fbpx

Камења во жолчката – последица на нагло слабеење!

Се наближуваат топлите денови и наскоро ќе започне сезонското „пред-одморско” слабеење. Некои и ќе пропагираат „брзо и безбедно слабеење”, а таа комбинација, биолошки,  не е можна! Наглото слабеење носи сериозни здравствени ризици, а денес се фокусираме само на еден од нив: камења во жолчката. Кога ќе настапи процес на нагло слабеење (или заради нездрав режим, или заради прашоци за слабеење) доаѓа до нагло ослободување на масни киселини од адипоцитите (масните клетки). Дополнително, пролонгираните периоди на нејадење го намалуваат лачењето на жолчни киселини. Заради сето тоа доаѓа до презаситување на жолчната течност со холестерол и создавање камења во жолчката. Понекогаш, процесот е изненадувачки брз и камењата се формираат за само неколку месеци. Ние, во Центарот за лајфстајл медицина на Д-р Митов, веруваме дека слабеењето треба да е здраво, постепено и одржливо. Тоа може да се случи само ако слабеењето е последица на промена на навиките и на начинот на живот, а не на привремени режими. Секој привремен режим дава привремени резултати и на долг рок е осуден на неуспех. Само промената на животниот стил води кон подобро и одржливо здравје. Секој може!

7 ХОРМОНИ КОИ ГО ОТЕЖНУВААТ СЛАБЕЕЊЕТО

Многу често слабеењето не е проста математика на внес на калории, туку има и подлабоки причини зошто телесната тежина се зголемува, или пак не се намалува. Во тие случаи хормоните може да се покажат како клучни за темпото на слабеење и може да имаат многу силно влијание. Следниве хормони се особено значајни: 1. Инсулин Ова е хормонот кој се лачи во панкреасот и е клучен за одржување на нивото на шеќер во крвта. Но, доколку консумирате премногу обработена храна и имате нездрави оброци, тогаш во телото ќе порасне отпорот кон инсулин и тоа ќе доведе до повисоки нивоа на инсулин. Високото ниво на инсулин ќе ја зголеми потребата од храна и ќе предизвика нагласен глад за благо. Така започнува еден магичен круг кој води кон се’ поголемо консумирање храна и зголемена телесна тежина. Затоа, кај овие случаи мора прво да се влијае на самиот процес на отпорност кон инсулин. 2. Лептин Лептин е хормонот кој му укажува на тоа дека веќе сте најадени. Отпорноста кон инсулин ги зголемува и вредностите на лептинот, но наместо намалено чувство на ситост – доаѓа до отпорност и кон лептинот. Како резултат мозокот ја губи способноста да одреди кога сте најадени, и иако сте најадени може да продолжи да ве стимулира да земате уште повеќе храна! 3. Грелин Уште познат како хормон на гладот и го стимулира таложењето на мастите. Вредностите на грелин силно растат кај луѓе кои се на диети, водат кон прекин на строгите режими и потоа забрзано депонирање на масти. 4. Тироидни хормони Една од најчестите причини за брзо покачување на телесна тежина се нарушувањата на тироидните хормони. Дополнително, цела лепеза на непријатни симптоми ја зголемуваат летаргичноста и ниското ниво на енергија кај пациентот, па преку неактивноста водат кон уште поголемо покачување на телесната тежина. 5. Тестостерон Во основа машки хормон, но го има и во женското тело. Игра значајна улога во согорувањето на мастите и градбата на мускулите и коските. Редовната физичка активност е одличен начин за умерено покачување на нивото на тестостерон, се разбира, не во патолошки граници. 6. Кортизол Еве го хормонот кој го поврзува стресот со нагласената потреба од храна! При хроничен стрес неговите нивоа значително се креваат и предизвикува потреба од внес на благи нешта. Уште една значајна замка е ако сте на некоја диета која ви причинува значителен стрес – кортизолот уште повеќе ќе ви ја зголеми потребата во храна и ќе се вртите во круг! 7. Естроген Сигурно сте чуле некој да ви се пожали – Штом почна менопаузата – килограмите се зголемија! Тоа е естрогенот, или поточно намалените нивоа на естроген. Ниското ниво на естроген особено придонесува за ставање масни наслаги околу стомакот. Покачената телесна тежина некогаш е многу покомплексна медицинска состојба одошто навидум може да изгледа, и не е се’ до количината на храна која се внесува, или калориите.

ФИБРОГЕЛ – научни докази

ФИБРОГЕЛ е производ кој се состои од лушпи од растението Plantago ovata, индиски тегавец.

Лушпите од Plantago ovata (ФИБРОГЕЛ)  се чист извор на растителни влакна кои вообичаено се користат како нежен, неиритирачки лаксатив кој додава волумен на изметот.

Всушност, станува збор за растворливи влакна кои поминуваат низ дигестивниот систем без притоа да бидат целосно растворени или апсорбирани. Лушпите од Plantago ovata (ФИБРОГЕЛ) се од голем интерес за медицинската наука и истите се истражувани за нивниот ефект кај констипација, дијареа, ниво на шеќер во крв, крвен притисок, холестерол и слабеење. (1) (2) (3) Овој текст ги анализира најзначајните студии посветени на лушпите од Plantago ovata (ФИБРОГЕЛ) .  

1.НАУЧНИ ТРУДОВИ за КОНСТИПАЦИЈА

Зголемувањето на волуменот на изметот придонесува за олеснето празнење на цревата (4) (5). Механизмот на дејство е таков што растителните влакна во тенкото црево ја врзуваат делумно сварената храна.

Потоа, како се насобира вода, содржината почнува да набабрува и со тоа доаѓа до олеснето формирање и проодност на изметот. (6) (7) Научна студија покажала дека земањето 5,1 грам два пати на ден во период од две недели – довело до значително зголемено празнење на цревата кај 170 испитаници со хронична констипација. (8) Се заклучува дека лушпите од Plantago ovata (ФИБРОГЕЛ) помага за редовноста во празнењето на цревата.  

 

2.НАУЧНИ ТРУДОВИ за ДИЈАРЕА

Лушпите од Plantago ovata (ФИБРОГЕЛ) се испитувани и кај обратната состојба, кај дијареа. Овој пат различно се дозирало количеството на вода. Имено, за кај констипација една лажица се зема во голема чаша вода. Кај дијареа, истата количина растителни влакна се ставала во чаша вода помеѓу 50 и 100 мл. Собирајќи го вишокот вода во цревата, лушпите од Plantago ovata (ФИБРОГЕЛ) придонесувале за оформување на столицата. Една студија покажала намалување на дијареата кај 30 пациенти кои биле подложени на радиациона терапија. (9)  

 

3.НАУЧНИ ТРУДОВИ за ШЕЌЕР ВО КРВТА

 

Додатоците со растителни влакна покажуваат подобрување на гликемискиот индекс, и намалување на нивото на шеќер и инсулин. Ова особено важи за растворливите влакна како што се лушпите од Plantago ovata (ФИБРОГЕЛ) (10, 11, 12, 13, 14).

Всушност, лушпите од Plantago ovatа (ФИБРОГЕЛ)  имаат подобар ефект одошто другите извори на влакна како што се триците. Приќината за тоа е што со самото формирање гел – се забавува дигестијата и шеќерот побавно се апсорбира (15, 16).

Научна студија со 5.1 грам лушпите од Plantago ovatа два пати на ден за 8 недели, кај 56 дијабетирачи довело до намалување на нивото на шеќерот во крвта за 11% (17).

Во друга студија, повисока доза (5 грама три пати на ден) за 6 недели – довело до намалување на нивото на шеќерот во крвта за 29%, и тоа во првите 2 недели (18). За најдобар ефект врз нивото на шеќерот во крвта најдобро е лушпите од Plantago ovatа (ФИБРОГЕЛ) да се земаат веднаш после оброк. Дозата за влијание врз шеќерот врз крвта е барем 10 грама на ден (19, 20, 21).  

4.НАУЧНИ ТРУДОВИ за СИТОСТ и НАМАЛУВАЊЕ ТЕЖИНА

Растителните влакна кои формираат гел може да помогнат во контролата на апетитот и да помогнат во намалување на телесната тежина. (22, 23, 24). Студии покажуваат дека ефектот е позначителен кога лушпите од Plantago ovatа ќе се земат пред оброк и со тоа доаѓа до забавено празнење на жулудникот и зголемено чувство на ситост следните 6 часа после оброкот.  

 

5.НАУЧНИ ТРУДОВИ за ХОЛЕСТЕРОЛОТ

Лушпите од Plantago ovatа се врзуваат за мастите и жолчните киселини во цревата и со тоа забрзано се исфрлаат од телото. Како што телото надоместува за изгубените жолчни киселини – така црниот дроб го троши холестеролот. Како последица, нивото на полестерол се намалува (25). Истовремено, не само што е најдено дека има влијание и го хамалува ЛДЛ, туку дека истовремено влијае и го зголемува ХДЛ (26).  

 

6.НАУЧНИ СТУДИИ за СРЦЕТО

Лушпите од Plantago ovatа (ФИБРОГЕЛ) покрај ефектот врз холестеролот, според одредени научни студии покажуваат ефекти и врз нивото на триглицеридите, крвниот притисок и ризикот за срцева болест (27, 28). Научна студија покажала дека 5 грама од лушпите од Plantago ovatа три пати на ден – го намалува нивото на триглицериди за 26% во споредба со плацебо, за шест недели. Статистички значителен ефект е докажан и врз крвниот притисок. Не случајно Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го дозволува тврдењето дека редовниот внес на лушпите од Plantago ovatа го намалува ризикот од срцева болест

7.НАУЧНИ СТУДИИ како ПРЕБИОТИЦИ

Пребиотици се материи кои не се варат во процесот на дигестија, а им помагаат на бактериите во цревата правилно да се развиваат. Лушпите од Plantago ovatа (ФИБРОГЕЛ) се смета дека имаат токму таков пребиотски ефект. Пред извесно време се покажа дека пребиотиците може да имаат многу корисен ефект и при имунотерапијата. Ова е е само мал избор на огромниот број научни студии кои се правени на лушпите од Plantago ovatа. Нивното истражување продолжува и се’ повеќе расте убеденоста дека треба да бидат редовен секојдневен дел од здравата исхрана.   

 

Научни трудови во прилог:

  1. https://www.ijsr.net/archive/v4i9/SUB158459.pdf
  2. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17329047
  3. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/18772105
  4. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/469025
  5. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/7829013
  6. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/465439
  7. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/10966900
  8. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9663731
  9. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/11894282
  10. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/647304
  11. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22855914
  12. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/16154305
  13. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9747644
  14. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/20616745
  15. https://www.researchgate.net/publication/282
  16. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/1654354
  17. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/10500014
  18. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9747644
  19. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/10500014
  20. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/12209371
  21. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/20959501
  22. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22863407
  23. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/20147463
  24. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22845031
  25. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/1431597
  26. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9747644
  27. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19623196
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/89

Засладени пијалаци – и до 12 лажици шеќер!

Засладени пијалаци се сите оние кај кои е додаден шеќер или било кој друг засладувач. Тука спаѓаат не само газираните сокови, туку и сите останати сокови и тоници кои го исполнуваат критериумот на додадени засладувачи. Уште ги нарекуваат и „течни калории” и се најголем поединечен извор на калории во храната на многу луѓе. Колку шеќер има во нив? Во 350 мл од одреден пијалак може да има и до 12 лажици шеќер! На пример, толку може да  има во сок од боровинки. Во сок од портокал и до 10 лажици шеќер. Во газираните пијалаци – исто 10 лажици шеќер. Многу шеќер содржат и енергетските пијалаци. Згора на тоа, тие содржат и многу кафеин, како и адитиви чии долгорочни ефекти не се познати. Затоа енергетските пијалаци се лош избор. Калориите од засладените пијалаци не предизвикуваат еднакво чувство на ситост како и калориите од храна, и затоа доаѓаат како екстра на калориите кои се внесуваат со храната. Дури, правени се пресметки според кои една чаша на ден од овие пијалаци може за неколку килограми да ја зголеми телесната тежина на годишно ниво. Покрај покачувањето на телесната тежина, засладените пијалаци го зголемуваат ризикот од дијабет, срцеви болести, како и останатите хронични болести. Впрочем, високата употреба на засладени пијалаци е поврзана со ризик од предвремена смрт. Постојат јасни докази во науката дека доколку се намали консумацијата на засладени пијалаци – ќе се намали и проблемот со прекурена телесна тежина. Најздравиот  пијалак Ако си го поставуваме прашањето кој е најздравиот пијалак, одговорот е едноставен – водата!  

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор