за правилна и разновидна исхрана и редовна физичка активност – со цел постигнување на одржливи и трајни резултати.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор