fbpx

7 здрави рецепти кога немате многу време

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Постојат денови кога едноставно имаме премногу обврски и немаме доволно време за готвење. Или пак можеби имаме слободно време, но не за готвење и поминување на повеќе часови во кујната подготвувајќи некое јадење. Затоа, денес ќе ви предложиме неколку брзи, вкусни и здрави рецепти за кои речиси и не е потребно време за подготовка.

Истите може да ги искористите како опција за појадок, ручек или вечера, а тие со својот вкус и состав нема да ве разочараат.

Кои се најдобрите намирници да ги имаме во домот за ваквите рецепти?
Навистина постојат голем број рецепти кои може брзо да се подготват, но сепак за нив треба да имаме одредени намирници. Со малку претходно планирање, може да си ги обезбедиме овие производи и да ги имаме секогаш при рака.

"“Online”/

Како намирници кои ќе бидат извор на протеини:

– Риба (секогаш може да се чува како замрзната)
– Мешунки – грав, наут (може и хумус), леќа, грашок и сл.
– Пилешко или мисиркино месо
– Јајца
– Урда

Како намирници кои содржат сложени јаглехидрати:

– Леб или пецива од интегрално брашно
– Замрзнат зеленчук (компир, пченка, морков и сл.)
– Кафеав ориз
– Интегрални тестенини
– Свеж зеленчук
– Житарки

Покрај набројаните намирници, свежите зеленчуци и овошја кои траат подолго во домот или пак во смрзната форма се секогаш практични да се имаат при рака.

Неколку здрави рецепти и ужинки без потреба од долга подготовка

 

1 . Овес

Овесот претставува одлична намирница за појадок, ужина или вечера. Истиот е извор на сложени јаглехидрати кои на телото му даваат бавен и константен извор на енергија. Покрај тоа, тој содржи низа на корисни микронутриенти, како и растителни влакна.
Како опција за појадок може да го подготвите однапред, односно од претходната ноќ. Едноставно измешајте го со млеко (може и растително) и додадете суво овошје и јатки по ваш избор. Оставете ја ваквата смеса во фрижидер, а следното утро овесот е подготвен за јадење.

 

2 . Чиа пудинг

Чиа семето е една од најздравите намирници кои може да ги додадете кон вашите појадоци или ужинки. Тоа има неутрален вкус и крцкава текстура, а е одличен извор на здрави масти, особено на омега-3 масните киселини. Покрај тоа, чиа семето е извонреден извор на растителни влакна, со што може сериозно да ја подобри дигестијата. Слично на овесот, чиа пудингот е најдобро да се подготви однапред. Едноставно помешајте го со млеко по ваш избор и оставете го да набабри. Тоа може да биде во текот на една ноќ или за 1-2 часа. Ваквиот пудинг е вкусен и навистина хранлив и нутритивен, а се подготвува за само неколку минути.

 

3 . Шејкови – смутиња

Смутињата навистина добија на популарност последните години, а тоа е со причина. Тие може да се подготват со комбинирање на разни намирници, кои под нормални околности можеби и не би ги консумирале. Тие се одличен начин за комбинација на трите макронутриенти – протеини, масти и јаглехидрати. Како извори на протеини може да се користат: млекото, јатките, протеин во прав или разни семиња и житарки. За извор на јаглехидрати користете ги: свежите или замрзнати овошја, житарките и природните засладувачи. За добар извор на здрави масти се сметаат: јатките и семињата.

 

4 . Салати со кус кус, наут или други житарки или мешунки

Кус кусот е одлична намирница за подготовка на рецепти доколку се подготви однапред. Тој едноставно треба да се свари, а потоа како таков може да се употреби во многу јадења и салати. Доколку го подготвите однапред, салатите со кус кус може да бидат готови за 5-10 минути, а притоа тие се исклучително хранливи, па дури може да послужат и како ручек. Тој содржи протеини, растителни влакна и е добар извор на комплексни јаглехидрати.
Покрај кус кусот, наутот е една од најпопуларните намирници за подготовка на вкусни и здрави вегетаријански салати. Тој може да се најде и купи и како претходно подготвен (во конзерва) па нивната подготовка е уште побрза и полесна.

 

5 . Сендвич со свежи намирници, хумус или друг растителен намаз

Сендвичите се одличен начин да се искомбинираат повеќе здрави намирници во здрав и балансиран оброк. Секако, многу е важно кои намирници ги употребуваме. Еден од најдобрите начини за подготовка на здрав сендвич е да се започне со здраво, интегрално парче леб. Потоа како намаз може да се употреби хумусот, намаз подготвен од грав, маслинки или било кој друг вид на растителен намаз. Потоа било кој свеж зеленчук (краставица, домат, морков, печени тиквички или сл.) може да биде одличен додаток кон ваквиот сендвич. Како дополнителен извор на протеини кои ќе ве држат сити, може да се искористи и варено јајце или урда. Ваквите сендвичи се идеални за летните денови и најдобро е да се искомбинираат со чаша ладен јогурт или кефир.

 

6 . Свежа, сезонска салата со риба или пилешко месо

Свежите салати подготвени од сезонски зеленчуци се брзи за подготовка, а кога се искомбинирани со претходно подготвено месо или риба, се одлична опција за ручек или вечера. Кон истите може да се додадат разни семиња или јатки за да се зголеми изворот на здрави омега-3 масти. Доколку се користи пилешко или мисиркино месо, истото е најдобро претходно само да се свари и како такво да се додаде кон салатата.

Fibro Gel

 

7 . Ладни супи

За подготовка на овие вкусни супи кои се одлични за летните денови, постојат безброј рецепти. Најчесто за истите ви се потребни само неколку свежи намирници (најчесто зеленчуци). По потреба, во одредени рецепти, можете да додадете и неколку сварени зеленчуци кои можете да ги подготвите од претходната ноќ. Со додаток на зачини, маслиново масло и оцет, овие супи навистина се вкусни, а сепак брзо се подготвуваат и се здрави. Убавината во нив е што може да се искористат различни сезонски намирници, па така нивната подготовка може да биде во било кој дел од годината.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X