fbpx

Искористете ја додека ја има – рецепти со бамја

tonus

Првата половина од месецот август помина, а тоа значи дека веќе е започната сезоната на бамјата. Ботанички гледно, бамјата претставува овошка, но во рецептите најчесто се приготвува како зеленчук. Уникатната конзистенција и вкус овозможуваат широка примена на оваа билка низ кујните ширум светот. Како еден пример, во традиционалната македонска кујна, бамјата е најпозната по нејзиното користење во специјалитетот турлитава.

Таа претставува едногодишно, цветно растение на кое му е неопходно топло време за успешен раст, па затоа најчесто се одгледува во топлите краишта, но и во нашата држава.

Искористете го периодот кога таа е најприсутна на нашите пазари, бидејќи навистина бамјата е исклучително здрава.

"“Online”/

 

Нутритивен профил

 

Бамјата е одличен извор на нутриенти и спаѓа во т.н густо-нутритивна храна – содржи многу нутриенти, а сепак е ниско калорична.

 

Во 100g бамја се содржат:

  • 33 калории
  • 7,5g јахлехидрати (од кои дури 3,2g растителни влакна)
  • 2g протеини
  • минимално количество масти – 0,2g

 

Покрај тоа, во бамјата се содржат низа на витамини и минерали, првенствено: витаминот К, витаминот Ц, Б6, А, Б9, како и магнезиумот.

Значи, бамјата е пред сé добар извор на витамините Ц и К, но и на магнезиум и витамин А. Тоа би значело дека тие се добри за имуниот систем и здравјето на коските(витамин К и Ц), дека се погодна храна за дијабетичари и слабеење(густо-нутритивна храна, богата со растителни влакна), за бремени жени(витамин Б9) и храна добра за одржување на здравиот вид(витамин А).

 

Во продолжение издвојуваме два одлични, вкусни и лесни зеленчукови рецепти со бамја.

 

Бамја подготвена на медитерански начин

 

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 35 минути и истиот е доволен за околу 4 порции.

 

Потребни состојки:

  • Малку маслиново масло
  • 1 главица исецкан кромид
  • 3-4 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 лута зелена пиперка, ситно исецкана
  • Околу 400-500g бамја
  • Малку сол, бибер, коријандер и мелен црвен пипер
  • 2 домати, испасирани
  • 1 домат, исецкан на кругови
  • 150ml вода
  • Сок од половина лимон

 

Начин на подготовка:

  1. На поголемо, подлабоко тавче (по можност да имате и капак за истото) ставете да се загрее малку маслиново масло, а потоа додадете ги кромидот, лукот и лутата пиперка. Динстајте околу 4-5 минути, а потоа додадете ја бамјата и продолжете со динстање уште дополнителни 5-7 минути.
  2. Зачинете по желба. Потоа додадете ги пасираните домати и  водата. Промешајте. Наредете ги круговите од домати на врвот, поклопете со капакот (не целосно) и оставете да се динста на пониска температура околу 20-25 минути. На крајот додадете го сокот од лимон.
  3. Послужете врз кафеав ориз или со топли, интегрални парчиња леб.

 

Вкусна бамја со пилешко месо

 

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 40 минути и истиот е доволен за 4-5 порции.

 

Потребни состојки:

  • Околу 400-500g пилешки гради
  • Малку маслиново масло
  • 1 главица кромид, ситно исецкана
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 зелена лута пиперка (доколку не сте фан на лутото, може и блага)
  • Малку сол, црн бибер, мелен црвен пипер и оригано или магдонос
  • 2 големи домати, исецкани
  • 1 конзерва пченка
  • Околу 500g бамја, исецкана
  • 400ml пилешки бујон или вода

 

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо исецкајте го на ситни коцкички. Во тавче со загреано маслиново масло, додадете го пилешкото месо и динстајте го околу 5-6 минути. Оставете го на страна, додека го подготвувате зеленчукот.
  2. Во тавче, ставете ги кормидот, лукот, лутата пиперка и зачините. Додадете малку масло и динстајте го зеленчукот неколку минути. Кога истиот малку ќе омекне, додадете ги доматите, пченката и пилешките парченца и гответе дополнителни 5-7 минути.
  3. Потоа додадете ја и бамјата, а потоа и пилешкиот бујон или водата. Гответе дополнителни 5-10 минути или додека не ја добиете посакуваната текстура.
  4. Послужете со зготвен ориз и декорирајте со малку магдонос.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор