fbpx

Ашваганда за подобар ИМУНИТЕТ!

tonus

Ашвагандата е билка која се користи илјадници години и чие име веќе е добро познато ширум светот. Таа е исклучително потентна и нуди низа на корисни здравствени придобивки, кои пак се поткрепени со научни студии. Еден од главните бенефити е нејзиното корисно и позитивно дејство при справување со стресот и анксиозноста, нешто за што зборувавме подетално во една од претходните статии.

Ашваганда – растение кое се употребува илјадници години

Ашвагандата е растение од семејството Solanaceae, поточно се работи за Withania somnifera. Расте во топлите краишта, а се смета дека потекнува од североисточните делови на Индија. Се нарекува уште и индиски женшен или зимска цреша. Најчесто се користи нејзиниот корен.

Ашвагандата е богата со низа компоненти кои можат на различни начини да делуваат позитивно врз здравјето на нашиот организам.

"“Online”/

Поседува антиоксидативни, антивоспалителни и антистресни својства, заради што се смета дека може да допринесе за подобро општо здравје и долговечност.

Според податоците на некои истражувања, ашвагандата покажала заштитен ефект од некои малигни заболувања, дијабет и невродегенеративните заболувања, како Алцхајмер и Паркинсон.

Дополнително, таа покажала и смирувачки ефект, како и одредена улога во балансирањето на повеќе важни хормони во човековиот организам.

Ашваганда за подобар имун одговор?

Податоците неодамна публикувани во  Journal of Clinical Medicine укажуваат дека суплементацијата, дури и со пониски дози на стандардизиран екстрат од ашваганда (60mg), може да го модулира вродениот и стекнатиот имунитет кај здравите лица и значително да го подобри нивниот ,,имун профил”.

Истражувачите од Универзитетот Оклахома, во својата рандомизирана, клиничка студија заклучуваат дека ваквите информации покажуваат дека ашвагандата со својот имуностимулирачки ефект може да вброи помеѓу хербалните екстракти кои допринесуваат за посилен имунитет.

Нешто повеќе за истражувањето

Станува збор за клиничко истражување кое меѓу првите се занимава со поврзаноста помеѓу ашвагандата и имуниот одговор кај човекот.

Истражувањето вклучувало 24 здрави мажи и жени на возраст помеѓу 45 и 72 години кои по случаен избор добиле или 60mg ашваганда екстракт или плацебо (во период од 1 месец).

Резултатите покажале дека оние што користеле екстракт од ашваганда го подобриле својот вроден имунитет (како индикатори биле земени мерењата на цитокините, Т-клетките, Б-клетките и NK клетките), а подобрен бил и стекнатиот имунитет (како индикатори мерени биле имуноглобулините, вклучително IgA, IgG и IgM. 

Oва се првите релевантни податоци според кои екстрактот од ашваганда (глукозидите, односно витанолоидите) поседува силен потенцијал во модулирањето на вродениот и стекнатиот имунитет. 

Многу е важно е да се каже и следното: Нашиот имун систем е силно поврзан со многу други биохемиски и клеточни процеси во телото, па оттука оваа студија има позитивни импликации и врз целокупното наше здравје.

 

НАРАЧАЈ АШВАГАНДА

Состав: СУВ ЕКСТРАКТ АШВАГАНДА (Withania somnifera), микрокристална целулоза (E460), желатин, магнезиум стеарат (Е470b).

Извор:

Immunomodulatory Effect of Withania somnifera (Ashwagandha) Extract—A Randomized, Double-Blind, Placebo Controlled Trial with an Open Label Extension on Healthy Participants

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор