fbpx

Бакалар – посна и ниско калорична риба која е богата со протеини

tonus

Во медитеранската исхрана рибата има клучна позиција и се практикува и охрабрува нејзината редовна употреба. Општо гледано, без разлика дали се работи за слатководна или морска риба, нејзиното месо е одличен извор на незаситени масни киселини (првенстевно на исклучително здравите омега-3), на разни минерали, витамини, како и на комплетни протеини – протеини кои ги содржат сите 9 есенцијални амино киселини. Ваквиот состав го прави рибиното месо одличен избор за разни оброци. Денес, ќе го погледнеме нутритивниот профил на една морска риба која често се наоѓа и на нашите трпези, а редовно се среќава и во маркетите како замрзната. Станува збор за бакаларот, една од најчесто користените риби на Медитеранот.

 

Нутритивен профил

 

Бакаларот се смета за риба која е богата со протеини, Б витамини и минерали. За разлика од некои други типови на морски риби, околу нутритивноста на бакаларот постои одредена стигма и несигурност. Тој има меко, бело месо со умерен и пријатен вкус. Постојат Атлантски, Пацифички и Гренландски типови на бакалар. Нутритивните информации кои ќе следат во продолжение се однесуваат на Атлантскиот и Пацифичкиот бакалар.

На 100g, месото од бакалар содржи:

"“Online”/
  • 82 калории
  • Околу 1g масти (само 0,1g заситени масти)
  • 18g протеини
  • 0g јаглехидрати

Дополнително, се содржат и минералите фосфор и селен, како и одлични количини на витаминот Б12, Б6 и Б3.

 

Одличен извор на нутриенти, а релативно малку калории

 

Очигледно е дека месото на бакаларот е ниско калорично, во споредба со некои други типови на меса. Филет од бакалар кој тежи 300g би дал само околу 250 калории, а дури 55g протеин и само 3g масти (најголем дел незаситени). Ваквиот импресивен состав го прави Атлантскиот бакалар навистина нутритивно густа храна. Покрај макронутритивниот состав, во ова месо се содржат одлични количества на витаминот Б12, Б6 и Б3. Овие витамини се клучни во формирањето на нови црвени крвни зрнца, но и при низа други процеси во организмот.  Присутните минерали, првенствено фосфорот и селенот, покрај другото, се важни за здравјето на коските, како и за правилната апсорпција на Б витамините.

 

Можни здравствени придобивки

 

Бидејќи месото на бакаларот има релативно малку калории, а има и пријатен и неутрален вкус, тоа може често да се најде во вашите рецепти. Истото може да даде повеќе здравствени придобивки, имено:

 

1 . Има помалку жива во својот состав

 

Постои голема загриженост околу внесот на живата преку рибиното месо. Рибите кои живеат во загадени води, може да го имаат акумулирано овој токсичен метал во своето месо. Јадењето на вакво месо може да предизвика бројни здравствени проблеми. Се смета дека најголеми концентрации на жива се застапени кај риби кои имаат подолг животен век и кои се наоѓаат високо на ланецот на исхрана. Од често консумираните се смета дека туната како и други типови на риба, имаат поголеми нивоа на жива во нивното месо.

Бакаларот се смета за риба која има помалку жива во своето месо.

 

 

2 . Може да е добро за здравјето на срцето и за регулација на телесната тежина

 

Рибиното месо се смета за одлична храна која допринесува за поздраво срце и мозок. Тоа се должи на присутните незаситени, здрави масти кои во својот состав содржат омега-3 масни киселини. Сепак, месото на бакаларот содржи помалку од ваквите здрави масти, споредено со други помасни риби, пример лососот. Но, бакаларот е пониско калоричен и има одлично количество на квалитетни, комплетни протеини. Тоа содржи бројни корисни нутриенти и поради помалиот број на калории, може да биде одличен избор за луѓето кои сакаат да ја регулираат својата телесна тежина.

 

3 . Може да помогне при покачен холестерол и крвен притисок

 

Иако во помали количини, месото од бакалар сепак содржи омега-3 масни киселини кои се докажани како ефективни при намалување на нивото на триглицериди и покачениот „лош“ LDL холестерол. Некои истражувања покажуваат дека редовното јадење на риба може да допринесе кон намален ризик и смрт од срцеви заболувања.

 

Како да го подготвиме и лесно вклопиме во нашата исхрана?

 

Бакаларот е риба со неутрален, пријатен вкус. Таа е одличен извор на комплетни протеини, па може да се употребува и од луѓето кои имаат поактивен живот и кои редовно вежбаат. Бакаларот може да се подготви на повеќе начини: печење, печење на скара, динстање, динстање под пареа и сл. Внимавајте доволно да го испечете месото, но сепак не дозволувајте тоа да се исуши и да стане тврдо и жилаво. Може да се динста и во некоја течност како бело вино. Препорачливо е подготвување со пареа, со цел да се избегне пресушувањето. Едноставно, парчето бакалар превиткајте го со алуминиумска фолија и ставете го во рерна. Оди одлично со лимон, маслиново масло, сол и бибер и лук. Може да се комбинира со разни прилози како ориз, компир, свежа салата и сл.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор