fbpx

Екстракт од АШВАГАНДА – корисен за подобрување на КОНЦЕНТРАЦИЈАТА и менталното здравје!

tonus

Веќе имаме зборувано за извонредниот ефект на ашвагандата во поглед на справувањето со стресот, како и за подобрување на либидото. Во денешната статија, ќе се задржиме малку повеќе на позитивниот ефект кој го има оваа древна билка врз концентрацијата и когнитивните способности.

Ашваганда – древна, добро позната билка

Ашвагандата е растение од семејството Solanaceae, поточно се работи за Withania somnifera. Расте во топлите краишта, а се смета дека потекнува од североисточните делови на Индија. Се нарекува уште и индиски женшен или зимска цреша. Најчесто се користи нејзиниот корен.

Ашвагандата е богата со низа компоненти кои можат на различни начини да делуваат позитивно врз здравјето на нашиот организам.

"“Online”/

Поседува антиоксидативни, антивоспалителни и антистресни својства, заради што се смета дека може да допринесе за подобро општо здравје и долговечност.

Според податоците на некои истражувања, ашвагандата покажала заштитен ефект од некои малигни заболувања, дијабет и невродегенеративните заболувања, како Алцхајмер и Паркинсон.

Дополнително, таа покажала и смирувачки ефект, како и одредена улога во балансирањето на повеќе важни хормони во човековиот организам.

Ашваганда за подобрена концентрација – што вели науката?

Ашвагандата преку бројни студии има докажано, позитивно дејство врз когнитивните функции, меморијата и концентрацијата. Една мета студија која ги анализирала резултатите од 5 други студии, покажала дека ашвагандата ги подобрува когнитивните функции, особено кај повозрасната популација каде веќе постои одредено ослабнување во оваа област. Во тој поглед, ашвагандата се покажала корисна за:

  • Успешно извршување на умствени задачи и обврски
  • Внимание и концентрација
  • Време на реакција
  • Подобар перформанс при извршување на когнитивни (умствени) задачи

Друга студија вклучила 50 испитаници кои земале 600mg дневно екстракт од ашваганда во период од 8 недели. Во споредба со контролната група (која примала плацебо), групата која добивала ашваганда имала подобрување кај:

  • Меморијата
  • Вниманието и концентрацијата
  • Процесирање на нови информации

Научниците кои го спровеле истражувањето сметаат дека ова се должи на антиоксидативниот ефект на ашвагандата, кој може да го заштити мозокот и впрочем да го подобри когнитивното здравје.

Корисна и за општото ментално здравје

Одредени студии покажуваат дека ашвагандата е корисна и делува позитивно и на менталното здравје, односно може да ги намали и ублажи симптомите на депресија, шизофренија, биполарно растројство и сл.  Една студија спроведена во 2012 година, покажала дека користењето на ашваганда во период од 60 дена (600mg екстракт на ден) резултирало со 77% намалени симптоми на депресија кај испитаниците. Дополнително, едно од најпроучуваните својства на ашвагандата, за кое веќе имаме зборувано е анти-стрес или т.н адаптогено дејство. 

Ашвагандата се смета дека директно влијае врз создавањето на одредени протеини и хормони (првенствено кортизол) и на тој начин го намалува штетното дејство на стресот. Исто така, таа се смета дека ја намалува активноста на одредени механизми кои се активираат во организмот при изложеноста на стрес. Во овој поглед, постојат голем број студии кои ги поткрепуваат ваквите информации.

Во една помала студија во која биле вклучени околу 60 испитаници, оние кои користеле суплемент од ашваганда во период од 8 недели, пријавиле намалено ниво на стрес, а кај нив било измерено и намалено ниво на кортизол – примарен стрес хормон. Дополнително, испитаниците пријавиле дека нивниот квалитет на спиење исто така бил подобрен, споредено со контролната, плацебо група. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор