fbpx

Првиот и најлесниот чекор во слабеењето – јадете ПОБАВНО!

tonus

Во модерното живеење времето станува луксуз. Поради брзиот начин на живот, многу често луѓето јадат додека пешачат, возат, додека зборуваат или ,,скролаат” на телефонот итн. Ваквите брзи оброци не му оставаат простор на телото да го ,,препознае” заситувањето, па прејадувањата се чести.

Зошто е ова случај?

Кога мозокот е преокупиран со илјадници други мисли, ,,доцни” во процесирањето дека сте се заситиле.

"“Online”/

Дополнително, многу ретко сме фокусирани на самиот оброк, често имаме дистракции од најразличен вид, па неретко се губи контрола на изедените количини храна.


Треба да јадеме внимателно и ,,свесно”

Кога велиме свесно јадење, се мисли на јадење со внимание и интенција (намера, насоченост). Јадењето со интенција за грижа кон себеси и јадењето со внимание кога се заситуваме, но и уживањето во храната е навистина значаен дел од она што се подразбира под здрава исхрана.

Со свесното и внимателно јадење, не само што ќе си помогнете за подобро здравје и поефикасна дигестија, туку исто така и ќе:

◦ научите на уживате во вкусовите на храната.

сфатите дека нездравата храна и не е толку вкусна како што претходно ви делувало и дека ви прави непријатно чувство по јадењето.

забележите кои продукти на лош начин делуваат врз вашето расположение и енергетско ниво, а можеби и онакви кои ви делуваат позитивно.

ја намалите телесната тежина – ќе се заситувате побрзо.

Сето ова звучи одлично, но како да се усвои ваков внимателен и свесен начин на јадење? Како да се започне?

Во продолжение, неколку совети околу ова.

1) Бидете фокусирани на оброкот


Додека јадете, не мислете на други работи, не гледајте телевизија, не го чепкајте телефонот и не бидете пред компјутер.

Една студија која се занимавала со оваа тема, утврдила дека за разлика од фокусираните на јадењето, оние со некаква дистракција имале многу поголема желба за довршување на оброкот или празнење на чинијата до крај. Поради ваквите резултати, а и искуствено, експертите велат дека ризикот од прејадување е поголем ако имаме некакви дистракции.

Затоа, додека јадете, фокусирајте се на чинијата и заборавете барем за момент на обврските и електронските уреди. Научете да уживате во храната и ќе јадете помалку, а ќе бидете посити.

2) Немојте да брзате

Дозволете си барем 15тина минути за оброците. Тоа ќе ви овозможи фокус, за што претходно зборувавме, но и повеќе време за уживање во вкусовите и што е доста важно, повеќе време за соџвакување.

3) Не се прејадувајте, но немојте да јадете ниту до целосно заситување

Научете да го цените чувството на задоволство од храната, без да бидете целосно заситени. За подобро да доловиме, заситете се 70- 80%, а не 100% или повеќе. Целосно сте заситени ако чувстувате потреба да легнете по оброкот.

Не морате да ја испразните чинијата до крај. Можете да оставите дел и за подоцна.


4) Внимавајте како и колку сервирате

Доколку ви е тешко да го применувате споменатото од претходната точка, добра стратегија е количински да ги ограничите сервирањата. Храната освен хранлив треба да има и комплетен хедонистички ефект. Тоа не подразбира само пријатен вкус, важни се и добриот мирис и изглед на храната во чинијата.


5) Следете го телото


Секогаш додека јадете бидете релаксирани и правилно дишете. Тоа помага со фокусирањето и присутноста, но овозможува и подобро чувствување на вкусовите и свесност за тоа кога сме заситени.

Дополнително, релаксирање по оброкот, ни помага да сфатиме која храна ни дава пријатно, убаво чувство и нé прави поенергични.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор