fbpx

БОСИЛОК – зошто треба да имате барем една саксија полна со него?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Босилокот (Ocimum basilicum) е едногодишно растение кое расте до 30-тина сантиметри, има пријатен вкус, уникатна арома и убав изглед.

Зборот босилок има грчко потекло што значи кралски (басиликон). Листовите имаат овална форма, а цветовите се бели, црвенкасти или жолтеникави. Се одгледува како градинарска билка на сончеви места и хумусна почва.

Постојат различни видови, а повеќето се чувствителени  на пониски тепмератури, па затоа се типични за Медитеранскиот регион, но и други потопли краишта. Кај нас исто така постои традиција на одгледување босилок.

"“Online”/

Популарен е како свежа храна, ароматична сушена билка (зачин), за правење различни сосови, но се употребува и како чај. Најчесто се среќава во јадењата со потекло од италијанската кујна – пици, салати, паста итн, но се употребува и во кујните на далечниот исток, од каде се смета и дека првично потекнува.

Во овој текст ќе видиме зошто треба да ја задржиме традиционалната употреба и одгледувањето на оваа билка.

Потенцијални лековите дејства

Босилокот може да понуди различни корисни дејства како дел од исхраната, како хербален лек, но и како есенцијално масло.

Традицоналната медицина го употребувала при каснување од змија, при настинки и различни типови на воспаленија.

Босилокот во исхраната ни обезбедува низа на микронутриенти, пред сé витамин К, калциум и низа на антиоксидативни фитохемикалии. На пример, еугенол кој обезбедува и мирис на каранфилче, потоа лимонин, кој дава типичен слабокиселкаст вкус.


Богат нутритивен и антиоксидативен состав кој е значен во борбата со хроничните воспалителни процеси во телото

Нутритивниот состав на босилокот се состои главно од каротеноидните антиоксиданти бета-каротен, криптоксантин, лутеин и зеаксантин, потоа витамините А и К, но и некои од Б групата. Содржината на минерали е пониска и генерално се состои од калциум и помалку железо.

Поради помалите количества во кои се консумира, бенефитот во однос на нашето здравје главно се должи на богатиот антиоксидативен состав кој го има босилкот.

Антиоксидантите се компоненти кои ги превенираат оксидативните оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали. Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и внесените антиоксиданти.

Дисбалансот помеѓу нив може да води кон зголемени нивоа на оксидативен стрес, што води кон развој на хронично воспалителни. Тие на долг рок, можат да предизвикаат повеќе хронични заболувања, како кардиоваскуларни, ревматоидни, малигни заболувања, дијабетес итн.

Телото произведува дел од антиоксидативните материи, но многу е важно и ние да ги внесуваме преку исхраната.

Главните антиоксиданти со кои нé обезбедува босилокот се антоцијанините и споменатите каротеноиди.


Босилокот може да помогне во превенцијата од некои малигни заболувања, а корисен е и за црниот дроб

Една студија од 2013 година го испитувала ефектот на различните типови босилок во однос на канцерот. Истражувачите дошле до заклчок дека неговите фитохемикалии можат да придонесат во превенцијата од одредени типови на малигни заболувања – на кожата, црниот дроб и белите дробови.

Се смета дека ова се должи на силната антиоксидативна моќ на фитохемикалиите на босилокот, но и на неговото делување врз експресијата на некои гени на мутираните клетки, па дури и предизвикување нивна смрт и успорено размножување.

И други студии покажуваат слични ефекти, но сепак истражувањата се претклинички или анимални, така што потребни се повеќе испитувања на човечки испитаници.

Позитивното влијание на црниот дроб, експертите повторно го поврзуваат со антиоксидативната моќ на босилокот.

Заштитна улога во однос на здравјето на кожата

Според студија од 2011, босилокот покажал својства според кои може да помогне во намалувањето на негативните ефекти врз кожата предизвикани со процесот на стареење.

Кремите на база на босилок во лабораториски услови се покажале како подобрувачки во однос на хидратацијата на кожата, во намалувањето на нејзината грубост, како и во намалувањето на појавата на брчките.

Нема докази дека јадењето босилок може директно да придонесе за здравјето на кожата, но имајќи го предвид неговиот антиоксидативен состав, како дел од разновидната исхрана, можно е да има и позитивен ефект и на кожата.

Босилокот има добар ефект и на менталното здравје

Психичкиот стрес може да придонесе за поголема продукција на слободни радикали во организмот. Па најверојатно и за ова потенцијално дејство на босилокот одговорни се неговите моќни антиоксиданти.

Според едно мета-истражување од 2014 година, босилокот содржи својства според кои може да делува на:

• ублажување на стресот, анксиозноста и депресијата
• зголемување на концентрацијата
• превенција од губење на меморијата со стареењето
• подобрување на сонот

Истражувачите велат дека ефектите на босилокот можат да се споредат дури со некои антидепресиви. Сепак, потребни се повеќе студии во оваа насока, а треба да се напомене и дека позитивните ефекти се при редовна консумација на поголеми дози екстракти од оваа билка.

Погодна билка при дијабет и кардиоваскуларни заболувања

Традиционалната медицина често препорачува босилок при третирањето на проблемите со шеќерот во крвта.

Последните истражувања покажуваат дека екстрактот од босилок може да придонесе во регулирањето на глукозното ниво во крвта. Дополнително, има и податоци според кои листовите од босилокот можат да помогнат во долгорочните ефекти на високиот крвен шеќер.

Додека не се потврдат овие наводи околу листови, екстрактот од босилок може да се применува и да биде од корист кај некои луѓе.

Преку својот антиоксидативен состав, босилокот може да придонесе и за срцевото здравје. Според една студија, еугенолот, една од главните фитохемикалии на босилокот, може да ги блокира калциумовите канали во телото, снижувајќи го на тој начин крвниот притисок – инаку главен ризик фактор за повеќето кардиоваскуларни заболувања.

Неколку други утврдени позитивни влијанија на босилокот за нашиот организам:

• може да делува на намалувањето на холестеролот и триглицеридите во крвта

• да делува релаксирачки на крвните садови, со сличен ефект како аспиринот

Fibro Gel

• да има антибиотско дејство, односно да го попречи растот на некои патогени бактерии и да превенира од кариес, но и да се користи како конзерванс за одредени типови на храна

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X