fbpx

Вкусни, колоритни и здрави – искористете го периодот и јадете боровинки!

tonus

Се наближуваме до период од годината кога сè повеќе ќе ги среќаваме шумските или т.н бобести овошки. Во групата на ваквите овошки спаѓаат малините, капините, аронијата, брусницата, јагодите и боровницата или често наречена и боровинка. Во денешната статија ќе и посветиме внимание токму на боровинката и ќе погледнеме што ја прави оваа овошка толку здрава и зошто треба почесто да ја јадеме во периодот што претстои.

 

Нутритивни карактеристики

 

Боровинката е растение кое расте како грмушка и кое цвета од мај до јуни. Неговите јадливи плодови созреваат од јули до септември. Тие се берат во лето и имаат карактеристична темно-сина боја со пријатен и интересен киселкасто-сладок вкус. На нашите простори се користат за правење на разни слатки, џемови, сок, мармалад. Исклучително се вкусни кога се консумираат и како свежи. Не е ретко да се најдат и сушени плодови на бобинки кои исто така имаат бројни примени.

"“Online”/

Боровинката се смета за плод кој има исклучително висока нутритивност, а притоа се ниско калорични и во нивниот состав водата е застапена со дури 85%.

На 100g тиесодржат:

  • 57 калории
  • 14g јаглехидрати (од кои 2,4g растителни влакна и 10g шеќер)
  • 0,3g масти
  • 0,7g протеини

Покрај ваквиот макронутритивен состав, боровницата содржи и задоволителни количества од витамините Ц и К, како и на минералот манган.

 

Кои се здравствените придобивки кои ги даваат боровинките?

 

1 . Богати се со антиоксиданти

 

Темно сината боја на боровинките е всушност одличен индикатор дека тие се плодови кои содржат антиоксиданти. Имено, некои истражувања покажуваат дека боровинките спаѓаат во категоријата на намирници со едни од највисоките концентрации на антиоксиданти во својот состав. Тие го содржат витаминот Ц, како и фенолната киселина – соединенија со познат антиоксидативен карактер. Нивната примамлива и препознатлива боја доаѓа од соединенијата наречени антоцијанини, што се всушност силни антиоксиданти кои припаѓаат на групата на флавоноиди. Покрај темно сината боја на боровинките, тие се заслужни и за бојата (црвена, пурпурно виолетова, сина итн.) на речиси сите шумски овошки. Се смета дека антоцијанините се соединенијата кои се заслужни за најголемиот дел од здравствените бенефити кои ги даваат боровинките. Ваквите соединенија го штитат организмот од оксидативен стрес и помагаат при неутрализација на штетните слободни радикали.

 

2 . Може да ги намалат воспалителните процеси во телото

 

Инфламацијата или воспалението се смета за еден од главните причинители за бројни заболувања. Се смета дека боровинките имаат делумно заштитувачки ефект најмногу поради нивниот антиоксидативен и антивоспалителен ефект.

Во една студија, луѓето кои земале суплементи кои содржеле антоцијанини од боровница, имале 38-60% намалување во инфламаторните маркери. Дополнително, една помала студија покажала дека секојдневното пиење на 330ml сок од боровинки значително ги намалило инфламаторните маркери кај испитаниците.

 

3 . Може да помогне при регулација на шеќерот во крвта

 

Можеби еден од најпознатите и користени ефекти од боровницата е токму во поглед на шеќерот во крвта. Тие се често користени од луѓето кои имаат тип 2 дијабет. Некои експерти сметаат дека ваквиот ефект на боровинките се должи на нивното позитивно дејство при дигестијата што доведува до намалена разградба и апсорбција на јаглехидратите во цревата. Тоа значи дека боровницата делува и има сличен ефект како и некои медикаменти за намалување и контрола на нивото на шеќер.

Некои студии извршени врз животни покажуваат дека и антоцијанините во боровницата може да помогнат при создавање и лачење на инсулин во телото.

Една студија која користела екстракт од боровинка еквивалентен на 50g свеж плод, покажала дека тој успешно го намалил нивото на шеќер во крвта кај дијабетичари.

 

4 . Добри за здравјето на срцето

 

Боровницата е плод кој е богат со витаминот К, кој превентивно делува врз создавањето на згрутчувања во крвта. Во една 8 неделна студија, 35 испитаници консумирале микс од различни шумски овошја, меѓу кои и боровница. По истекот на студијата тие имале подобрени вредности за нивниот крвен притисок, подобра функција на тромбоцитите и подобрени нивоа на „добриот“ HDL холестерол. Други истражувања покажуваат дека антоцијанините присутни во плодот може да ги зајакнат крвните садови, да ја подобрат циркулацијата и да го намалот ризикот за појава на артериосклероза. Исто така, ваквите антиоксидативни соединенија може да помогнат при регулирање на нивоата на непосакуваниот LDL холестерол.

 

5 . Може да ја подобрат дигестијата и да помогнат при дијареа

 

Боровинките уште од минатото се користеле како лек при проблеми со дигестијата, лошење и дијареа. Ова се смета дека се должи на присутните танини (заслужни за умерениот трпкав вкус на плодот) и пектини. Овие соединенија се смета дека имаат смирувачки ефект при воспаленијата на дигестивниот тракт.

 

Како да ја имплементираме боровницата во нашата секојдневна исхрана?

 

Сè додека се продаваат како свежи, постојат многу начини за искористување на боровинките. Може да се консумираат свежи, сушени, а може и да се комбинираат и употребат во бројни рецепти. Тие се одличен додаток за палачинки, мафини или за било каков тип на слатко, торта и сл. Може да се користат и во шејкови, овошни салати како и да бидат прилог на овесот во вашите појадоци.

Често се подготвуваат и џемови и слатка од нив кои можат да се користат преку целата зима. Секако, внимавајте и имајте на ум дека овие преработки содржат висока количина на шеќер.

Доколку ги нема како свежи на нашите пазари, секогаш постои опцијата да ги набавите како смрзнати и да ги употребите на бројни начини. Подгответе вкусно овошно смути со јогурт, овес, банана и боровинки.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор