fbpx

Бели точки и линии низ ноктите – Дали е знак на некаков недостаток од витамини или минерали?

tonus

Честопати ви се јавуваат бели дамки на ноктите, а немате идеја зошто се случува тоа? Загрижени сте дека тоа е симптом на некаков недостаток на нутриенти или пак на некое заболување? Продолжете да читате.

Леуконихија е состојба при која се јавуваат бели дамки, линии, точки или други бели форми во пределот на ноктите. Станува збор за доста чест проблем кој најчесто е целосно безопасен. Голем број возрасни лица ги имаат овие дамки во одреден период од животот, па нивниот ,,развој” не би требало да биде знак на некакво заболување.

[Поврзано: 4 причини зошто грицкањето НОКТИ е ЛОША и ОПАСНА навика!]

"“Online”/

Во одредени ситуации, речиси целосното обелување на ноктите може да индицира сериозно заболување, како заболувања на црниот дроб, но ако веќе имате ваква болест, бројни други симптоми ќе им претходат на побелените нокти.

Дамките земаат најразлични облици

Белите дамки можат да имаат најразлични форми. Кај некои луѓе тие се како мали точки, кај други распространети долж ноктот и слично. Се појавуваат на само еден нокт или на ноктите на повеќе прсти.

За овој ,,феномен” постојат повеќе објаснувања, помеѓу кои најчестото е: повреда на лежиштето на ноктот. Ваквите повреди можат да настанат по механичко повредување на прстите во пределот на ноктите. Ударите од најразличен карактер (фаќање на прстите со врата или прозорец, спонтани удари со ноктите на работна маса, ударите при готвење итн.) се причина за белите точки што се појавуваат после одреден период (околу 6 месеци), кога веќе најверојантно сте заборавиле на ударот.

Чести причини за повреди се и различните естетски зафати на ноктите, како маникир, педикир или употреба на различни гелови и вештачки нокти.

Овие повреди самите се залекуваат по одреден период. 

Другите најчести причини за леуконохија можат да бидат:

  • Алергиска реакција
  • Фунгална инфекција

[Поврзано: Дијабет – Како да се грижите за вашите стапала и зошто е тоа толку важно?]

Други поретки причинители:

Алергиска реакција

Алергените што можат да водат до бели точки на ноктите најчесто се различни козметички средства за разубавување на ноктите, како стврднувачи, средства за бришење, полирање и слично.

Акрилните и гелните нокти можат исто така да направат сериозни оштетувања на ноктите, што би воделе до белите точки и облици.

[Поврзано: 5 лесно достапни продукти за олеснување на АЛЕРГИИТЕ]

Логично, решението би било да не ги користите препаратите кои очигледно ви создаваат непријатност. Ако проблемите продолжат и по престанувањето со користење, задолжително консултирајте се со лекарот што ве следи.

Габична инфекција

Габична инфекција може да го зафати било кој дел од нашето тело. Различните габички се дел од нашата природа микрофлора, заедно со разните видови бактерии. Нивниот претеран раст води кон инфекции.

Најчестите проблеми кога станува збор за прстите и ноктите, се предизвикани од фунгалната инфекција наречена онихомикоза. Токму белите точки и форми се првиот симптом на онихомикозата. За жал, неретко ваквите инфекции прогресираат до самото лежиште на ноктот и ги прават ноктите меки, ронливи, дебели, кревки и кршливи. Дополнително, важно е да се каже дека дефицитот од одредени Б витамини, може да ги направи ноктите поподложни на габични инфекции.

[Поврзано: 7 знаци дека се соочувате со КАНДИДА и како да се бориме со неа?]

Третирањето на овие инфекции се одвива според одреден пропишан протокол и трае во просек околу 3 месеци. Многу е важно дисциплинирано да се придржувате до препораките на лекарот ако сакате целосно да ја излечите инфекцијата.

Недостаток од минерали

Друга можна причина за белите дамки на ноктите е недостатокот или дефицитот од одредени хранливи компоненти, како минерали или витамини. Но, ова е навистина ретко.

Ако веќе има ваква состојба, најчесто станува збор за дефицити на цинк или калциум. Како и да е, постојат истражувања кои велат дека не постои никаква врска помеѓу дефицитот на цинк и калциум и леуконихијата.

Ако веќе сте загрижени дека имате недостаток од минерали или витамини, најдобро е да разговарате со својот лекар кој ќе ви препорача соодветни тестирања.

Одредени бели патерни сепак можат да бидат индикатор за одреден дефицит на нутриенти

Белите линии, во вид на риги, според едно истражување од Индија, можат да бидат индикатор за дефицит на витамин Б9, цинк и калциум.

Кршливите нокти можат да укажуваат на недостаток од железо, додека промените во бојата на недостаток од витамин Б12.

[Поврзано: Сè што треба да знаете за витамин Б12!]

Вдлабнатите нокти или коилонихија, силно укажуваат на недостаток од железо и протеини во исхраната, особено протеини изградени од ,,сулфурни” аминокиселини.

[Поврзано: Растителни протеини – Дали се доволни, колку и кои се најдобри извори?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор