fbpx

Летни полнети протеински бабури

tonus

На 30 степени сите сакаме храна што е ,,полесна”, па всушност овој период од годината е одличен за создавање на поцврсти навики за јадење здрава храна – пошарена храна, без маснотии, свежи продукти (овошки и зеленчуци) богати со повеќе вода и со помалку калории.

[Поврзано: За храната – белото е црно, а разнобојното е живот]

Затоа денес ви предложуваме еден интересен, поинаков рецепт за инаку популарните ,,полнети пиперки”.

"“Online”/

 

Летни полнети бабури во ѕаѕики сос

 

5 причини (од многуте) зошто овој оброк е особено здрав и погоден за летниот период:

 

  1. Содржи особено ниско ниво на маснотии и не подразбира никакво пржење.

  2. Претставува извонреден извор на протеини и растителни влакна, што помеѓудругото особено помага при процесот на слабеење.

  3. Претставува извор на различни нутриенти (види подетално најдолу во нутритивната табела), но и на најразлични фитохемикалии со анти-инфламаторни карарактеристики.

  4. Одличен оброк за здраво срце и дигестивен тракт.

  5. Одличен оброк за слабокрвните лица и оние што имаат проблем со дијабетични нарушувања.

 

[Поврзано: Сите сме слушнале дека пржењето е најлош начин на готвење, но зошто е тоа така?]

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Најпрво се подготвува филот за полнење на пиперките: се варат леќата, просото во вода заедно со претходно измелените лук и кромид во процесор за готвење. Просото и леќата треба да бидат нецелосно сварени, односно нешто потврди. Ситно исецканите шампињони се запечуваат околу 5 минути на силна температура, без масло за готвење. На крајот во филот се додаваат и ситно издробените ореви и се посипува со соја сос, по желба.
  2. Рерната се поставува да се загрее на 250 степени. 6 средни црвени бабури се полнат со еднакво количество од претходно подготвената смеса.
  3. Големите домати се рендаат или процесираат во процесор за храна, а потоа се истураат врз пиперките.
  4. Пиперките се ставаат на печење на 250 степени, 30 минути, затворени со фолија за готвење.
  5. Потоа, фолијата се вади и пиперките се печат уште околу дополнителни 5 до 8 минути.
  6. Подгответе го ѕаѕики сосот: Изрендајте една краставица, посолете ја и обидете се што подобро да ја исушите, користејќи цедалка и целулозна хартија. Во чинијата со краставичките додадете малку ситно изрендан лук. Во длабока чинија ставете 2 чаши кисело млеко и додајте ја краставицата. Зачинете со малку магдонос, копар и оригано. Додајте малку сок од цеден лимон или лиме (можете по вкус да додадете и 1-2 мали лажички вински оцет, ако сакате покисела храна). Сосот чувајте го во фрижидер во текот на ноќта.
  7. Служете ги полнетите пиперки со цацики сосот.
  • Овој рецепт прави 4 оброци.

 

Нутритивна вредност:


(на еден оброк, без ѕаѕики сосот)

Калории: 540 Јаглехидрати: 89g од кои растителни влакна: 16g и шеќери: 13g;  Протеини: 25g; Масти: 12g од кои заситени масти: 1,5g и омега-3: 1,5g; Витамин A: 6000IU; Витамин Б1: 0,8; Витамин Б2: 0,7mg; Витамин Б5: 2,5 mg; Витамин Б6: 1,3mg; Витамин Б9: 250µg; Витамин Ц: 250mg (пред печењето); Витамин K: 20µg; Витамин Е: 3,5mg; Бакар: 1.5mg; Фосфор: 500mg; Селен: 10µg; Железо: 7,5mg; Магнезиум: 150mg; Манган: 2,5mg; Цинк: 4,3mg; Калиум: 1400mg; Калциум: 100mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор