fbpx

ИНТЕГРАЛЕН наспроти БЕЛ ОРИЗ – Која е разликата?

tonus

Оризот е многу значаен дел од исхраната на многу луѓе ширум светот. Постојат разни негови видови и различни начини на употреба, па во зависност од нив можат да варираат вкусот и хранливоста.

Главните два типа на ориз во светот, па и кај нас се: интегралниот и белиот ориз. Двете намирници потекнуваат од истото зрно, но белиот ориз минува низ повеќе степени на рафинирање и процесирање. Интегралниот ориз може да се смета за полнозрнеста храна.

Во продолжение, дали постои разлика во однос на хранливоста помеѓу нив, кој е подобро да го изберете во одредени ситуации и можните ризици во однос на двата продукта.

"“Online”/

Хранлива вредност

Нутритивната вредност на белиот ориз (186g) е следна:

• 242kcal
• 4,5g протеин
• 0,4g масти
• 53g јаглехидрати
• 0,5g растителни влакна

Белиот ориз содржи и неколку витамини и минерали. Постои и т.н. збогатен бел ориз кој има додадени дополнителни хранливи компоненти, како витамини и минерали.

Од друга страна, нутритивната интегралниот ориз (200g) е:

• 245kcal
• 5,5g протеини
• 1,9g масти
• 51,7g јаглехидрати
• 3,2g растителни влакна

Дополнително, содржи фолна киселина, железо и низа други витамини и минерали.

Споредба на хранливоста

Во продолжение табела со микронутритивна споредба помеѓу белиот и интегралниот ориз, како и дневно препорачан внес на дадените нутриенти (варира во однос на пол, возраст и некои состојби):

нутриентБел ориз (збогатен)Интегрален оризПрепорачан дневен внес
Железо (mg)2.81.18-18
Тиамин (Б1) (mg)0.30.41.1-1.2
Ниацин (Б3) (mg)3.45.214-16
Витамин Б6 (mg)0.10.31.3
Витамин Б9 (mcg)10818.2400 (дополнителни потреби при бременост)
Фосфор (mcg)68.8208700
Магнезиум (mg)24.278.8310-420
Цинк (mg)0.81.48-11
Селен (mcg)1411.755
Бакар (mg)0.10.2900
         Манган (mg)0.721.8-2.3

Всушност, белиот ориз е интегрален со отстранети никулец и лушпа. Овие две компоненти содржат многу значајни хранливи материи. Како резултат на тоа отстранување, белиот ориз има недостаток од антиоксиданти, Б витамини, минерали, масти, растителни влакна, па и протеини.

Затоа, многу често производителите на белиот ориз вршат негово збогатување, односно додаваат најчесто Б витамини, Б1, Б3 и Б9, но и железо.

Како што можете да забележите од табелата, интегралниот ориз има повеќе витамини и минерали (освен додадените железо и Б9 кај белиот) во однос на белиот ориз.

За луѓето со целијакија важно е да се спомене дека ова е сосема погодна храна за нив, имајќи предвид дека ниту интегралниот, а ниту белиот ориз не содржат глутен.

Кој е подобар?

Во некои случаи, еден од дискутираните типови ориз може да биде подобар од другиот или обратно, во зависност од човекот и одредената состојба во која се наоѓа.


Бубрежни заболувања

Интегралниот ориз содржи повеќе фосфор и калиум од белиот. Луѓето со бубрежни заболувања е можно да треба да ја ограничат храната која ги содржи овие нутриенти.

Ова е случај заради тоа што кај нив бубрезите се помалку способни за регулација на нивоата на минералите во телото. Ако нивото на калиум стане превисоко, на пример, тоа може да води кон други здравствени состојби како срцев удар.

Значи, при бубрежни заболувања, подобар избор е белиот ориз.

Исхрана со намален внес на растителни влакна

При некои состојби како на пример дијареа, дивертикулитис, постоперативни состојби и некои други цревни заболувања, докторот може да препорача исхрана со минимален внес на растителни влакна.

Познато е дека интегралниот ориз е полнозрнеста храна, па следствено на тоа има значително поголема количина на влакна од белиот ориз. Значи и во овој случај белиот ориз е подобар избор.

Исхрана со препорачан поголем внес на растителни влакна

Овде, според претходно кажаното, подобар избор ќе биде интегралниот ориз. Имајќи предвид дека кај огромен дел од луѓето има недостаток од овие компоненти во исхраната, освен ако ги немате претходните состојби, растителните влакна и интегралниот ориз треба да ви бидат избор пред белиот ориз.

Дополнително, Американската асоцијација за здравје на срцето, укажува дека полнозрнастата храна, односно нерафинираната храна богата со растителни влакна, како што е интегралниот ориз, може да го намали ризикот од низа на заболувања и состојби како:

° хипертензија
° срцев удар
° дијабетес тип 2
° запек
° кардиоваскуларни заболувања
° повишен холестерол
° гојазност

  • Зголемен ризик од гојазност

    Оризот е скробна храна, односно храна со висок процент на јаглехидрати. Луѓето кои јадат ваква храна и не се физички активни, можно е да ја зголемат телената тежина со текот на времето.

Една јапонска студија за испитаници имала 437 фабрички работници. Оние кои јаделе доста бел ориз, во текот на една година ја зголемиле својата телесна тежина, во однос на оние кои јаделе помалку. Оние кои јаделе интегрален ориз, исто така ја одржале својата тежина, без оглед на количините кои ги јаделе.

Ова истражување води кон заклучок дека интегралниот ориз е значително подобар избор и за контролирање на оптималната телесна тежина.


Белиот, интегралниот ориз и дијабетот

Јасно е дека еден од најголемите ризик фактори за дијабет тип 2 е гојазноста. Очекувано, според составот, белиот ориз има доста висок гликемиски индекс во однос на интегралниот ориз.

Гликемиски индекс е мерка колку брзо се зголемува нивото на глукоза во крвта, по јадењето на некоја храна.

Едно истражување од 2012 ја истражувало потенцијалната конекција помеѓу консумирањето бел ориз и дијабет тип 2. Истражувачите нашле докази за да го поддржат тврдењето дека исхраната богата со бел ориз може да го зголеми ризикот од дијабет тип 2, особено кај луѓето од Азија.

Друга студија, дава податоци дека луѓето кои јадат најмалку 5 пати бел ориз во текот на неделата, имаат за 17% поголем ризик од развој на дијабетес тип 2.

Од друга страна, оние кои јадат најмалку 2 пати неделно интегрален ориз, имаат 11% намален ризик од дијабет тип 2, од оние луѓе кои многу ретко јадат било каков ориз. Се смета дека ова најверојатно се должи на високата содржина на нерастворливи растителни влакна и магнезиум кај интергралниот ориз.

Значи, редовното консумирање на белиот ориз го зголемува ризикот од дијабет, додека пак сосема спротивно, редовното консумирање на интегралниот, го намалува ризикот.

Немојте да го чувате оризот предолого и потоа да го подгревате!

Некои спори од патогената бактерија Bacillus cereus можат да го преживеат готвењето на оризот. Ако го чувате подолго време, од спорите можат да се развијат вегетативни клетки на споменатиот патоген и да ни создадат инфекции, а исто така и да излачат одредени токсини во самата храна.

Краток заклучок

Освен ако немате некоја од споменатите болести, интегралниот ориз е подобар извор за вас. Има повисока содржина на минерали, витамини, растителни влакна, па и на протеини. Антиоксидативниот состав на интегралниот ориз, исто така вреди да се спомене.

Дополнително има низок гликемиски индекс и е погодена за луѓето кои слабеат, секако во умерени количини.

Иако има солидна содржина на растителни влакна има многу помалку во однос на другата полнозрнаста храна. Интегралниот ориз е добар, здрав извор на енергија која постепено се апсорбира и треба да служи како една од основните намирници во здравата исхрана, односно база за многу здрави рецепти.

Ако го преферирате белиот ориз, внимавајте тој да е збогатен со нутриенти и не го користете секојдневно.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор