fbpx

Тешко ви оди откажувањето од цигарите? Физичката активност може да помогне!

tonus

За ефектот и штетноста на цигарите врз нашиот организам имаме зборувано во бројни наши претходни статии. Ги имаме разгледано штетните ефекти на цигарите врз: кардиоваскуларното здравје, менталното здравје, оралното здравје, плодноста, здравјето на нашите бели дробови и сл.

Поради тоа, редовно ја нагласувавме важноста од намалување или целосно отжакување на цигарите, со цел зачувување на здравјето. Бидејќи откажувањето е особено тежок и за многумина навидум невозможен процес, имаме пишувано и за дел од најдобрите совети кои можат да ви помогнат при тоа. Во тој поглед, денес ќе зборуваме поконкретно за една од најлесните и наједноставни алатки кои можат да ви помогнат при откажувањето на цигарите, а тоа е физичката активност.

Никотинот во цигарите – главниот виновник за зависноста од цигари

Никотинот е главната состојка на цигарите и е причина поради која пушачите имаат потешкотии со откажувањето. Имено, во нашиот мозок постои т.н систем или центар за награда. Кога практикуваме некоја активност што ни се допаѓа или ни претставува некакво задоволство, нашиот мозок создава допамин. Допаминот претставува невротрансмитер и е заслужен за начинот на кој осеќаме задоволство.

"“Online”/

Никотинот го користи или може да кажеме – злоупотребува ваквиот систем. Со внес на никотинот во телото, тој многу брзо стигнува до мозокот и предизвикува создавање на допамин. Но, количеството на допамин кое се создава е многу поголемо во споредба со секојдневните активности, како на пример јадење на некоја омилена храна. Ова е воглавно начинот на кои се создава зависност од никотинот и би било донекаде погрешно доколку пушењето го наречеме „навика“.

Со текот на времето, количеството допамин кое се создава станува се помало, а потребата за цигарите расте со цел да се задоволат потребите за допамин. Ова се смета за еден од главните механизми кој се јавува кај сериозните пушачи и за нивната редовна потреба од нова цигара.

Што се случува во нашето тело кога ќе ги откажеме цигарите?

Можеби постои верување дека е потребно долг период за да дојде до видливи подобрувања во здравјето по откажувањето на цигарите, но тоа не е точно. Одредени промени и подобрувања настапуваат и во првите 24 часа, а како тече времето, тие само се подобруваат и се повеќе бројни. Во продолжение ги издвојуваме промените кои ќе се јават доколку престанеме со пушење, како и временскиот период кој е потребен за да дојде до нив.

  • По првиот час – пулсот се намалува и се враќа во нормала, како и крвниот притисок, а циркулацијата почнува да се подобрува.
  • Во првите 12 часа – телото ги исфрла и последните траги од јаглероден моноксид кои се присутни во телото. Овој штетен и токсичен гас е присутен во цигарите и негативно влијае врз крвотокот. По само 12 часа се зголемува и подобрува количеството на кислород во крвта.
  • По 24 часа – се смета дека по само еден ден, ризикот за појава на срцев удар веќе опаѓа. Доаѓа до стабилизација на крвниот притисок и подобрување на крвотокот. Од првиот ден па натаму, физичката активност и вежбањето стануваат чекор по чекор полесни за практикување. 
  • По 48 часа – се подобруваат и закрепнуваат сетилата за мирис и вкус. 
  • По 72 часа – по 3 дена се смета дека веќе нема траги од никотин во телото. Овде може да се јават најсилните потреби за пушење, но тоа е сосем нормален и очекуван дел од откажувањето. Важно е да се запамти дека ваквите потреби брзо ќе поминат и дека откажувањето и здравствените придобивки од него, се далеку поважни. 
  • По 1 месец – доаѓа до подобрување на функцијата на белите дробови. Поради процесот на закрепнување, пушачите можно е да забележат дека има и поретко кашлање и недостаток од здив. Физичките активности дополнително се олеснуваат како што поминува времето. 
  • По 3 месеци – крвотокот продолжува да се подобрува. 
  • По 9 месеци – постои значително подобрување и заздравување кај белите дробови. Ризикот за појава на инфекции е намален, физичката активност е олеснета и не постои недостаток од здив. 
  • По 1 година – по една година од откажувањето, ризикот за појава на коронарни срцеви заболувања се намалува за половина. Шансите за појава на вакви заболувања ќе продолжат да опаѓаат. 
  • По 5 години – пушењето доведува до стеснување на крвните садови. Ваквата појава го зголемува ризикот за бројни срцеви заболувања. По 5 години, доаѓа до проширување на крвните садови и ваквиот ризик се намалува. Дополнително, значително се намалува и ризикот за мозочен удар. 
  • По 10 години – ризикот за појава на рак на белите дробови е речиси преполовен. Исто така, ризикот за појава на рак на усната празнина и грлото исто така е намален. 

Како физичката активност може да помогне при откажувањето?

Симптомите на откажување: надразливост, нервоза, тресење и сл. – се сосем нормални и очекувани. Вежбањето или било која форма на физичка активност може да ги намали и ублажи ваквите симптоми, а тоа е постигнато преку повеќе начини. Голем број студии покажале дека дури и мали интервали на некаква активност се доволни да ја намалат желбата за цигара. Во овој поглед, особено аеробичните (кардио) вежби се покажале како ефикасни. Во оваа категорија спаѓаат: пешачењето, пливањето, трчањето, возењето велосипед, танцувањето и сл. Некои истражувања покажале дека потребата за цигара се намалува и во периодот после завршување со физичката активност. Една студија која користела лабораториски глувчиња, покажала дека физичката активност е особено ефикасна за намалување и ублажување на непријатните симптоми кои се карактеристични по откажувањето на цигарите, односно никотинот. 

Дополнително, физичката активност е особено корисна за контролирање на телесната тежина, што неретко се покачува кај лицата кои скоро ги откажале цигарите. Исто така, редовното раздвижување може да ги ублажи анксиозноста, надразливоста и чувството на немир кои се јавуваат кај лицата кои ги откажуваат цигарите.

Затоа, со цел полесно и поуспешно откажување на цигарите, се препорачува редовната физичка активност – во било која форма или интервал. Предност треба да добијат аеробичните вежби, но секако било какво раздвижување ќе има корисен ефект.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор