Голема е веројатноста досега да немате чуено за мешункастото растение наречено бакла (vicia faba).
Сепак, не станува збор за уште една ,,тренди”, егзотична билка, туку за мешунка која била навистина присутна на нашите простори со векови, но во поново време неоправдано е подзаборавена. Интересно е да се спомене дека на пример гравот кај нас е донесен од Америка, а баклата ни е локална – постојат докази дека се користи над 6000 години во регионот на источниот Медитеран. Зборот бакла има турско потекло.
Денес баклата можеме да ја сретнеме во гостиварските и радовишките села и најчесто е поврзана со специјалитетите подготвени од локалното турско население.
Баклата се бере во периодот мај-јуни. Најлесно може да ја опишеме како нешто помеѓу грав и грашок, се користи зелена. Начинот на подготовка е сличен како и за сите останати мешунки.
Во продолжение, многу повеќе за оваа извонредна билка и за нејзините бенефити по здравјето на човекот.
[Поврзано: ГРАШОК – Богат со ПРОТЕИНИ, извонреден за слабеење!]
Извонредна хранлива вредност!
Како и повеќето мешунки, така и баклата изобилува со протеини и тоа со висок квалитет (бројни аминокиселински блокови). Покрај тоа, таа содржи и значително количество растителни влакна, витамин К, цинк, бакар итн.
Баклата претставува извонреден извор и на фолна киселина – многу важно за правилно функционирање на енергетскиот метаболизам, правилна работа на нервниот систем и за здрави еритроцити (црвени крвни клетки). Фолната киселина е посебно важна за бремените жени.
[Поврзано: Важни причини зошто почесто треба да јадете наут]
Во една чаша сварена бакла (или нешто помалку од 200g), се содржат:
- Околу 200 калории
- 40g јаглехидрати
- 17g протеини
- 1g масти
- 11g растителни влакна
- 1mg манган
- 0,5mg бакар
- 3mg железо
- 250mg фосфор
- 100mg магнезиум
- 500mg калиум
- 0,2mg тиамин
- 2mg цинк
- 0,5mg рибофлавин
- 5,5mcg витамин К
- 1,4mg ниацин
- 100mg калциум
- 5mcg селен
7 главни придобивки од баклата:
1. Одличен избор за слабеење
Како и повеќето мешунки, така и баклата поседува нутритивен состав кој гарантира помош при слабеењето: нутритивно сконцентрирана храна. Станува збор за намирници богати со протеини, растителни влакна и микронутриенти, а од друга страна не толку богати со енергетска вредност или калории.
Исхраната богата со овие компоненти придонесува за продолжено чувство на ситост и за стабилен шеќер – успешна контрола на гладта.
2. Може да помогне при анемија
Едно истражување со 200 млади жени како волонтерки, покажува дека недоволниот внес на железо преку исхраната за шест пати го зголемува ризикот од анемија.
Така редовното јадење мешункасти плодови, како што е баклата, може силно да допринесе во превенцијата од различните типови анемии.
Дополнително, баклата содржи и витамин Ц, витамин кој ја подобрува апсорпцијата на железото во крвта.
[Поврзано: Кои се најдобрите извори на железо во исхраната?]
3. Намалување на холестеролот
Голем дел од растителните влакна со кои е богата оваа билка се растворливи. Тоа значи дека би можеле значително да допринесат во намалувањето на холестеролот во крвта.
[Поврзано: Липиден профил или народски кажано МАСНОТИИ во крвта]
Водо-растворливите растителни влакна во стомакот формираат гел заедно со присутната вода, а исто така можат да го ,,врзат” и присутниот холестерол. Ова води до продолжено чувство на ситост и до помалку холестерол во крвотокот. На оваа тема постојат бројни студии, а повеќе прочитајте тука: Фиброгел за метаболен синдром
4. Може да помогне при Паркинсонова болест
Баклата е богата со леводопа (L-dopa), компонента што во нашето тело се конвертира до невротрансмитерот допамин.
Паркинсоновата болест предизвикува смрт на допамин-продуцирачките мозочни клетки, водејќи до тремори, проблеми со моторната функција и тешкотии при движењето. Симптомите вообичаено се третираат со медикаменти што ја содржат токму споменатата компонента. Иако се потребни повеќе студии, веќе постојат такви што укажуваат дека јадењето бакла може да биде корисно за лицата со Паркиносонова болест.
[Поврзано: Уште една причина за кафе- превенција од Паркинсонова болест]
5. Може да помогне во регулирањето на крвниот притисок
Одредени компоненти со кои се богати бакла мешунките, како магнезиум и калиум, можат значително да помогнат за подобро кардиоваскуларно здравје.
Споменатите минерали допринесуваат за релаксирање на крвните садови и превенираат висок крвен притисок.
6. Потентен антиоксидативен извор
Антиоксидативните компоненти се особено важни за имуниот одговор на нашиот организам и за превенција од процесите на хронично воспаление. Овие инфлматорни процеси се во самата основа на бројни хронични заболувања.
[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО ВОСПАЛЕНИЕ!]
Баклата е богата со антиоксидативни материи, кои на пример онакви што можат да го засилат ефектот на еден од најмоќните антиоксиданти на телото – глутатионот.
7. Подобро здравје на коските
Истражувањата покажуваат дека минералите како манган и бакар, се исклучително значајни за здравјето на коските. Мешунките, како и баклата се одличен извор на овие минерали. Дополнително, бакарот, во комбинација со калциум и цинк (случај кај баклата), превенира од губење на коскеното ткиво кај повозрасните жени.