fbpx

Оперативни зафати за СЛАБЕЕЊЕ – Кога се опција, а кога ОПАСНОСТ?

tonus

Гојазноста во светски рамки веќе од поодамна зазема пандемиски размери. За жал, овој проблем не е само естетски туку пред се’ здравствен. Така, во јавноста постојано кружат нови диети, ,,магични” напитоци, намирници и слични продукти за слабеење.

[Поврзано: Диетите се проблем, а не решение! Зошто?]

Во последно време луѓето се се’ позаинтересирани и за баријатриските интервенции со цел побрзо и поефикасно слабеење.

"“Online”/

Во човековата природа е да се бараат брзи решенија. Пократкиот пат е секогаш посимпатичен. Но кога станува збор за слабеењето, не постојат брзи решенија.

Баријатриските интервенции исто така не се брзо решение! Тие се применуваат исклучиво за лицата со сериозно зголемена телесна тежина и тоа кај оние помеѓу нив што веќе се обиделе со “се’” што им стои на располагање.

Во продолжение повеќе на оваа тема – што претставуваат баријатриските зафати, какви се’ типови постојат и кои се нивите ризици, односно кои се опасностите?

Што претставуваат баријатриските зафати?

Современите баријатриски зафати се лапароскопски, минимално инвазивни, со неколку центиметарски резови на кожата. Изборот на самата баријатриска метода зависи од степенот на гојазноста, годините, општата состојба на пациентот, но и неговата желба.

Хируршките процедури кои спаѓаат во доменот на баријатриската хирургија опфаќаат:

  • поставување на прилагодлива желудочна трака,
  • sleeve ресекција на желудникот и
  • гастритичен бајпас (повремено се применува и процедура на исклучување на дванаесетпалечното црево).

Подготовката за операцијата опфаќа посебен начин на исхрана и преоперативна припрема (ултразвучен преглед на абдоменот, езофагогастродуоденоскопија, лабораториски прегледи, прегледи кај ендокринолог, кардиолог и анестезиолог).

Прилагодување на желудочниот обем

Баријатриската операција наречена прилагодување на желудочниот обем, претставува или подразбира поставување на специјална гастритична трака околу желудникот, трака што го дели на два дела. Храната доаѓа во помалиот дел (џеб) на желудникот и создава ситост многу побрзо од вообичаено.

Самата метода нема посебен ризик од оперативни и постоперативни компликации. Пациентите остануваат во болнички услови само ден по операцијата, а потоа започнува нормалниот внес на храна, без намалена ресорпција и проблеми со варењето. По одреден период, исто така по хируршки пат се траката се отстранува што претставува недостаток на процедурата.

[Поврзано: Киселини – Што можеме да направиме самите за да си помогнеме?]

Гастритичен бајпас

Овој оперативен зафат овозможува пренасочување на храната, односно почетокот на желудникот се спојува со тенкото црево. Поголемиот дел од желудникот, дванаесетпалечното црево и почетниот дел од тенкото црево се исклучуваат од патот на храната низ гастроинтестиналниот тракт, но не се отстрануваат, односно остануваат во абдоменот. Малиот дел од желудникот кој останува има облик на џепче и поседува зачувана функција за варење на храната.

Овој пристап го оневозможува поголемиот внес на храната и ја намалува нејзината апсорпција. Операцијата е погодна за долготрајно губење на килограмите кај лицата што страдаат од ,,морбидна” гојзаност. Поради намалената апсорпција, пациентите понатаму мораат да внесуваат микронутриенти, како витамини и минерали.

Sleeve ресекција на желудникот

Најчесто применуваната баријатриска метода која подразбира отстранување на 60-80% од желудникот, што не се одразува на неговото функционирање и физиолошката функција. Текот на храната во дванаесетпалечното црево останува непроменет. Со намалувањето на обемот на желудникот се оневозможува големиот внес на храната.

По баријатриската операција пациентите се враќаат на секојдневните активности по 7 до 10 денови. По сите процедури се препорачува хиперпротеинска исхрана 1-2 недели по операцијата, по што се враќа нормалната исхрана.

Каде честопати се јавуваат проблемите?

За најчестиот проблем веќе почнавме да зборуваме на почетокот – брзањето.

Носењето одлука за баријатриска интервенција пред претходно да се обидеме природно (на секој можен начин) да ги намалиме килограмите е грешка.

Дополнително, грешка правиме и доколку добро психолошки не се подготвиме пред самиот зафат и не ги сфатиме сите негови аспекти. Психолошката подготовка тука е пресудна.

Искуствата покажуваат дека огромен дел од пациентите кои направиле баријатриска интервенција, подоцна бараат дополнителна стручна помош во однос на исхраната и психолошка поддршка. Тоа е заради психолошката неподготвеност пред оперативниот зафат во однос на што е тоа што не’ очекува потоа.

Ако некој мисли дека може да ја направи операцијата за слабеење и потоа со исхраната да ,,тера по старо”, сосема се лаже. Искуствата покажуваат дека голем дел од пациентите по баријатриските зафати, со години повраќаат. Тоа се случува бидејќи сакаат да јадат колку што јаделе и претходно, но веќе го нема тој простор во желудникот.

Оваа ситуација повлекува низа медицински проблеми и не е воопшто наивна. На пример Баретов езофагус (хранопровод) – еден чекор до малигни промени на хранопроводот.

Други потенцијални ризици:

(од самиот оперативен зафат)

  • Обемни крварења
  • Инфекции
  • Згрутчувања на крвта
  • Проблеми со белите дробови и гастроинтестиналниот тракт

(подолгорочни потенцијални последици)

Потребно е исполнување на одредени предуслови за да можете да се ,,квалификувате” за баријатриски зафат

Во развиените земји не секој со сериозно зголемена телесна тежина може да се оперира со ваква интервенција. Потребно е минување на одредени прашалници и следења. Интензивните следења продолжуваат и долг период по самата операција.

Инаку, овие интервенции се исто така и доста скапи.

Значи, баријатриските се добра опција само во исклучителни ситуации, кога пациентот има екстремно зголемен медицински ризик заради телесната тежина и мора што е можно побрзо да се реагира. Тие во никој случај не се брзи решенија. Влегувањето во овој процес е исто така долг пат кој подразбира лајфстајл промени.

[Поврзано: Кои се основните принципи на ПРОЦЕСОТ наречен ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ?]

 

 

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор