fbpx

ЗЕМАВ 48 ЕДИНИЦИ ИНСУЛИН, СЕГА НУЛА

Јас сум Бобан Спасовски и моето искуство со д-р Митов ќе го раскажам сосема накратко и само со бројки.

Порано имав над 145 килограми, а сега имам 106 кг.

Порано шеќерот во крвта ми одеше до 18, а сега до 6,5.

Порано тромесечниот просек ми беше 15%, а сега е 5,8%.

Порано земав 48 единици инсулин на ден и двапати дневно Сиофор од 1000 mg.

Сега не примам инсулин и никаква терапија, а шеќерот е нормален.

Здрава дисциплина и добри совети, благодарение на д-р Митов!

Искуство на пациентка со ПОЛИЦИСТИЧНИ јајници

Мојата приказна со д-р Митов започна на 22.11.2017 два дена од кога бев на интернист и со поставена дијагноза замастен црн дроб, со речиси тројно покачени вредности на АСТ и АЛТ (резултатите со слики се во прилог ) и килажа од 108.5 кг. Патем, имав и други дијагнози, пред се’ полицистични јајници, а имам и хашимото. Започнав со промена на мојот животен стил и нашата првична цел беше да се нормализираат вредностите на ензимите на црниот дроб. Како што минуваше време (иако јас бев скептик во секој момент за било што!)  вредностите се намалуваа, за на крајот на третиот месец  да бидат целосно нормализирани (а беа три пати над горната граница, да повторам). Но, не само ензимите, кога започнав со здравата исхрана, примав еутирокс  од 100, за да сега ми се намали на 50. Дијагнозата полицистични јајници и добивањето на месечен циклус на три месеци е минато, сега добивам редовно секој месец, и дури јајниците не со под класификација полицистични. И крајно со 84 кг, значи минус 24 кг, но со тенденција да намалам  уште 10 кг. Бескрајно му благодарам на д-р Митов, за неговото трпение за неговата поддршка, зошто без него ништо од ова немаше  да се смени!   (ПРИТИСНЕТЕ НА БРОЈКИТЕ НА СЛИКАТА ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ПРЕД И ПОТОА, ОД МЕДИЦИНСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА ПАЦИЕНТКАТА).   /текстот е објавен со дозвола на пациентката, без објавување на нејзиниот идентитет.

ХИПЕРИНСУЛИНЕМИЈА – Искуство со д-р Митов

Здравјето не можеш секому да му го довериш.

Мојата дијагноза е хиперинсулинемија хормонот инсулин ми беше 136,1 uIU/ml. 

Себе си се изложив на неколку различни диети кои не вродија со пол, морам да признаам дека килограмите се намалуваа, но хормонот не.

Секогаш бев поспана, имав во себе некој немир кој не можев да го објаснам, бев без енергија, концентрацијата ми беше намалена и се разбира секогаш бев гладна.

Во последните три месеци откако почнав да ја практикувам програма на Д-р Митов не само што се чувствувам подобро, туку и резултатите се видливо подобри хормонот инсулин сега ми е 10,9 uIU/ml. 

Енергијата од дена на ден ми се враќашe, не сум веќе поспана, не се чувствувам вознемирено, можам да кажам дека и не сум „заборавена„ како порано.

Намалив 10 kg со тоа не самo што се чувствувам поенергично туку како и кај секоја жена морам да признаам дека тоа придонесува и самодовербата да се подобри.

Со почит,

ИСКУСТВО: понизок шеќер, намален притисок, помалку инсулин

Имам 50 години. Имам диабет од тип II и хипертензија.

Користам инсулин Lantus и терапија против висок крвен притисок.

Иако редовно користев 34 единици инсулин и терапија за висок крвен притисок, последниве месеци нивото на глукоза во крвта беше над 9 и крвниот притисок 210/120 mm Hg.

Мојата телесна тежина беше 97 kg.

По консултацијата и советите од Dr. Александар Митов, веднаш после 10 дена се приметуваа големи подобрувања.

Сега, после месец и пол, јас тежам 89 kg (8 kg помалку), нивото на глукоза во крвта е 5.4-6.0, го намалив внесот на инсулин од 34 на 28 единици и имам крвен притисок 135/90 mm Hg.

Професор од Тетово

ДИЈАБЕТ – Искуство со д-р Митов

Јас сум Бобан Спасовски и моето искуство со д-р Митов ќе го раскажам сосема накратко и само со бројки.

Порано имав над 145 килограми, а сега имам 106 кг.

Порано шеќерот во крвта ми одеше до 18, а сега до 6,5.

Порано тромесечниот просек ми беше 15%, а сега е 5,8%.

Порано земав 48 единици инсулин на ден и двапати дневно Сиофор од 1000 mg.

Сега не примам инсулин и никаква терапија, а шеќерот е нормален.

Здрава дисциплина и добри совети, благодарение на д-р Митов!За Програмата за животен стил кај ДИЈАБЕТ – контактирајте не’ на 071588286.

Останати Програми на Центарот за лајфстајл медицина на д-р Митов:

Програма за животен стил кај хиперинсулинемија

Програма за животен стил кај покачен притисок

Програма за животен стил кај покачени масти

Програма за животен стил кај синдром на полицистични јајници

Прграма за животен стил кај замастен црн дроб

Програма за здраво слабеење.

Клара споделува искуство со дијабетот

Се викам Клара и би сакала да ви го раскажам мојот пат кон здрави навики на исхрана и здрав живот… Се започна пред три години. Поточно брзото темпо на живот, стресните состојби, нездрава исхрана без физичка активност доведоа до сериозни проблеми на моето здравје.Почнав да се дебелам, јадев се што можев и достигнав тежина од 130 килограми, но тука почнаа и моите проблеми со здравјето:  добив висок крвен притисок, дијабет, холестерол, пиев разни таблети и не гледав решение за моето зравје. Сакав многу да го подобрам моето здравје, но не гледав решение, почнав да ги гледам на социјалните мрежи советите на д-р Митов и го замолив да ми помогне како да научам здраво да се хранам. Се’ уште ги паметам неговите зборови на нашата прва средба – имаш две патеки од тебе зависи по кој пат ќе одиш! Jас одбрав живот, ме стави на програма и со помош на д-р Митов почнав да редам успеси, крвниот притисок го доведов во нормала, холестеролот, но најмногу се радувам што научив да го контролирам дијабетот. Сега здраво се хранам, физички сум активна и можам да се пофалам телесната тежина  се намалува, сега имам 98 килограми. Секако тука нема да застанам и сакам да ви напомнам дека решението на секој проблем е токму во вас изберете и вие вистински пат кон здрав живот. ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ НА Д-Р МИТОВ посебен човек, доктор и посебна чест за мене што го запознав. ВИ БЛАГОДАРАМ ДОКТОРЕ НА ПОМОШТА!

„Со здрав режим на исхрана до состојба без дијабет”

Се викам Ганимет Саити и имам 64 години.

Пред пет години почнав да ги приметувам типичните симптоми на дијабетот, и после деталните медицински проверки, дијагнозата ми беше потврдена.

Бев многу исплашена, посебно поради фактот што немам семејна историја, туку состојбата се појави „од никаде“. Со многу дилеми и прашалници ја започнав препишаната медицинска (конвенционална) терапија, која за жал само ми ја влоши состојбата. 

Нивото на шеќер во крвта ми беше континуирано високо дури и после засилувањето на дозата на лекот. 

Почнав да се чувствувам лошо, без енергија дури и за секојдневни рутински обврски.

Го споделив проблемот со моите пријатели и роднини, и на моја среќа, се спомена името на др. Александар Митов.

Преку разни медиуми секојдневно читаме и се информираме за влијанието на здравата исхрана врз здравјето, но сепак, сите овие информации за жал не ги применуваме или пак не сме доволно убедени во моќта на храната како природен лек и прочистувач.

Повторно со многу дилеми, ја закажав првата консултација со др. Александар. После нашиот разговор и анализата на целокупната историја, го добив првиот нутриционистички план, односно третман преку исхрана за мојата состојба. 

По дисциплинираното следење на планот за исхрана, резултатите беа изненадувачки веќе првиот месец! 

Јас и моето семејство за прв пат бевме сведоци на позитивното влијание на планот за исхрана врз градуалното стабилизирање односно намалување на нивото на шеќерот во крвта.

После еден месец и прекрасните резултати, др. Александар ми подготви нов план за исхрана според новите резултати. Морам да признаам дека сите комбинации (кои вклучуваат и детално опишани рецепти за секој ден) се мошне вкусни. 

За прв пат од дијагностицирањето со дијабет се чувствував полна со енергија, почнав пак да патувам, но сепак дисциплинирано го следев планот (без авантури и опуштања!). 

Сега, после неполни четири месеци од првата консултација со др. Александар Митов јас веќе немам симптоми на дијабет, нивото на шеќер во крвта ми е стабилизирано и во граници на нормалните вредности и придобивките се бесценети! 

На сите кои се соочуваат со слични состојби, најтопло препорачувам што поскоро да ја преземат контролата врз нивното здравје со помош на посебниот начин на исхрана којшто со многу посветеност и професионалност го подготвува др. Александар Митов.

Јас сум бескрајно благодарна што со помош на советите од др. Александар сега ги уживам благодетите на доброто здравје. Понекогаш лекот е толку едноставен, само треба да бидеме дисциплинирани и истрајни за да ја постигнеме нашата цел.

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор