fbpx

Како да дознаете дали внесувате доволно КАЛЦИУМ?

tonus

Калциумот е најзастапениот минерал во човековото тело, а најдобро е позната неговата улога за здравјето на коските и заштитата од остеопороза. Сепак, треба да се знае дека далеку од тоа дека тука завршуваат неговите функции во организмот.

Главните улоги на калциумот во организмот

Калциумот игра клучна улога во многу процеси кои се одвиваат во организмот и е неопходен за нормалното функционирање на клетките.

Пренесување на нервните сигнали, секреција на хормони, правилна коагулација на крвта, мускулни контракција и релаксација, се само дел од најзначајните функции на овој минерал.

"“Online”/

Знајќи го ова, логично е да се заклучи дека неговиот дефицит и те како може да биде проблематичен во однос на нарушување на споменатите физиолошки процеси и дека не е само остеопорозата она што треба да нé загрижува ако не внесуваме доволно калциум преку исхраната.

Недостаток на калциум е честа појава

 

Недостатокот од калциум во организмот е дефиниран како хипокалцемија. Доколку не се препознае ваквата состојба, на долг рок таа може да води дури и кон животозагрозувачки состојби. Затоа е многу важно да се препознаат симптомите на хипокалцемијата и да се реагира.

Долготрајниот дефицит може да предизвика проблеми со забите, катаракта, ментални нарушувања, остеопороза, односно многу кревки коски подложни на скршеници.

За жал, хипокалцемијата е доста застапена помеѓу населението, односно луѓето често не го внесуваат калциумот доволно преку исхраната или преку правилното суплементирање, па страдаат од симптомите на недостаток.

Фактори кои попречуваат нормална апсорпција на калциум

Дополнително, бројни фактори предизвикуваат попрчување во апсорпцијата на калциум, а тоа на подолг рок може да води и до хипокалцемија. Такви фактори се:

◦ недостаток од витамин Д
◦ недостаток од магнезиум
◦ преголем внес на натриум и фосфор
(сол, адитиви во храната и газирани пијалаци)
◦ хронични бубрежни заболувања
◦ нарушена функција на тироидната жлезда
◦ операции за намалување на обемот на желудникот
◦ некои видови на терапии
(инхибитори на протонската пумпа, хемотерапија, терапии за епилепсија)

Симптоми на недостатокот од калциум

Симптомите на хипокалцемијата можат да варираат во навистина широки граници – од непостоечки до тешки и животозагрозувачки. Хроничниот нетретиран недостаток може да доведе до тешки последици, вклучително рахитис, остеопенија и остеопороза.

Дури и ако дефицитот не се манифестира со никакви симптоми, посебно во раната фаза, метаболитичките нарушувања и потенцијалните дисфункции веќе се случуваат.

Ниските нивоа на калциум во крвта и недостатокот од калциум можат да водат кон следните симптоми:

• расипување на забите
• лош квалитет на коса
• сува кожа
• мускулна слабост и чести грчеви
• хроничен нагон за чешање
• псоријаза
• катарака
• кршливи нокти
• симптоми на остеопороза
• пецкање во екстремитетите и околу устата
• хроничен замор
• нарушена интелектуална способност, лесна надразливост, депресија, анксиозност
• промени во гласот поради истегнување(спазам) на мускулите на гркланот
• проблеми со голтањето
• болки во градите
• срцева слабост
• онесвестување

Кога ќе му наведете некои од споменатите симптоми, докторот ќе ви препорача тестирање на крвта за утврдување на нивото на калциум.

Третман и превенција

Колку калциум е потребен од исхраната и суплементирањето и во каква форма за да се превенира хипокалцемијата? Колку калциум е потребен за да се постигне оптимално здравје?

Ова прашање е предмет на дебата во научниот свет, помеѓу докторите и нутриционистите. Одделот за исхрана и нутриција на Американската академија за медицина, заклучува дека не постојат доволно податоци за да се утврди точно потребниот внес на овој макроминерал преку исхраната и суплементите.

Наместо тоа, тие дефинираат ,,адекватен” внес на калциум кој се движи од 1000mg за возрасни лица, до 1200mg за лицата постари од 50 години.

Околу 1% од вкупниот калциум на телото е потребен за одвивањето на клучните физиолошки функции. Телото го складира вишокот калциум во коските и ткивата, за кога ќе паднат неговите нивоа во крвта, повторно да го земе од нив.

Калциумот во храната

Првата работа која треба да ја направите при хипокалцемија е да го зголемите внесот на калциум преку исхраната. Иако млечните производи се особено богати со калциум, другите нивни компоненти ги прават лош избор за здравјето на коските. Дополнително, ваквите произовди се проблематични и од низа други аспекти.

Наместо нив, изберете:

◦ семиња- чиа, сусам
◦ риба -сардина, лосос
◦ јаткасти плодови – бадеми
◦ зелени зеленчуци –
брокули, зелка, спанаќ, прокељ, рукола
◦ тофу
◦ суви смокви
◦ мешунки
– грав, леќа кои се дополнително богати и со останатите есенцијални микро и макроминерали

Значи, ако имаме здрава исхрана и пиеме доволно вода (која содржи калциум) не би требало да имаме дефицит на калциум.


Суплементирање

Доколку и по промените во исхраната, повторно имате деифицит, можеби ви се потребни суплементи. Во однос на суплементите, користете калциум цитрат малат и земајте го поделено на два пати, заедно со оброците за подобра апсорпција.

Секогаш имајте на ум дека и претераната консумација на богата храна со калциум и несоодветното суплементирање можат да водат до уште поголеми проблеми како хиперкалцемијата која може да доведе до срцеви заболувања, бубрежни камчиња, а може да биде и животозагрозувачка.

Повеќе студии покажуваат дека суплементирањето на своја рака може да има големи ризици, особено ако е редовно. Затоа, суплементите земајте ги после направена крвна слика и по советувањето со вашиот лекар.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор