fbpx

Киноа ,,сутлијаш”! Како до идеално БАЛАНСИРАНА вечера?

tonus

Брзиот начин на живеење нè води кон брзи одлуки и во однос на исхраната. Брзањето пак, најчесто ни носи избор на нездрава храна и тоа во поголеми количества. Ова особено доаѓа до израз во вечерните часови кога ниту имаме време за готвење, ниту пак сме способни рационално да размислуваме поради сиот насобран замор и стрес од зафатениот ден.

[Поврзано: Зошто оброците доцна навечер НЕПОВОЛНО влијаат на телесната тежина?]

Во овој контекст идеите за балансирани оброци, особено за вечера, ни се од голема важност. 

"“Online”/

[Поврзано: 3 интересни идеи за ЗДРАВА ВЕЧЕРА!]

Каква треба да ни биде вечерата?

Прво, вечерањето е добро да биде што е можно порано во текот на ноќта. Зошто е ова случај, подетално прочитајте тука.

Вечерата треба да биде хранлива, но не високо-калорична и помала во својот обем. Добро е да избереме храна богата со растителни влакна и протеини. Ваквата храна ќе ни обезбеди позабрзано и потоа продолжено чувство на ситост. На тој начин ќе ја избегнеме честата потреба од грицки и слатки доцна во ноќта.

[Поврзано: 5 едноставни совети за справување на силните потреби за грицки и благо подоцна во ноќта!]

Киноа ,,сутлијаш” со просо и млеко

Киноа сутлијашот е извонредно здрав и балансиран оброк, особено погоден за вечера. Зошто?

Претставува исклучително богат извор на витамини и минерали, потоа на квалитетни протеини (составени од сите есенцијални аминокиселини), потоа извор на растителни влакна или фибер, сложени јаглехидрати и здрави масни киселини (погледнете нутритивна табела најдолу за подетални информации).

Сето ова го прави овој алтернативен сутлијаш извонреден за слабеење, за одржување на телесната тежина или пак правилен избор за лицата што се соочуваат со некакво дијабетично нарушување..

[Поврзано: Телесна тежина и дијабет – Која е поврзаноста и зошто СЛАБЕЕЊЕТО е толку важно?]

За овој рецепт, потребно ќе ви биде:

Начин на подготовка:

  1. Најпрво загрејте 3-4 чаши вода до зовривање. Додајте ги семињата заедно со просото (и супата, ако користите) и намалете ја темепратурата. Варете до 10 минути.

  2. Откако ќе поминат околу 10 минути, исцедете ја водата и додајте од млекото. Потоа, варете уште 5 минути.

  3. Сварената смеса послужете ја со некаков засладувач ако сакате благ оброк. На крајот, додајте ги оревите и промешајте.

 

  • Овој оброк прави околу 3 порции.

Нутритивна вредност:
(на една порција, без додатоци)

Калории: 400 Јаглехидрати: 45g од кои растителни влакна: 11g и шеќери: 7g;  Протеини: 15g; Масти: 14g од кои заситени масти: 3g и омега-3: 3,3g; Витамин Б1: 0,3mg; Витамин Б2: 0,4mg; Витамин Б6: 0,6mg; Витамин Б9: 120µg;Витамин К: 100mcg; Железо: 5,1mg; Магнезиум: 200mg; Манган: 1,8mg; Цинк: 3mg; Калиум: 400mg; Калциум: 220mg; Фосфор: 500mg; Бакар: 0,7mg; Селен: 16mcg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор