fbpx

ВКУСНИ РЕЦЕПТИ со една од најздравите мешунки – БОРАНИЈАТА!

tonus

Претстојните топли денови се идеални за подготовка на лесни, вкусни и здрави рецепти, а денес ќе издвоиме два предлога кои ја вклучуваат добро познатата – боранија.

Нутритивен профил на боранијата

Боранијата е една од најстарите одгледувани култури. Воедно, оваа мешунка се вбројува во најгусто-нутритивните храни што постојат, односно содржи нешто под 30 калории во 100g, а од друга страна е навистина богат извор на низа микронутриенти, како железо, калиум, магнезиум, калциум, витамин А, К, Ц итн. Таа има слична хранлива вредност како бамјата и грашокот.

Постојат над 130 видови боранија, во различни бои (зелена, бледожолта, виолетова, црвенкаста и со шарени траги) и облици. Најчесто се култивира на далечниот исток, но се одгледува и кај нас во Македонија. Најзастапени се видовите лоди, нерина, италијанска и кинеска боранија.

"“Online”/

Може често да се сретне во домашната кујна во различни рецепти, а низ маркетите може да се најде и во конзерва и замрзната форма.

Боранијата е особено здрава мешунка која дефинитивно треба многу често да биде пристуна на трпезата, особено периодов кога и е сезоната.

Боранија со домат на медитерански начин

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу час и 15 минути за печење и 15 минути за подготовка на намирниците.

Потребни состојки:

  • 2 средно големи домати
  • Маслиново масло
  • 1 голема главица кромид, ситно исецкана
  • 4 чешниња лук, ситно исецкани
  • Околу половина килограм боранија, исчистена и исечена
  • 1 чаша вода
  • Малку сол, бибер, мелен црвен пипер
  • Свеж магдонос, ситно исецкан

Подготовка:

  • По желба, доматите пред готвењето може да се бланшираат. Се потопуваат во врела, зовриена вода и се оставаат во неа околу 30 секунди. Потоа се ставаат во сад со ладна вода. Тие потоа се сечат и како такви се користат во рецептот. 
  • Во тавче се загрева малку маслиново масло, а потоа се додава кромидот и лукот. Тие се пропржуваат околу 5-6 минути, а потоа се додаваат и доматите. По 4-5 минути, се додава и боранијата, водата и зачините. 
  • Доведете ја смесата до вриење, а потоа намалете го огнот, поклопете со капак и оставете да врие. Повремено промешувајте, а по 45 минути отстранете од оган.
  • Посолете и  зачинете по желба.
  • Додајте го свежиот магдонос и послужете.

Ова јадење оди одлично со салата од свежи домати, фета сирење и маслиново масло.

Летна, вкусна салата од боранија и наут

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни помалку од 20 минути, а истиот е доволен за 4-6 лица.

Потребни намирници:

  • Околу 750g боранија
  • 1 главица кромид, исецкана
  • Околу 150g фета сирење или урда
  • Малку свеж магдонос
  • 2-3 свежи домати
  • Неколку каламата маслинки
  • Една конзерва подготвен наут

За преливот:

  • Маслиново масло
  • Балсамико оцет
  • Сок од лимон
  • Малку сол, бибер и оригано
  • Едно лажиче сенф

Подготовка:

  • Во зовриена и посолена вода, ставете ја боранијата и оставете ја да се вари кратко, околу 3-4 минути. Боранијата треба да има зелена боја и да на допир да не е премногу мека. Потоа процедете ја боранијата и оставете ја на хартија да се исуши.
  • Во длабок сад за салата, ставете ги другите состојки, а потоа додадете ја и боранијата. 
  • Измешајте ги состојките и за преливот, па додајте ги кон зеленчуците. Фино промешајте и сервирајте.

 

Ваквата салата може да послужи како прилог на главното јадење или како одлична, здрава опција за вечера.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор