fbpx

Совети и вежби за подобар тренинг при АСТМА

tonus

Астмата се смета за една од најчестите хронични заболувања кај децата. Таа навистина може да го отежни секојдневниот живот, а особено може да е проблематична кај луѓето кои сакаат да спортуваат и вежбаат. Но, со правилниот пристап и со практикување на соодветни вежби, луѓето со астма може да имаат редовен и лесен режим за физичка активност.

 

Што претставува астмата и кои се нејзините најчести симптоми?

 

Астмата претставува хронична состојба што може да се јави кај деца, но и кај возрасни. Таа се манифестира со стеснување на дишните патишта предизвикано од нивно воспаление. Најчестите симптоми на астмата се: кашлање, плитко дишење, отежнато дишење и чувство на затегање во градите. Ваквите симптоми се наизменични, односно најчесто се полоши за време на вечерните часови и при вежбањето. Покрај тоа, дополнителни околности кои може да ги влошат симптомите на астма се: настинка, прашина, чад, издувни гасови, метеоролошки промени, полен, животински влакна или пердуви, силни мириси и сл.

 

Ефектот на астмата врз секојдневниот живот

 

Астмата често се смета за состојба која ретко или закаснето се дијагностицира и која често несоодветно се третира. Ова е особено нагласено во помалку развиените држави. Луѓето кои имаат несоодветна терапија, а страдаат од астма, може да имаат низа на секојдневни проблеми и потешкотии. Тие може да имаат нарушен сон, ниско ниво на енергија, влошена концентрација и сл. Покрај тоа, астмата може да ја намали способноста за извршување на одредени физички активности, а особено може негативно да влијае врз навиките за вежбање.

"“Online”/

Како најчести фактори кои може да ја предизвикаат појавата на астма се:

  • Генетика и фамилијарна историја
  • Постоење на други алергии (како егзема или ринитис)
  • Живеење во урбанизирана средина
  • Одредени состојби во раните години од животот (ниска телесна тежина при раѓање, предвремено раѓање, изложеност кон чад од цигари, изложеност кон загаден воздух)
  • Прекумерната тежина ја зголемува шансата за појава на астма

 

Астмата и физичката активност

 

Физичката активност во одредени случаи може да ги влоши симптомите на астма и во тој случај станува збор за состојба која се нарекува астма предизвикана од вежбање или бронхоконстрикција предизвикана од вежбање. Ваквата состојба може да се јави дури и кај луѓе кои не страдаат од астма. Таа може навистина да ги предомисли и обесхрабри луѓето да практикуваат било каква физичка активност. Но, постојат одредени правила и вежби кои ќе им помогнат на луѓето со  ваквата состојба да имаат редовна рутина на вежбање. Дури се смета дека редовната активност може да допринесе кон подобро здравје на белите дробови и всушност да ги намали и подобри симптомите на астма. Клучот лежи во правење на правилни вежби, во правилни интервали и интензитет.

Со текот на времето, вежбањето може позитивно да влијае на:

  • Нашата кондиција
  • Намалување на воспалителните процеси во телото
  • Подобрување на капацитетот на белите дробови
  • Кардиоваскуларното здравје

 

Најдобрите вежби за луѓето со астма

 

 1 . Пливање

Пливањето се смета за една од најдобрите и најпрепорачливи вежби за луѓето кои страдаат од астма. За разлика од други типови физичка активност, тоа има помали шанси да ги влоши или „активира“ симптомите на астма. Се смета дека тоа е поради влажниот, топол воздух кој го вдишуваме при пливањето. Сепак, треба да се внимава доколку пливањето е во силно хлорирани базени, бидејќи тоа може да предизвика несакани ефекти.

 

2 . Пешачење

Пешачењето е активност која е со низок интензитет и како таква претставува одлична опција за луѓето со астма. Toa е нежно кон телото и дишните патишта и многу ретко може да предизвика проблеми и влошување на симптомите на астма. Најдобро и најпрепорачливо е прошетките да се надвор кога е малку е потопло. Сувиот, ладен воздух може да ги „активира“ симптомите. Исто така, избегнувајте пешачење во периодите кога има премногу полен и други честички кои може да ги иритираат дишните патишта и да ја влошат состојбата.

 

3 . Возење велосипед

Повременото возење на велосипед со лежерно темпо може да биде исто одличен начин за раздвижување. Како и пешачењето, возењето велосипед е мека и нежна вежба – кон телото, но и кон дишните патишта.

 

4 . Вежби со краток и „експлозивен“ интензитет

Доколку го сакате трчањето, најдобро можеби е тоа да биде во спринтови, односно трчање на кратки растојанија, но со забрзано темпо. Трчањето со умерено темпо на подолги патеки може да не е најдобра идеја за луѓето со астма, бидејќи истото трае подолго и бара константен напор.

Покрај трчањето, слични активности кои може да се практикуваат се: гимнастички вежби, одбојка, фудбал или било каков спорт што нема да не изложи на долг и константен напор.

 

Покрај набројаните вежби, некои останати корисни совети за луѓето со астма кои сакаат да вежбаат се:

 

  • Користете инхалатор пред вежбањето
  • Загрејте се пред вежбањето и истегнете се на крајот од истото
  • Кога е надвор ладно, користете марама или шал за да ги покриете носот и устата
  • Внимавајте при изложувањето на полен или загаден воздух
  • Избегнувајте спортови со континуиран напор
  • Правете паузи кога и да ви е потребно

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор