fbpx

Имате 40 години, а се чувствувате како 25. Дали е можно? Што означува поимот БИОЛОШКА ВОЗРАСТ?

tonus

Ако не сте знаеле досега, секој од нас има два типови на години (возраст). Едниот тип веќе ви е добро познат и е запишан во сите лични документи, односно се работи за т.н. ,,хронолошка возраст” – времето минато од раѓањето до сегашниот миг. Најголемиот дел од луѓето не се свесни за вториот тип на возраст – биолошката возраст.

 

[Поврзано: ОСУМТЕ ТАЈНИ на луѓето што живеат НАД 100 години!]

 

Сигурно сте слушнале како некој 40 годишен човек вели дека се чувствува како да има 25 или пак некој што има 30 години, вели дека чувствува како да има многу повеќе. Можеби овие луѓе се во право, во однос на нивната биолошка возраст, која не мора да биде идентична со онаа во вашата лична карта!

"“Online”/

 

Модерната медицина не само што им има влезено во траг на виновниците што ги забрзуваат биолошките процеси на стареење, туку знае и што може да помогне да се одржиме помлади.

 

[Поврзано: 8 КОНКРЕТНИ чекори кон ПОДОЛГ ЖИВОТ]

 

Во продолжение, многу повеќе на оваа тема.

 

Нашите клетки не слават роденден заедно со нас

 

Нашите клетки, ткива и органи ја рефлектираат т.н. ,,фенотипска возраст”, попозната како биолошка.

 

Биолошката возраст е мерка за нашата возраст базирана на различни индикатори наречени биомаркери. Станува збор за број кој може да се менува во зависност од начинот на живот и други фактори поврзани со општата здравствена состојба.

 

Биолошката возраст е дефинирана од нашата генетика, стекнатите животни навики и други фактори, како демографија, исхрана, степен на физичка активност..

 

[Поврзано: ГЕНИ или НАВИКИ? Кој е ,,поодговорен” за покачената телесна тежина?]

 

Поврзаноста на епигеномот со биолошката возраст

Како што минуваат деновите, месеците и годините, клетките прогресираат поспоро или побрзо во однос на она што е очекувано за нашата хронолошка возраст. Познавањето на биолошката возраст, може да помогне за полесно адаптирање кон промени во животниот стил кој би ја подобриле општата здравствена состојба.

 

Нашиот наследен материјал се содржи во ДНК молекулата, молекула која во себе ги има инструкциите за создавање на протеините што се носители на најразлични функции во нашите клетки. ДНК молекулите се исти во секоја клетка, но како што добро знаеме, не секоја клетка има иста природа и функција. Функцијата зависи од експресирањето на различните гени.

 

Нашиот епигеном е создаден од хемиски компоненти и протеини кои се ,,закачени” за ДНК (или за хистоните околу кои се обвиткани ДНК молекулите). Тие всушност и ,,кажуваат” што да прави, односно влијае кои гени ќе бидат експресирани, всушност кои протеини треба да бидат синтетизирани. Овие промени/траги не ја менуваат секвенцата или распоредот во ДНК молекулата, но делуваат на начинот на кој клетката ги ,,чита” ДНК инструкциите. ДНК метилацијата е еден тип траг, што може да биде идентификуван и да служи како индикатор за стареење во различни делови на геномот.

 

Да поедноставиме: Гените се потребните намирници, а епигенетиката е начинот на подготовка на рецептот, односно одлучува кои намирници ќе бидат искористени.

 

 

Гените остануваат исти, но епигеномот  (рецептот) се менува со текот на времето

 

Со промените, епигеномот остава траги на геномот преку ДНК метилацијата. За пресметувањето на биолошката возраст, научниците земаат примерок од клетките и обрнуваат внимание на специфични делови долж геномот, односно гледаат во колкав обем клетките се ,,маркирани” со ДНК метилација.

 

Во одредени области од геномот, метилацијата се менува прецизно со текот на годините. Одредени предели имаат зголемена, други намалена метилација. Ако на пример, 60% од клетките од примерокот имаат ДНК метилација на едната страна од геномот, научниците можат да го поврзат тој процент со одредена хронолошка или биолошка возраст (години). Секако, во пресметувањето влегуваат и повеќе други фактори, како генетиката, хронолошката возраст, одредени заболувања, лајфстајл итн.

 

Интересно, секое ткиво и орган, има ,,своја” биолошка возраст. Значи, биолошката возраст на некој начин е просек од сите тие броеви, односно станува збор за еден вид персонализиран мозаик. Моментално, просечната биолошка возраст е еден од подобрите индиктори за предвидувања во однос на промените во здравјето со текот на годините. Во иднина, се очекува сè поголема прецизност во утврдувањето на биолошката возраст на секој дел од телото и максимизирање во искористувањето на податоците.

 

 

Како краток заклучок

 

Не постои начин целосно да го запреме процесот на стареење. Барем не засега.

 

Значи, секогаш биолошката возраст ќе расте заедно со хронолошката, но што е она што можеме ние да го направиме за да бидеме поздрави? Всушност, целењето кон ,,помала” биолошка возраст би можело да се преведе како целење кон подобар квалитет на живот.

 

Нашите навики можат да влијаат кон намалување, но и значително да го зголемат квалитетот на живеење. Во кратки црти, за да имате помала биолошка возраст, неколку работи се најзначајни:

 

  • Вежбајте на редновна основа
  • Оддржувајте нормална телесна тежина (количество на маснотии/масно ткиво)
  • Јадете повеќе свежа храна и храна со понизок гликемиски индекс
  • Бидете свесни за тоа дали ги внесувате сите потребни нутриенти во својата секојдневна исхрана

 

Во иднина, ќе посветиме посебна статија на тема како до ,,помала” биолошка возраст.

 

 

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор