fbpx

Брокулата – подгответе рецепти со еден од НАЈЗДРАВИТЕ зеленчуци!

tonus

Есента е во полн ек, а тоа значи дека сезонските зеленчуци се најдостапни и највкусни во претстојниот период. Особено присутна е и брокулата, зеленчук кој може да се каже дека е еден од најздравите и најгусто нутритивните. Таа може да се комбинира и употребени во голем број јадења, а нејзинита ниска калориска вредност ја прави идеална како прилог на голем број ручеци или вечери. Затоа, во продолжение издвојуваме лесни и брзи рецепти со брокула – еден од најздравите есенски зеленчуци кои треба почесто да го употребуваме.

Брокулата – исклучително нутритивна со сосем малку калории

Една од најголемите предности на брокулата се состои во нејзиниот нутритивен состав. Таа е составена од широк спектар на витамини, минерали, растителни влакна и биоактивни компоненти:

Bо 91g свежа брокула се содржат:

"“Online”/
  • 31 калорија
  • јаглехидрати 6g
  • протеини 2,6g
  • масти 0,3g

Микронутриенти во истата количина:

  • витамин C 135% од Дневниот Препорачан Внес
  • витамин А 11% од ДПВ
  • витамин К 116% од ДПВ
  • витамин B9 14% од ДПВ

Очигледно е дека брокулата е исклучително ниско калорична, а е притоа нутритивна. Инаку, таа може да се консумира свежа или обработена, а и двата начина на подготовка се здрави, но обезбедуваат различни хранливи профили. Различните начини да обработка на брокулата, како што се варење, пржење, варење на пареа, подготовка во микробранова печка, го менуваат составот на хранливите материи. Ова особено ја намалува содржината на витаминот C, како и на протеините кои можат да се растворат во вода. Истото важи и за шеќерите. Но, во секој случај, свежата или приготвена брокула, претставува богат извор на витаминот C. Во само 80g варена брокула има 84% од дневниот препорачан внес на витамин C.

Омлет со брокула

За овој рецепт потребни ќе ви бидат само околу 30 минути, а истиот е доволен за 3-4 лица.

Потребни состојки:

  • Околу 200g брокула
  • 5-6 јајца
  • ¼ чаша млеко
  • Малку сол и бибер
  • Малку урда или сирење
  • Неколку маслинки
  • Маслиново масло
  • 1-2 свежи пиперки, исечкани на кругчиња
  • Зачини по желба (оригано, босилок и сл.)

Подготовка:

  1. Во големо тенџере, ставете околу еден прст вода и потоа ставете помало тенџере во средина на поголемото. Во помалото тенџере ставете ја брокулата, а околната вода доведете ја до вриење. Затворете го поголемото тенџере со капак и оставете ја брокулата на овој начин да се вари на пареа околу 6-7 минути. Наместо на овој начин, брокулата може и директно да ја варите во вода околу 7 минути.
  2. Во сад ставете ги јајцата и изматете ги. Додајте го млекото и зачините кон нив, а посолете и додајте малку бибер. Додајте ја и сварената брокула (иситнета), сирењето или урдата и исечените маслинки.
  3. Во тавче ставете малку маслиново масло и додајте ја ваквата смеса. Гответе неколку минути (4-6), а потоа тргнете ја смесата од оган. Јајцата ќе формираат еден тип на „палачинка“ која потоа лесно се сече и се сервира.
  4. Послужете со свежа салата од сезонски зеленчуци.

Паста со брокула  

За овој рецепт потребни ви се околу 30 минути за подготовка и истиот е доволен за 4-6 порции.

Потребни намирници:

  • Едно пакување интегрални тестенини
  • Малку маслиново масло
  • 1 мала главиа кромид, исецкана ситно
  • 6 помали чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку суво оригано, сол и мелен црн бибер, мелен црвен пипер
  • Половина килограм брокула (може и смрзната, но претходно оставена да се одмрзне)
  • Една конзерва цели парчиња домати
  • Малку свеж магдонос
  • Малку рендан пармезан, по желба

Подготовка:

  1. Подгответе ги тестенитите според упатството на пакувањето.
  2. Во големо тавче, загрејте малку маслиново масло, а потоа додајте го кромидот и динстајте го околу 2 минути. Потоа додајте го лукот, а додајте и малку оригано и мелен црвен пипер. Додајте и малку сол и бибер.
  3. Потоа додајте ја брокулата и гответе дополнителни 4-5 минути, редовно мешајќи. Додајте го и доматот од конзерва и зачинете и посолете по желба. Гответе околу 4-5 минути.
  4. Кон ова, додајте ја зготвената паста. Додајте кон тавчето и малку исецкан свеж магдонос и малку рендан пармезан. Промешајте и гответе додека не испари дел од присутната течност.
  5. Послужете со дополнително количество рендан пармезан.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор