fbpx

И до 50% од заразените со корона не знаат дека го носат вирусот

tonus

Moжно е да има повеќе луѓе кои слободно се движат и го шират корона вирусот, незнаејќи дека токму тие се носители. Ваквите вести  се загрижувачки, но се исклучително корисни и ни даваат уште еден аргумент зошто треба да се однесуваме како да сме позитивни во секој момент, барем додека трае оваа пандемија.

Веста дека вирусот може го шират и носителите пред да покажат било какви симптоми, па и оние целосно асимптоматските, особено го загрижи СЗО и здравствените власти ширум светот

Првите сознанија дека кај голем број носители на вирусот тој не се манифестира со никакви симптоми, дојдоа на почетокот на месецов и предизвикаа навистина голема загриженост кај здравствените власти во светот.

Овие факти беа презентирани од директорот на CDC, Американскиот центар за контрола и превенција од заболувања, Д-р Роберт Редфилд. Тогаш тој напомена дека бројот на асимптоматски носители на вирусот може да достигне дури до 25%, што би значело дека секој четврти позитивен е асимптоматски!

"“Online”/

Само неколку дена по оваа објава, дојдоа уште пошокантни вести од Исланд. Имено, нивните здравствени власти известија дека дури 50% од утврдените позитивни случаи на корона се асимптоматски.

Сè повеќе држави информираат дека повеќето од случаите на позитивни корона вирус пациенти се јавуваат токму како резултат на асимптоматска трансмисија или пренесување на вирусот од лица кои немаат никакви симптоми. Дополнително, што е уште позначајно, во средината на април беа публикувани повеќе студии кои велат дека е сосем можно позитивните пациенти да се позаразни токму во периодот кога не пројавуваат никакви симптоми.

Според Д-р Редфилд, ова е едно од објаснувањата зошто вирусот во САД толку брзо се рашири, во толку краток период. Тој смета дека најверојатно позитивните пациенти се потенцијално најзаразни 48 часа пред да пројават симптоми, бидејќи тоа е периодот кога нагло се зголемува бројот на единици од вирусот во нашите секрети. Тоа е така пред сè затоа што симптоматските случаи знаат дека треба да внимаваат.

Како функционира пренесувањето?

На почетокот на оваа година почнаат да пристигнуваат привите податоци поврзани со оваа тема. Се сметаше дека вирусот се пренесува само преку поголеми сектретни капки и тоа само во периодот кога пациентите покажуваат симптоми. За жал, подоцна почнувајќи од една кинеска студија од март месец, дознавме дека вирусот можеби и во поголема мера се шири токму од оние кои се асимптоматски, секако пред сè поради нивната несвесност дека се носители.

Дополнително, една јапонска студија ни укажа дека вирусот може да се шири брзо и преку непроветрени затворени простории.

Eкспертите инфектолози сметаат дека не е за изненадувње што вирусот се пренесува и на асимптоматски начин. Тоа е една од ,,тактиките” на вирусот за полесно ширење. Според досегашните податоци, вирусот има т.н. репродуктивен број 4. Тоа значи дека секој заразен има потенцијал да зарази нови 4 луѓе. На тој начин бројот на заболени би требало да се дуплира за отприлика 6 денови. Сепак во некои делови од светот дуплирањето оди и многу побрзо. Тоа било аларм за инфектолозите.

Ваквата нова ситуација ги прави маските особено важни да ги носи секој! За разлика од пред некој месец, кога ти се сметаа повеќе за штетни, а и неопходни да се заштедат за медицинскиот персонал.

Значи, според новите податоци сите треба да се однесуваме како носители, имајќи предвид дека секој четврти позитивен е асимптоматски! Oва ги прави маските многу важни.

Што значи да се однесуваме како да сме заразени?

Прво, придржување на мерките кои ни беа познати и претходно:
одржување на личната хигиена (правилно миење на рацете со сапун и топла вода) и редовно дезинфицирање на фреквентните површини во домот со соодветни средства.

Второ, што поретко излегување од дома, само за неопходните причини. Задолжително носење на маски, па и ракавици во затворени простории каде што можат да се најдат повеќе луѓе и поретко се проветрува. Такви простори се супермаркетите и аптеките на пример, кои периодов се често посетувани. Групните собирања над 4 луѓе не доаѓаат во предвид. Научниците велат: ,,Што побрзо и поефикасно се самоизолираме, односно ги ограничиме нашите контакти со луѓето, тоа побрзо ќе му застанеме на патот на ширењето на вирусот.”

Маските стануваат стандард

Маските се препорачуваат, особено во затворени (но, веќе и на отворени) простори заради тоа што една јапонска студија укажува дека дури 80% од заразените лица не заразуваат други лица на директен начин (значи преку кивање и кашлање). Заразувањето, според студијата се случува најчесто во затворени простории кои ретко се проветруваат, а вирусот може да остане во воздухот и до некој час(исто така, според германска студија), пред да падне на одредена површина. Капките кои се наоѓаат во воздухот се т.н. микрокапки кој претходно се сметаше и дека не се толку опасни. Секако, заразувањето може да настане и при контакт со површини на кои има од корона вирусот (наталожено малку поголемо количество од секретните микрокапки), а потоа со допирање на лицето.

Трето, практикување на социјално дистанцирање од најмалку 1,5 метри. И ова е важно да го применуваме при неопходните излегувања. Социјалното дистанцирање ни создава еден вид на ,,бариера”.

Реалните бројки се многу поголеми

Дополнително, постои уште една причина зошто треба да се однесуваме како да сме носители на вирусот. Тоа е фактот што многу тешко можеме точно да го утврдиме бројот на заболени лица. Научниците од претходно споменатата кинеска студија велат дека бројот на реално заболени е 5, па можеби и 10 пати поголем од бројот на утврдените. Но што е поважно, тој сигурно не е помал од тоа. Само неколку земји во светот, како Германија и Јужна Кореа, на пример, прават помасновни скенирање на населението, па единствено таму можеме да сметаме дека бројот на потврдени заболени е близу до реалниот. Огромен број од реално заболените се со слаби или никакви симптоми, па полесно е да се самоизолираат, отколку да бидат пронајдени и да се тестираат.

Со однесувањето како веќе да сме носители на вирусот, ги заштитуваме нашите најблиските, целата средина, а што е најзначајно, ранливите категории на луѓе во нашата заедница.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор