fbpx

ЧИР на желудник -Како да ПРЕПОЗНАЕТЕ, ЗОШТО се јавува и како да се ТРЕТИРА?

tonus

Чиревите се отворени ранички што можат да се развијат во различни делови од телото. Сепак, како најчести се јавуваат чиревите на стомакот: желудникот, (почетниот дел на) тенкото црево и езофагусот (хранопроводот) . Станува збор за ранички на покривното ткиво на органите.

Според истражувањата, овој проблем се јавува често помеѓу општата популација, односно од 3 до 6% од луѓето некогаш во животот се соочуваат со чир на желудникот или тенкото црево.

Како да знаете дeка го имате овој проблем?

 Веројатно изненадувачки, но едно според една понова студија голем дел од луѓето со чир на желудникот, не покажуваат никакви значителни симптоми.

"“Online”/

Најчестите симптоми кои можат да ви укажат на чир на желудникот/тенкото црево или на езофагијален чир се јавуваат во блага форма и исчезнуваат или пак се навистина интензивно болни. Најчесто тие вклучуваат:

  • Абдоминална болка и чувство на горење, особено по оброците
  • Чувство на гадење и силна потреба за повраќање
  • Крв при повраќање или голема нужда
  • Темна столица
  • Тешко заспивање поради стомачните болки
  • Киселински рефлукс
  • Општа слабост
  • Дијареа

Можни компликации

Полесните ,,варијанти” на стомачните чиреви вообичаено се лекуваат два до три месеци. Оние на тенкото црево нешто пократко. За жал, неретко чиревите знаат и повторно да се ,,вратат”. Затоа е значајно постојано да се има здрав начин на живеење и соодветно, односно правилно да се третираат.

Според искуствата, кај околу ⅓ од пациентите чирот може да направи некакви компликации, покрај силните болки (проблеми со црниот дроб или бубрезите). Сепак, треба да се каже дека најчесто се работи за полесните варијанти и не е потребна хируршка интервенција во третирањето.

Причини

Желудникот продуцира силни киселини кои помагаат во варењето на храната и нè заштитуваат од различни патогени. За соодветно да се заштити од оваа киселина, желудникот исто така лачи специјализирани секрети кои ќе го заштитат неговото внатрешно ткиво – гастроинтестинален мукозен слој.

Ако овој мукозен слој се наруши, односно престане да си ја врши функцијата, силната киселина почнува да го нагризува желудочното ткиво, предизвикувајќи чир. Сличниот механизам важи и за тенкото црево и езофагусот.

[Поврзано: ,,Киселини” – што може сами да направите за олеснување и кога да се побара стручна помош?]

Хеликобактер – главениот ,,осомничен” за чиревите на желудникот

Низа фактори можат да придонесат за дисбаланс во стомакот, односно за  појавувањето на ваквите чиреви. Во минатото, одредени видови храна се сметале за директни предизвикувачи, но науката денес дефинитивно како најчест причинител ги наведува бактерии од видот Helicobacter pylori. За нив многу подетално зборувавме во една од претходните статии: Helicobacter pylori, непоканетиот гостин во желудникот!

Други можни поттикнувачи на овој проблем: стрес, пушење, прекумерна употреба на алкохол, неправилна употреба на нестероидни анти-инфламаторни лекарства, како аспирин и ибупрофен итн. Стомачните чиреви се почести кај повозрасните лица, пушачите и кај женската популација.

Храната не може да биде главен предизвикувач на чиревите, па ниту главна терапија за нив.

За лекување на чирот на желудник најдобро е да се следи препишаната терапија (инхибитор на протонска пумпа, антибиотици, блокатори на киселина…), од лекар, во комбинација со внимателно практикување на здрави навики за исхрана. Целта на лекувањето ќе биде да се намали болката, воспалението во дигестивниот систем, да се сузбие инфекцијата, да се подигне имунитетот, да се превенираат можните компликации и да се минимизираат шансите за ново појавување на чиреви.

Животниот стил е исто така доста значаен дел од третманот, но и превенцијата на чиреви во стомакот. Како најважни аспекти ќе ги споменеме исхраната (постои храна што треба повеќе да се јаде и што треба да се избегнува), потоа контролата над стресот, оставањето на цигарите и максималното избегнување на алкохолот.

Храна која треба да се преферира при чир на желудникот:

  1. Свежа и кисела зелка

Зелката уште од далечни времиња се користела во природната медицина за лекување на овој проблем. Денес, модерната медицина преку сè повеќе истражувања ни потврдува дека зелката, особено во концентрирана верзија, како смути/сок, може да биде од исклучителна помош при чир на желудникот.

Зошто?

Овој круциферозен зеленчук е богат со витамин Ц, но претставува и одличен антиоксидативен извор, меѓудругото на компоненти што докажано помагаат во превенцијата и третманот на инфекциите со споменатата бактерија H. pylori.

Киселата зелка пак, дополнително на ова, претставува одличен извор на пробиотици или корисни бактерии што ќе допринесат за баланс во дигестијата. Тоа е од исклучителна важност при проблеми со чиреви во стомакот.

[Поврзано: 7 докази дека страшно ја ПОТЦЕНУВАМЕ зелката!]

2. Било каква пробиотска храна

Веќе ја споменавме киселата зелка, но тука можат да се наведат и сите останати природни пробиотски продукти, како на пример: цвекло, јогурт, кефир, кисели краставички, комбуха, темпех, тофу и сите останати ферментирани продукти од соја итн.

Иако истражувањата сè уште се во зачетокот, постојат силни индикации дека пробиотските продукти ја стимулираат продукцијата на споменатата мукозна материја што го заштитува желудочното ткиво од киселините. Дополнително, постојат докази дека:

  • Пробиотици стимулираат формирање на нови крвни садови, што го олеснува транспортот на важните компоненти и хранливи материи до оштетеното ткиво (чирот) кое треба да се лекува.
    На тој начин, потенцијално се забрзува процесот на лекување.
  • Пробиотиците значително допринесуваат во лекувањето на инфекцијата со pylori. Одредени испитувањата даваат податоци според кои лекувањето на инфекцијата се забрзува дури за 150%.

[Поврзано: ПРИЧИНАТА за инстантно подобрување на цревата со ФЕРМЕНТИРАНАТА храна!]

3. Храна богата со растителни влакна

Ваквата храна е одлична при чиреви на стомакот. Фиберот ја намалува количината на киселина во стомакот, ја намалува надуеноста, ги олеснува болките, а претставува и пребиотик, односно храна за горенаведените корисни цревни бактерии! Повеќе истражувања покажуваат дека јадењето на храна богата со растителни влакна, во голема мера допринесува во превенирањето на чиревите.

[Поврзано: 6 конкретни здравствени придобивки од ПРЕбиотиците!]

4. Сладок компир

Одличен извор на витаминот А, исклучително битен нутриент во лекувањето на чирот. Друга храна богата со овој витамин: спанаќ, моркови итн.

5. Црвена пиперка

Еден од најбогатите извори на витамин Ц во природата. Овој витамин е доста важен во справувањето на организмот со чиреви, на пример игра важна улога во обновата на ткивата.

Статистиките велат дека луѓето што имаат недостаток од витамин Ц, се поподложни на развивање стомачни чиреви.

Друга храна богата со витамин Ц: бобести овошки, киви, брокули итн.

6. Лук и мед

Поради нивните силни антибактериски својстава – присуство на компонентата алицин во лукот и низа други антимикробни компоненти во медот.

[Поврзано: Лукот и неговите 5 квалитети!; 5 изненадувачки придобивки од медот, па дури и кај триглицерите]

Како продукти што треба да се избегнуваат, се сметаат:

  • Млеко
  • Бибер
  • Лута храна
  • Какао, чоколади
  • Цитрусни овошки
  • Многу масна храна
  • Продукти од домати
  • Алкохол и било какви кофеински пијалаци
  • Секоја храна што индивидуално ви претставува проблем, односно ја влошува самата состојба

Контролирањето на стресот е важно!

Иако теоријата дека стресот директно може да создаде стомачни чиреви нема научна подлога, сепак јасно е дека неконтролираниот стрес може да игра значајна улога во развојот на стомачни чиреви, односно значително да го зголеми ризикот.

Оваа конекција и не е толку изненадувачка ако се има предвид важноста на така наречената конекцијата мозокот – дигестијата, чие значење сè повеќе се потенцира во научниот свет. Многу повеќе на оваа тема, прочитајте во една од нашите претходни статии, под наслов: Не е мит. Мозокот и дигестијата се поврзани!

Повеќе корисни совети околу справувањето со стресот, прочитајте тука.

Дополнително, важно е да се каже дека стресот го намалува имунитетот, клучна компонента во борбата против сите инфекции, па така и против инфекцијата од бактеријата најчест причините за стомачни чиреви – H. pylori.

[Поврзано: Како СТРЕСОТ го намалува ИМУНИТЕТОТ?]

Причина плус во стотиците силни причини да ги оставите цигарите

Цигарите ги нарушуваат природните механизми преку кои организмот се заштитува од чиревите.

Киселината во стомакот се неутрализира со натриум бикарбонат, во дуоденумот или самиот почеток на тенкотот црево. Оваа базна компонента се продуцира во панкреасот, витален орган кој е ,,сместен” во непосредна близина на тенкото црево.

Постојат докази дека пушењето поттикнува лачење на повеќе желудочна киселина со текот на времето, а од друга страна, го намалува лачењето на натриум бикарбонат. Заради овие причини, пушачите имаат зголемен ризик од развој на чиреви во желудникот, дуоденумот, но и езофагусот или хранопроводот.

Дополнително на ова, пушењето се покажало и како поттикнувач на други стомачни проблеми, а може да го попречи и дејството на лекарствата кои често се користат во третманот на овој проблем.

[Поврзано: Непријатни симптоми по откажувањето од цигарите – Како да си помогнете?]

Без разлика дали алкохолот директно предизвикува стомачни чиреви или не, тој дефинитивно се покажал како силна причина за влошување при оваа дијагноза. – затоа, најдобро е целосно да се избегнува при проблеми од ваква природа.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор