fbpx

ТЕМНО ЧОКОЛАДО – здраво за МОЗОКОТ и корисно за справување со СТРЕС!

tonus

Стресот е нажалост неизбежен дел од секојдневието и речиси секој од нас се соочува со него. Секој има сопствен начин за справување, а тоа може да подразбира: физичка активност, разговор со блиските, прошетка во природа, практикување на хоби и сл. Но, кај голем дел од луѓето постои поврзаност и меѓу исхраната и стресот. Некои ја користат храната како начин за справување со стресни ситуации, а дел имаат намален апетит и потреба за храна во таквите периоди. За оние кај кои храната е еден вид утеха, денес издвојуваме интересна студија која покажува како темното чоколадо помага за справување со стресот.

Што всушност претставува стресот?

Стресот се смета за нормална човечка реакција кон штетни и потенцијално опасни ситуации – без разлика дали се тие реални и навистина опасни или нашата перцепција за нив е едноставно таква. Изложувањето на ваква ситуација предизвикува бројни хемиски реакции во телото кои го подготвуваат истото да се бори или да ја избегне опасноста. Ваквата реакција е позната како „fight or flight“ или „бори се или побегни“. Тоа е автоматска човечка реацкија и била клучна за нашите предци и за нивниот опстанок. Стресот го зголемува пулсот, го забрзува дишењето, ги затега мускулите и го зголемува крвниот притисок. Телото на овој начин е подготвено да делува, односно да се одбрани.

Проблемот е што денес, ситуациите најчесто не се животно загрижувачки, односно изворот на стрес е често од безопасни извори. Сепак, перцепцијата за стресни ситуации е различна и индивидуална за секого. Нешто што е стресно за еден човек, може воопшто да не е за некој друг. Некои луѓе едноставно подобро се справуваат и функционираат со стресот.

"“Online”/

Понекогаш стресот во умерени дози може да делува и позитивно. Тој може да ни помогне да завршиме некоја важна задача со зголемена концентрација, фокусираност и прецизност. Но, долгорочниот – хроничен стрес има сосем поинакви ефекти врз телото.

Хроничниот стрес може сериозно да го наруши здравјето и да го зголеми ризикот за бројни заболувања. Симптомите и ефектите од хроничниот стрес може да се поделат во повеќе категории:

      Емоционални – надразливост, фрустрираност, потешкотии при враќање во релаксирана состојба, избегнување на контакт со други луѓе

      Физички – ниско ниво на енергија, главоболки, несоница, болки во мускулите, чести настинки, сува уста, испотени дланки и сл.

      Когнитивни – константна загриженост, постојано мислење и фокусирање на проблемот, проблеми со меморијата, намалена концентрација, песимизам и сл.

      Промени во апетитот, спиењето, навиките, мотивираноста и др.

Дали темното чоколадо може да помогне при справување со стрес?

Како што споменавме, голем дел од луѓето ја користат храната како „утеха“ кога се изложени на стрес. Во тој поглед, науката вели дека одредени намирници навистина може да имаат подобро анти-стрес дејство од други, а темното чоколадо се смета токму за таква намирница. Повеќе студии го имаат проучувано ваквиот ефект на чоколадото и речиси сите покажуваат слични резултати.

Една студија објавена оваа година, користела глувчиња за своето истражување, а го проучувала ефектот на темното чоколадо врз одговорот на телото кон стрес. Глувчињата биле поделени во 5 групи: контролна, група изложена на стрес и три групи со различна консумација на темно чоколадо – група која добивала чоколадо само при изложеност на стрес, група со неограничен пристап до чоколадо и група со лимитиран внес на чоколадо. Резултатите од оваа студија покажале дека онаа група која добивала чоколадо во ограничени количини, како и онаа кај која чоколадото следувало по изложеност на стрес – чоколадото дејствувало „поништувачки“ врз штетните ефекти кои ги предизвикува стресот. Научниците тоа го заклучиле преку анализирање на мозокот на глувчињата, како и нивната способност за меморија. Исто така, телесната тежина и внесот на храна се намалил кај сите групи кои добивале темно чоколадо. 

Што значат ваквите резултати?

Ова е прва студија од овој тип, каде ефектите на темното чоколадо директно се проучуваат во поглед на штетата која ја предизвикува стресот врз мозокот. Секако, студијата има свои ограничувања, а особено поради тоа што е правена врз глувчиња. Но, резултатите се сепак интересни и се надоврзуваат со претходни студии каде биле проучувани ефектите на темното чоколадо. 

Една друга студија од 2020 година, покажала дека темното чоколадо влијае позитивно на здравјето на мозокот и меморијата. Ваквите ефекти на темното чоколадо се препишуваат главно на неговиот импресивен антиоксидативен состав, првенствено со соединенијата наречени флавоноиди. Студијата покажала дека ваквите бенефити не се добиваат при консумирање на бело чоколадо. Слични резултати биле добиени и од студија објавена во 2019 година, каде повторно белото чоколадо било користено за споредба. 

Едно друго истражување покажало дека само по 30 минути од внесот на темно чоколадо, доаѓа до промена на брановите должини на мозокот кои научниците ги следеле. Научниците забележале значително зголемување на т.н „гама“ фреквенции во голем предел на мозокот, кои се поврзуваат со внимание, будност, фокусираност. Ваквата појава дури траела неколку часа по јадењето темно чоколадо. Ова би значело дека темното чоколадо ги подобрува когнитивните способности, меморијата, фокусираноста, влијае позитивно на инфламацијата како и справувањето со стрес

Важно е да напоменеме дека ваквите студии користеле темно чоколадо, со состав од околу 70% какао. Ваквото чоколадо е исклучително богато со антиоксиданти и навистина може и треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана, секако во умереност.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор