fbpx

Дали РЕДОВНОТО пиење на ЧАЈ го намалува ризикот за ДИЈАБЕТ?

tonus

Еден од најпопуларните пијалаци во светот е очекувано чајот, кој во голем број култури се подготвува веќе илјадници години. За таа цел се користат голем број билки и растенија, секое со различни својства, вкус и арома. Здравствените придобивки на чајот се многубројни, а денес ќе се задржиме на една студија која покажува дека тој може да го намали и ризикот од дијабет.

 

Зошто е здрав чајот, особено зелениот?

Зелениот, заедно со познатиот црн чај, потекнува од семејството блики Camellia, поточно видот Camellia sinensis. Во азиските земји, особено во Кина, зелениот чај се пие со векови, можеби и милениуми. Денес, поради неговите извонредни ефекти, станува популарен  низ земјите ширум светот.

За разлика од црниот чај, зелениот не подложи на процесот ферментација, па има значително подобра антиоксидативна содржина. Според истражувањата, фантастични 30% од сувата маса на зелениот чај, отпаѓа на антиоксидативните материи.

"“Online”/

 

Се работи за моќни антиоксидативни материи, како полифеноли, антоцијанини и најразлични типови флавонодни антиоксиданти.

Поконкретно, за најзначајни антиоксиданти на зелениот чај се сметаат специфичните флавоноидни компоненти, наречени катехини:

  •   епикатехин
  •   епигалокатехин
  •   галокатехин
  •   деривати на галната киселина

Други моќни антиоксиданти и фитохемикалии со заштитно дејство за здравјето кои се содржат во овој чај:

  •   линоленска киселина
  •   кверцетин
  •   агиненин
  •   кофеин, теобромин и теофилин
  •   целулоза, пектин
  •   магнезиум, хром, манган, железо, цинк
  •   повеќе различни аминокиселини, ензими (дури до 20% од сувата маса на листовите)

Интересно е да се спомене дека овој тип на чај содржи многу повеќе корисни фитохемикалии во споредба со многу билки, зачини, овошки и зеленчуци кои важат за ,,супер-храна”. Многу повеќе околу главните придобивки од зелениот чај, може да прочитате тука.

 

Истражување – чајот може да го намали ризикот за појава на дијабет тип 2

Една студија која била презентирана во EASD (European Association for the Study of Diabetes), го проучувала ефектот кој го има чајот врз здравјето, поконкретно за потенцијалниот позитивен ефект кој го има врз намалување на ризикот од дијабет. За студијата, биле анализирани информации за над 5000 испитаници од Кина. Периодот на следење бил околу 12 години, а на почетокот од студијата тие немале дијабет. Нивните навики за консумирање чај биле добиени преку прашалници.

Според тие прашалници, околу 45% од испитаниците пиеле чај, а околу 10% од нив развиле дијабет тип 2 за време на студијата. Според земање на повеќе различни фактори во предвид, научниците заклучиле дека оние кои пијат чај имаат сличен ризик за дијабет, како и оние кои не пиеле. Но, потоа научниците решиле да пристапат до информациите од 19 други различни студии, кои заедно опфатиле над 1.000.000 испитаници. Биле согледувани ефектите на различни типови чаеви, меѓу кои и црниот и зелениот чај. Овој пат, резултатите покажале дека оние испитаници кои пиеле 1-3 шолји чај дневно, имале за околу 4% намален ризик за дијабет. Интересно е што оние кои пиеле над 3 шолји дневно, имале и за над 17% намален ризик, во споредба со оние кои воопшто не консумирале чај. Ваквите резултати важеле и покрај земање во предвид различни фактори, како: возраст, пол, тип на чај и сл. Студијата покажала дека за искористување на бенефитите кои ги нуди чајот, важно е и испиеното количество. Ваквите резултати се надоврзуваат на веќе постоечки студии, што покажуваат дека чајот е корисен за низа на други здравствени состојби: кардиоваскуларно здравје, инсулинска резистенција, подобрување на циркулацијата, когнитивните способности и сл.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор