fbpx

Колоритност која значи здравје – импресивната хранливост на слаткиот компир!

tonus

На нашиот блог често издвојуваме здрави и корисни зеленчуци кои сметаме дека треба почесто да се најдат на нашата трпеза. Ваквата употреба на зеленчуци, без разлика дали се свежи или готвени е темелот на Медитеранската исхрана, но и на одржувањето на нашето здравје. Речиси сите се ниско калорични, а се одличен извор на потребните микро и макронутриенти. Токму затоа, денес издвојуваме еден зеленчук за кој досега немаме многу зборувано, а сметаме дека заслужува малку повеќе внимание – слаткиот компир. Во продолжение ќе зборуваме за неговата нутритивност, но и за здравствените придобивки кои ги нуди.

Нутритивен профил на слаткиот компир

Слаткиот компир (Ipomoea batatas) или често наречен батат,  претставува скробест, коренест зеленчук кои завзема доста важна улога во исхраната на повеќе култури и нации. Тој претставува повеќегодишно растение кои има јадливи листови и јадлив корен. Коренот е најчесто со издолжена форма и има мазна лушпа со жолта, портокалова, црвеникава, кафеава или понекогаш и виолетова боја. Внатрешноста исто така може да има повеќе различни нијанси на жолта, црвена, портокалова и виолетова боја. Оние со бела и посветла жолта боја се нешто и понеутрални на вкус, додека црвените и портокаловите имаат нешто посладок и поизразен вкус. Ова растение потекнува од Средна и Јужна Америка, но со времето е раширен и низ Европа, Азија и другите континенти.

Во поглед на нутритивноста, прилично е очигледно дека ова растение изобилува со јаглехидрати, односно скроб.

"“Online”/

Во 100g сиров сладок компир има:

  • 86 калории
  • 1,6g протеини
  • 20g јаглехидрати (од кои 3g растителни влакна и 4g прости шеќери)
  • 0,1g масти

Покрај ваквиот макронутритивен состав, слаткиот компир е извонреден извор на витаминот А и со само 100g се внесува 4 пати од препорачаниот дневен внес за овој витамин. Покрај тоа, ова растение е добар извор на витамините од Б групата, како и на минералите: бакар, железо, манган, калиум, фосфор и др.

Во својот состав, слаткиот компир содржи 77% вода, а од вкупната содржина на јаглехидрати, дури 53% се комплексни – односно скроб. Простите шеќери (глукоза, фруктоза, сахароза и малтоза) учествуваат со 32% од вкупните јаглехидрати.

Тие имаат релативно висок гликемиски индекс и понекогаш треба да се внимава со нивниот внес, особено за лицата со дијабет. Секако, тие може да се консумираат и од страна на дијабетичарите, но треба да се внимава на фреквентноста и количината во која се консумираат.

Здравствени придобивки кои ги нуди слаткиот компир

 

1 . Високо нутритивна намирница која има антиоксидативни својства

Како што можеме да видиме од нутритивниот профил на овој тип на коренест зеленчук, истиот е умерено калоричен, а нуди голем број на разни корисни нутриенти. Слатките компири кои имаат портокалова и виолетова боја се уште подобар извор на антиоксиданти – соединенија кои го штитат телото од оксидативен стрес, предизвикан од слободните радикали. Преку овој заштитнички ефект, тие може да го намалат ризикот од голем број заболувања – срцеви, појава на карцином, стареење на клетките, појава на воспаленија и сл.

2 . Слаткиот компир нуди подобрена дигестија и здравје на цревата

Присутните растителни влакна и антиоксиданти во слатките компири може да имаат особено позитивен ефект врз дигестијата и функцијата на цревата. Слаткиот компир содржи растворлив и нерастворлив тип на растителни влакна. Тие различно се однесуваат во дигестивниот тракт, но имаат заедничко корисно дејство. Дел од нив имаат и улога не пребиотици – храна за цревната микрофлора, со што се подобрува разновидноста и нејзиното здравје. Одредени истражувања покажуваат дека антиоксидантите кои се присутни во виолетовиот тип на сладок компир, имаат позитивен ефект врз цревната микрофлора, особено за бактериите од родовите Bifidobacterium и Lactobacillus.

3 . Корисни за здравјето на очите и одржување на видот

Слаткиот компир е особено богат со бета каротен, соединение кое има антиоксидативен ефект и кое е заслужно за портокаловата боја. Како што погоре согледавме, во само 100g сладок компир има околу 4 пати од потребното количество на ова соединение. Инаку, бета каротенот се смета за прекурсор на витаминот А, односно телото го конвертира до овој витамин кој потоа има незаменлива улога во здравјето и функцијата на очите. Бројни истражувања покажуваат дека почестата консумација на сладок компир помага во одржување на оптимални нивоа на витамин А, а со тоа и кон подобро здравје на очите.

4. Добри за имуниот систем

Витаминот А кој го споменавме, покрај здравјето на очите, има значајна улога и во одржувањето на нашиот имун систем. Некои истражувања покажуваат дека намалено ниво на витамин А доведува и до ослабнат имунитет. Овој витамин помага во одржувањето на здравјето на внатрешните мембрани на цревата, а со тоа ја подобрува нивната функција и го одржува нивното здравје. Кога цревата и нивната микрофлора функционираат оптимално, тогаш и нашиот имун систем е здрав и функционира правилно. Овој витамин исто така има и антивоспалително дејство и може да допринесе кон намалување на инфламацијата во телото, со што го намалува и контролира имунолошкиот одговор на телото кон одредено воспаление.

Лесни за внес во секојдневната исхрана

Слаткиот компир е одлична намирница за ладните зимски денови и истиот може да се искористи во голем број рецепти како вкусен и здрав прилог. Тој може да се подготвува со варење, печење, а од него може да се подготви и пире, салата и сл. Нивната подготовка со малку растително масло, може да допринесе за подобра апсорпција на витаминот А со кои тие изобулуваат. Со самиот процес на готвење доаѓа до мало опаѓање на количината на овој витамин, но сепак се смета дека тие задржуваат дури 70% од првичното количество.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор