fbpx

Искуства за пациентка со полицистични јајници

Се викам Павлинка и сум 26год. Уште во тинејџерски години имав проблем со месечниот циклус за да после многу прегледи се постави дијагноза полицистични јајници. Имав покачен ANDROSTENDION. И од тогаш почнав со хормонски терапии, diane35, primolut nor итн. 

Од сите овие ефектот беше дур се пијат, чим престанам пак исто и телесната тежина значително се зголемуваше. Се изморив од апчиња и престанав со сите терапии и неколку години ништо не примав. 

Но почнаа мачнини, немање циклус со месеци и отидов кај акушер кој дијагностицира – инсулинска резистетност. Ми препишаа глукофаж од 1000. Ги пиев редовно. Но пак имав ненадејни кризи за благо, шекерот висок до 12 идеше, притисокот 100 со 140 нон стоп, главоболки. 

За Др.Митов случајно прочитав на интернет и се одлучив за консултации кај него како последна моја надеж за подобрување. Ми ја испрати програмата тој и првата мисла ми беше зар ќе живеам јас со оваа храна. Всушност, кога почнав да пазарам сфатив дека цело време сум била на погрешен рафт во маркет. 

Со овој начин на исхрана за еден месец шеќерот се намали на 5 и тоа јадена,притисокот се врати во нормала и за мене најголема радост намалив 5кг од телесната тежина. Претходно немаше средство за слабеење што јас го немав купено. 

Многу сум му благодарна на Др.Митов за овие резултати после години неуспех.

И сакам да кажам дека мене лично многу ми олесна сега не мислам секој ден што да јадам а тоа да не дебелее да не качува шекер па стрес притисок заради тоа. 

Циклус почнав да добивам.

Сфатив дека се е до нас, особено ние младите, имаме избор што ке јадеме. Програмот не е исцрпувачки или да гладуваш, напротив имаш 4-5 оброци,за разлика од пред тоа ко јадев по 2 пати и пак нон стоп гладна бев и кризи за благо.

Продолжувам со за мене мојот стил на исхрана, бидејќи така си го прифатив а не како диета, и со менување на навиките трајно, па на наредната контрола кај Др.Митов ке го видиме натамошниот резултат!

„Д-р Митов” е мојата успешна приказна

Пред осум години, сосема неочекувано, добив инфаркт иако имав  добро здравје, нормален крвен притисок и редовно планинарев и остварував други физички активности.

Некои велеа дека е тоа судбина, други дека е од стрес од новинарската работа (тогаш бев вработен во А-1 телевизија каде што репортерството беше многу захтевна профсија) итн.

За среќа, после брзата интервенција од неколку часа потоа  на д-р Жарко Христовски во Охрид (бидејќи во Битола немаше интервентна кардиологија), бев стентиран и го продолжив својот живот со терапија и лимитите што ми беа поставени.

За сето тоа време и потоа, воопшто не се исплашив. За жал, не обрнав внимание на најважното – на исхраната.

 

Секоја година започнаа да се трупаат килограмите и пред две години ја заминав “стотката“ и сосема случајно при преглед на крвната слика беше забележено зголемување на нивото на шеќерот, за подоцна да биде дијагностициран дијабет од типот Б.

Метформинот како терапија го прифатив, меѓутоа никако не сакав да се откажам од омилената храна – овчо сирење и кашкавал во големи количества, чварки, тестенини и многу овошје, што ова лето, кога се вратив од САД, на вагата покажа речиси 108 кг телесна тежина.

Квалитетот на животот ми беше сосема изменет, оти тешко пешачев, не можев да си ставам обувки, одбегнував  скали, со еден збор, како што ми велеше сопругата – не можев да си ја владеам снагата. Уште пострашно беше што колку и да јадам, веќе бев влезен во некоја чудна спирала на постојана незаситеност и глад.                

Конечно се исплашив Беше петок на вечер на почетокот на септември, кога почуствував голема мачнотија, лошење и стегање во градите. За разлика од првото искуство со слични симптоми, овој пат сериозно бев загрижен, но ништо не и кажав на сопругата која е д-р стоматолог по ортодонција, од проста причина  да ми вика брза помош на полноќ според лекарските принципи.

Другиот ден, сепак со нејзе, направивме цел еден протокол на дијагностички иследувања дали бил инфаркт, некоја друга кардиолошка тескоба или нешто трето. Се покажа дека повраќањето било од абдоминална природа поради виремични тескоби. Меѓутоа, резултатите од крвните наоди ме шокираа. Се’ беше во нормала, а шеќерот се кренал до 15, дали од стресот, стравот или од повраќањето. Тогаш за прв пат сериозно помислив, што правам со своето здравје и дека морам нешто сериозно да преземам со исхраната да не стасам до инсулинска терапија. Претходно, сопругата како лекар ме убедуваше дека тоа може да се избегне со правилна и одмерена исхрана, а со инсулинот веќе ќе бидам инвалид.                

Средба со д-р Митов 

Истиот ден до вечерта,  сопругата  ми испрати линк со порталот на  д-р Александар Митов во Скопје. Иако со скепса, бидејќи и порано сум имал искуства со нутриционист, сепак го отворив линкот и сe’ прочитав. Едноставно, се препознав себе си со своите проблеми и мојата спирала на полифагија (ненаситност за храна).

Референците на д-р Митов уште повеќе ме охрабрија да го исконтактирам и да се препуштам на неговите знаења и новите најсовремени искуства на науката поврзани со исхраната и здравјето.

Нашата саботна средба во Скопје беше срдечна, непосредна и многу искрена и траеше 90 минути за да ја раскажам својата горчлива приказна, која д-р Митов стрпливо ја слушаше, водејќи белешки.

Јас, се разбира, носев дијагностички протоколи и најсвежи резултати од крвната слика во која тримесечниот просек на шеќерот беше 9. Потоа направивме договор,  да го нападнеме шеќерот и тежината, за што, како што рече, ќе направи целосна анализа и ќе изготви протокол на исхрана според моите потреби и состојби, а ќе бидеме во постојан контакт.                

Два месеца потоа 

Откако го добив протоколот во кој беше исклучено се’ што дотогаш  јадев, во кој целта беше да се обезмасти џигерот и клетките, да јадам вегетарјанска храна и само еднаш неделно риба (заради полесно слабеење), работата си ја сфатив сериозно и со голем елан.

Започнав да пешачам два пати дневно по неколку километри (иако отпрвин „се тркалав”) и да го применувам протоколот според сите детаљи. Единствено не го јадам интегралниот леб на ручек, за да не ја отворам повеќе вратата на мојата слабост – тестенините.

Меѓутоа, ништо не ми фали, не сум повеќе гладен и постојано чуствувам ситост, а шеќерот ми се нормализира.

Го мерам два пати дневно и на вечер на д-р Митов на Вајбер му ги праќам резултати во порака, а потоа тој коментира, главно пофалби и охрабрување кон мене. Значи, за само нецели два месеца, стасав до телесна тежина од  минус 20 кг, т.е. сега имам околу 87 кг.

Се чуствувам многу полесно, Тумбе кафе го искачувам со леснотија, повторно два пати бев на „Пелистер” по 6 часа, на рамно брзо пешачам и „летам” и сега можам да се дотерам и пак да носам одела, бидејќи огромниот стомак се стопи.

Шеќерот како магија, влезе во референтните зони од  5- 5,5, а најважното од се’ е што се чуствувам одлично и физички психички. Едноставно, ми се врати мојот ведар дух, а нервозите ми исчезнаа и животот го гледам со оптимизам, небаре имам само педесеттина година, иако летово ги наполнив 64. 

Долгорочни цели 

На крајот од третиот месец, со д-р Митов ќе имаме квартална  средба, како што се договоривме, а се разбира, ќе го носам и резултатот од просекот на шеќерот за трите месеци, заради продолжување на нашата соработка и што понатаму?!.

Моја и негова цел е да стасам до референтната тежина (според висината и годините нешто под 70 кг) и со негово очекување и моја надеж, да се ослободам од метформинот и со правилниот начин на исхрана, на организмот да му овозможам природна регулација на шеќерот.

Искрено верувам во тоа, а најмногу во знаењето на д-р Митов и научните достигнувања во оваа област, што започна да ги применува кај нас.

И најнакрај, се надевам дека заеднички со овој човек кого го почитувам како вистински мој пријател, ќе го најдеме алгоритмот за надминување на мојата карактерна слабост – да дојдам до целта и да застанам, наместо да продолжам (како што досега сум правел). Сега, цврсто сум решен оваа моја прекрасна приказна да не биде само една етапа по која би се вратил повторно назад. Напротив, силно сакам, таа да остане како моја култура на живеење, а за тоа силната поткрепа доаѓа од д-р Митов!                

Пеце Стефановски, новинар во АЛФА ТВ- Скопје

СТАБИЛИЗИРАН ШЕЌЕР, НАМАЛЕНИ ИНСУЛИНСКИ ЕДИНИЦИ, НОРМАЛИЗИРАН ПРИТИСОК! Со Д-Р МИТОВ

По подолго боледување за кое време бев повеќе во кревет отколку на нозе случајно на ФБ го прочитав името на д-р АЛЕКСАНДАР МИТОВ и неговата работа.

Незнаејќи веќе кај кој доктор да се обратам заради моите дијагнози (дијабет кој веќе 10 години не можев да го средам иако примав инсулин три пати на ден со по 30 единици наутро и навечер, а на пладне 20, и два пати метформин од 1000; висок крвен притисок кој стасуваше и до 200/120; високо ЦРП и многу високи леукоцити; со две колена оперирани десетина години и движење со две штаки; и една дијагноза која не може со сигурност да се дефинира надворешна поткожна инфекција – непознато и црвенило на нозете кое беше страшно да не отвори рани кои покасно поради дијабетот тешко дека ќе се затворат) – решив да се јавам на објавениот телефонски број.

 

Првиот впечаток со направениот телефонски број ми влеа доверба во него и се решив на средба. Не знам за докторот што помисли за мене кога ме виде со две штаки, а богами и со позамашна килажа, ама мојата прва мисла беше: „ОВОЈ ЧОВЕК ОД СРЦЕ СЕ НАСМЕВНУВА И МОРА ДА Е ПРЕКРАСНА ЛИЧНОСТ”. И во тоа не се прелажав.

Веднаш се договоривме да отпочнеме со неговата терапија која не беше страшна. 

По неколку дена од отпочнатата терапија шеќерот почна многу бргу да паѓа, а воедно и притисокот.

 Секојдневно се допишувавме со докторот по два пати на ден, а само да напоменам дека претходно мојот шеќер и покрај инсулинот доспеваше 24 или до 3! Веднаш се увиде потребата да ја коригирам вечерната доза за неколку единици.

Придржувајќи се до неговите упатства за исхрана, се намали потребата и од дозата за ручек така што за еден месец истата беше исфрлена од потреба, и до ден денес.

Во паралела се намалуваше и утринската доза.

Се’ на се’ – сега по три месеци – јас примам инсулин наутро и навечер само по 16 единици, и на пладне само една таблета метформин. 

За притисокот дури не можам и самат да си поверувам: години и години висок, а овие три месеци се движи од 135/80 до 125/70, идеално за мене и моите години. 

ЦРП дојде до најдолната граница, црвенило на нозете нема и се движам со една штака.

Сакам да напоменам дека со новиот начин на исхрана се намалува и телесната тежина и конечно да легнам на стомак и спијам.

Докторе, најмногу на свет сум Ви на Вас благодарна што ми ја вративте желбата за живот и поубави денови. Ако некој сака подобро здравје, мојот совет за сите е Д-Р АЛЕКСАНДАР МИТОВ!  

 Марче

Пре-дијабетот е жолт картон!

Пре-дијабет е состојба во која шеќерот во крвта е повисок од нормалните вредности, но не  е доволно покачен за да се воспостави дијагноза дијабет. Пре-дијабетот нема знаци или симптоми. Луѓето со пре-дијабет имаат значително повисок ризик од развој на дијабет и кардиоваскуларни болести. Без промени во животниот стил, вклучувајќи правилна исхрана, зголемена активност и намалена тежина, голем дел од пациентите со предијабет ќе развијат дијабет. Постојат три пре-дијабетни состојби:

  • Нарушена толеранција на глукоза е кога нивото на глукозата во крвта е повисоко од нормално, но не доволно за да се класифицира како дијабет;
  • Нарушена глукоза на гладно – кога глукозата е покачена во фаза на гладување, но не доволно за да се класифицира како дијабет;
  • Можно е да се присутни и двете претходни состојби.

  Ризик фактори Ризик фактори за пре-дијабет се:

  • Зголемена телесна тежина – ообено насобирање масно ткиво околу половината (над 94цм за мажи и 80цм за жени);
  • Физичка неактивност;
  • Високи триглицериди и низок „добар” холестерол и/или висок вкупен холестерол;
  • Висок крвен притисок;
  • Претходна фамилијарна анамнеза на дијабет.

  Зголемен дополнителен ризик:

  • Жени со синдром на полицистични јајници;
  • Жени кои имале дијабет во време на бременост.

  Третман Ако имате дијагноза на пре-дијабет – прва линија на препорачана терапија се промени во животниот стил. Тоа вообичаено подразбира правилна исхрана, зголемена физичка активност и намалување на телесната тежина. Пациентите со пре-дијабет имаат зголемен ризик од срцев удар и затоа треба особено внимание да се посвети на нормализирање на крвниот притисок, холестеролот и  триглицеридите.   Програма на д-р Митов за пре-дијабет Дијагнозата за нарушен метаболизам на глукозата не значи дека сигурно ќе добиете дијабет. Тоа значи дека имате 10 до 20 пати поголем ризик од останатите да добиете дијабет. Силни научни докази потврдуваат дека дијабетот може да биде спречен  во 58% од случаите на пре-дијабет. Состојбата на пре-дијабет означува дека не е доцна. Пре-дијабетот е жолт картон и предупредување за вашето здравје, но и шанса да се поправат работите пред да биде предоцна! Термин за консултација со д-р Митов може да закажете тел 071-588286.  

ГОЈАЗНОСТ во БРЕМЕНОСТ – РИЗИК И ЗА МАЈКАТА И ЗА БЕБЕТО

Нормално е да се покачи телесната тежина во бременоста. Но, доколку се претера со покачувањето, и животот на мајката и животот на детето се ставаат под ризик.

Затоа, на поправањето во (и пред!) бременоста – треба да се пристапи со крајна сериозност. За да не дојдеме до претерување со телесната тежина, пресудно е од каде ќе почнеме.

Односно, со која телесна тежина ќе започне бременоста?  

Дали сте знаеле дека во многу европски земји, ако вашиот БМИ (Body Mass Index) е над 30кг/м2 – тогаш не ги исполнувате критериумите за ин витро оплодување?  

Или со други зборови: ако сте високи 155 cm и над 72кг, или ако сте високи 160 cm  и над  78 кг, или ако сте 165 cm и над 82 кг – во сите овие ситуации вашиот БМИ е над 30кг/м2 и нема да ви дозволат да направите ин витро  – ниту „преку фондот”, ниту на приватно.

Зошто?

Прво и основно, самата тежина над оваа граница ја зголемува веројатноста за неплодност  за три пати!  Значи, можеби вие и воопшто немате биолошки проблем со плодноста – туку едноставно имате преголема телесна тежина. Лекот за таа ситуација не е ин витро. Лекот е слабеење. 

Второ, со толку зголемена телесна тежина, веројатноста да успее ин витро оплодувањето е намалена. 

Трето,  дури и да успее обидот за ин витро, животот и на пациентката и на детето се става во значителен ризик. Имено, со толку голема телесна тежина расте ризикот од зголемен крвен притисок и дијабет кај мајката, а за плодот расте ризикот од абортус и други неповолни исходи.  

Затоа, пред бременост која ќе настане или по природен пат, или по ин витро, исклучително значајно е  најнапред  да се нормализира телесната тежина на идната мајка.

8 извонредно важни тестови кај ДИЈАБЕТЕС

Дијабетесот бара дисциплина. Колку помалку има дисциплина – толку повеќе растат ризиците од мошне сериозни компликации! Дијабетесот бара:

  • Дисциплина во исхраната,
  • Дисциплина во физичката активност,
  • Дисциплина во земањето терапија,
  • Дисциплина во редовните тестови и контроли!

  Ако не се прават редовните тестови – многу поверојатно е да не можете да реагирате навремено и да се соочите со некоја од последиците: слепило, откажување на бубрезите, ампутација на нога, срцев или мозочен удар! Затоа, изворедно е важно да се прават следните тестови:  

  1. Гликолизиран хемоглобин. Овој тест е основа на следењето на состојбата кај пациентот. Барем 2 пати во годината, според Американската Асоцијација за Дијабет.
  1. Редовно мерење крвен притисок. Покачениот крвен притисок е секако опасен, но особено е опасен кај пациенти со дијабет. Мора да го мерите и мора го ставите под контрола.
  1. Холестерол во крвта. Најголем дел од фаталните случаи кај дијабет се токму од кардиоваскуларните болести. Знаејќи ја оваа статистика, холестеролот не смее да ја надмине горната граница кај дијабетичари.
  1. Проверка на стапалата. И самите редовно одржувајте хигиена, секојдневно, и следете ја состојбата на стапалата. Користете само удобни обувки. И при најмала раничка – веднаш на лекар.
  1. Контроли на очите. Вашиот лекар ќе ве упати на редовни годишни контроли на очите, практикувајте ги бидејќи може да ви го спасат видот.
  1. Тест за бубрежната функција. Соодносот на албумин и креатинин е исто така еден од важните тестови за работата на бубрезите. Не го заборавајте овој тест. Бубрезите не даваат предупредувачки знаци, пред да биде предоцна!
  1. Прегледа кај стоматолог. Ако се појават оштетувања на жлебнината, можно е да се накалемат инфекции. Зада не дојде до тоа, водете редовна лична хигиена на забите и одете на стоматолог.
  1. ЕКГ. Можноста од нарушено здравје на срцето е релативно голема кај пациентите со дијабетес. Особено над 50 годишна возраст – работата на срцето мора редовно да се следи.

  Ова се тестовите кои треба да ги правите. Се разбира, ова не е вистинска превенција, туку т.н. секундарна превенција. Вистинската превенција е ако водите здрав животен стил! 

ИСХРАНАТА при ТРЕТМАНОТ НА БОЛЕСТИ

Како се храниме не е сеедно кога сме здрави, а камоли пак кога сме болни. Исхраната кај различни болести може да помогне, а може и да одмогне. Може дури и целосно да влијае на текот на болеста…  

ДИЈАБЕТЕС

Еден таков драстичен пример е дијабетесот. Кај дијабетес, не само што не е сеедно, туку целосниот тек на болеста може да зависи од дисциплинираноста во исхраната. Нашето искуство при промена на исхраната со пациенти со дијабетес јасно го докажува овој факт. За кратко време, не само што шеќерот во крвта почнува да се стабилизира, туку и значителни подобрувања се случуваат кај тромесечниот просек (гликолизиран хемоглобин), а многу често се намалува или губи потребата од терапија. На пациентите им се препорачува  соодветен режим на исхрана, редовна физичка активност и одредени додатоци во исхраната кои имаат научно докажан ефект.  

ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК

Според реномираните NICE препораки за лекување на хипертензија, најнапред кај пациентите се препорачуваат промени на животниот стил (lifestyle). Центарот за медицина на животен стил („лајфстајл” медицина) на д-р Митов ги нуди токму тие иницијални интервенции во животниот стил за намалување на покачениот крвен притисок. Вреди да се спомне дека покачениот крвен притисок не е наивна работа, туку една од водечките причини за смрт во светот и кај нас. Исхраната, физичката активност и навиките имаат огромно влијание врз крвниот притисок. За кратко време по почеток на програмата вообичаено се случува да има потреба од намалување на медикаментозната терапија за притисокот да не паѓа премногу ниско.  

ПОКАЧЕНИ МАСТИ ВО КРВТА

Покачените масти во крвта може да се намалат со лекови (статини), но подобро е да се намалат на природен начин – со исхрана и природни намирници. Притоа, соодветната исхрана нема споредни несакани ефекти. Статините имаат многу несакани ефекти. Оттука, секогаш силно ги охрабруваме пациентите нормализирањето на мастите во крвта да се потрудат да го постигнат пред се` со промените во животниот стил.  

СРЦЕВИ БОЛЕСТИ

Со соодветна исхрана, за 24 дена, кај 90% од пациентите со ангина пекторис (болка во градите) доаѓа до намалување на симптомите и до подобрување на циркулацијата во срцевиот мускул. Се разбира, ова е податок од научни студии и од пракса со пациенти, не е паушална информација. Дури и ако веќе е направен стент или операција, потребата од правилна исхрана не се губи. Напротив, тогаш има и докази дека мора особено да се внимава на исхраната и животниот стил.  

ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ

Синдромот на полицистични јајници е под силно влијание на животниот стил. Намалување на телесната тежина и од само 5% може да даде видни подобрувања на симптомите кај пациентката. Додатно, постојат додатоци на исхрана кои влијаат поволно на работата на јајниците и го забрзуваат процесот на нивно нормализирање.  

ОСТАНАТИ БОЛЕСТИ

Списокот на болести каде исхраната може да помогне, за среќа е долг. Има и такви кај кои се’ уште нема докази дека исхраната и природните намирници може да доведат до подобрување. Но, трендот во науката е дека се’ повеќе болести на еден или друг начин се поврзуваат со исхраната и животниот стил.   Центарот за медицина на животен стил на д-р Митов им нуди поддршка на пациентите кои ќе одлучат да поминат низ промена на навиките, и кои преку природни интервенции сакаат да го зачуваат или подобрат своето здравје. 

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор