fbpx

Дали сум БРЕМЕНА? – Најчести и ,,затскриени” СИМПТОМИ!

tonus

Честопати од различни перспективи се поставуваат прашањата: Колку најбргу можам да знам дека сум бремена?; Кои се можните симптоми, покрај добро познатите?

Знаците на раната бременост варираат од жена до жена. Кај некои ,,симптомите” доста брзо се развиваат, додека други воопшто и не чувствуваат некаква промена.

Во продолжение, повеќе на оваа тема.

"“Online”/

[Поврзано: Здрав животен стил во бременост]

 

Колку бргу можам да дознаам дека сум бремена?


Бременоста може да биде сосема различно искуство за различни жени. Во однос на сознанието за бременост, некои жени чувствуваат типични симптоми само неколку денови по зачнувањето, додека други дознаваат дури откако ќе забележат доцнење на циклусот (што може да биде со недели).

[Поврзано: 7 најчести причини за нередовен циклус]

Секако, најдобриот начин (иако не 100% дефинитивен) да знаете дали сте во период на бременост е тестот. Механизмот на тестовите за бременост се состои од мерење или утврдување на присуство на хормонот наречен гонадотропин или hCG. Тој почнува да се концентрира во телото од самиот момент на зачнувањето, а нагло расте на самиот почеток. Сепак, потребен е одреден период за тој да се забележи на тестот. Отприлика се работи за 3 до 4 недели од зачнувањето. Токму заради овие причини, тестовите за бременост можат да се сметаат за неефикасни кога се користат само неколку денови по зачнувањето. Најдобро е да се почека доцнењето на циклусот за да се направи тестот.

Тестовите се далеку од 100% ефикасни, па добро е да имате предвид дека тие можат да бидат и лажно негативни. Консултациите со гинеколог можат да бидат навистина од помош.

[Поврзано: Кој тип на храна се препорачува, а кој не за време на бременоста?]

 

Кои се петте најчести симптоми на бременоста?

Како што рековме, целокупната бременост е индивидуално искуство, па и споредбите на симптомите не се соодветни.

Ќе ги издвоиме најчестите симптоми што се доста очигледни:

 

– Доцнење на менструалниот циклус

Веројатно најдобро познатиот ,,симптом” на бременоста. По зачнувањето, телото на жената продуцира хормони што ја запираат овулацијата. Ова резултира со запирање на циклусот сè до пораѓањето. Како и да е, доцнењето на циклусот не мора со сигурност да значи бременост. Тоа може да се случи и од најразлични други причини, како стрес, претерана физичка активност, лоша исхрана, хормонски дисбаланс и други фактори. Повеќе за нив, прочитајте тука.

Доењето исто така може да предизвика нарушувања во периодите на менструација.

 

– Често мокрење

Пред да се појави доцнењето на циклусот, можно е да забележите зачестени потреби за мокрење. Ова всушност се случува бидејќи имате повеќе крв отколку претходно. Во текот на бременоста, ,,ресурсите” на телото се зголемуваат. Бубрезите се задолжени за отстранување на метаболитичкиот отпад – преку урината. Колку повеќе крв има во телото, толку повеќе ќе има и урина.

[Поврзано: Повторувачки уринарни инфекции – Како да си помогнете?]

 

– Чувство на замореност

Повеќето жени се чувствуваат особено заморено на почетокот на бременоста. Овој знак на бременост се случува поради високите нивоа на хормонот прогестерон. Како и останатите симптоми, замореноста има тенденција да се губи со текот на времето (во вториот триместар). За жал, таа повторно знае да се појава во третиот триместар.

– Утринска мачнина

И покрај името, ваквата мачнина може да се јави во било кој дел од денот или ноќта. Гадењето и повраќањето се случуваат во првите две недели од бременоста, а можат да се случат и два месеци по зачнувањето. Не секоја го има ова искуство и интензитетот на мачнините знае да биде доста различен кај различни жени. Проблемите со мачнините можат да водат кон проблеми со исхраната, а можат да бидат засилени од недоволниот внес на вода. Затоа, секогаш пијте доволно вода и внимавајте на исхраната што ја имате.

 

– Зголемени гради

За време на бременоста градите можат да станат доста посензитивни, поголеми, а можно е и зголемување на брадавиците. Чувството е слично како она пред менструацијата, а веројатно и понепријатно. За среќа, ваквото чувство се губи со текот на времето, односно со навикнувањето на различни хормонски нивоа.

 

Кои се оние ,,позадскриените” симптоми на бременоста?

Постојат и одредени знаци што не се толку чести и ,,видливи”, a можат да укажат на бременост. Исто како и претходните, тие можат и воопшто да не се појават или да бидат со различне интензитет. Важно е да разберете дека секој е различен и има различно искуство.

Поретките симптоми можат да бидат:

– Неодложни потреби за храна, константен глад и гадење од одредени типови храна

– Слабо вагинално крварење

– Метален вкус во устата

Главоболки и вртоглавица

– Грчеви слични како оние пред менструацијата

– Чести промени во расположението

[Поврзано: Гестациски дијабет – што е, како се испитува и како се третира?]

 

Многу од наведените симптоми можат да се помешаат со знаци на одредена состојба или заболување или пак да се типични симптоми на менструација. Пременструалните симптоми можат да бидат многу слични со симптомите на бременоста.

Затоа, најдобриот начин за разрешување на дилемите е консултација со гинеколог и тестирање.

Ако веќе имате доцнење на циклусот и позитивен тест за бременост, следниот чекор мора да биде закажување на консултација со гинеколог.

Ако имате намера да останете бремена или имате проблеми во оваа цел, најдобро е консултацијата со гинеколог е одличен старт (заедно со партнерот). Ова е особено важно за лицата што веќе имаат некаква дијагноза, како на пример дијабет или хипертензија.

[Поврзано: Зголемена телесна тежина и фертилност]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор