fbpx

Како влијае „БРЗАТА ХРАНА“ врз здравјето на ЦРНИОТ ДРОБ?

tonus

Поради динамичното секојдневие, голем дел од популацијата одбира „брза храна“ со цел да заштеди време и енергија. Меѓутоа, кога таа е често застапена во нашата исхрана, истата може да има низа на негативни ефекти врз нашето здравје. Денес, ќе зборуваме за ефектот на брзата храна врз здравјето и функцијата на црниот дроб.

 

Што подразбираме под „брза храна“, позната и како високо процесирана храна?

Под процесирана храна се подразбира било кој тип на храна или намирница кои трпи некој начин на обработкафизички или хемиски. Најчесто тоа се процесите на миење, сецкање, димење, термички обработки (пастеризирање, мрзнење, печење), ферментирање или пак додавање на одредени конзерванси.

Ваквите обработки не се ништо ново и човекот ги употребува веќе илјадници години. Тие се одличен начин да се заштити храната од расипување, а и често  се користат и за полесен транспорт и подолго складирање. Во некои случаи (како мрзнењето и ферментирањето) нутритивниот состав на храната сосем малку се променува, па некогаш дури и се подобрува и зачувува.

"“Online”/

Но, проблемот настанува со високо процесираната храна, односно храна која е преполна со шеќери, сол, масти и конзерванси. За ваквата храна е потребно сосем малку или не е потребно воопшто било каква подготовка, односно таа е веднаш погодна за консумирање. Во овој тип на храна се вбројуваат :

  • Кондиторските производи (чоколади, бомбони, смоки, слатки и сл.)
  • Пржените производи – пример чипсот
  • Брзата храна
  • Процесираните месни производи
  • Сладоледи, торти и слични слатки производи
  • Безалкохолни пијалоци
  • Низа на млечни продукти со додаден шеќер

 

Како влијае брзата храна врз здравјето на црниот дроб?

Честиот внес на брза храна може да има значително влијание врз функцијата на црниот дроб, главно поради високата содржина на нездрави масти, рафинирани шеќери и високата калоричност. Брзата храна често е богата со транс и заситени масти, што може да придонесе за зголемена акумулација на маснотии во црниот дроб, а тоа доведува до состојба позната како безалкохолно замастување на црниот дроб. 

Ваквата состојба се карактеризира со акумулација на маснотии во клетките на црниот дроб, што може да предизвика воспаление и оксидативен стрес. Со текот на времето, оваа состојба може да  напредува во потешки, покомплицирани состојби како што е фиброзата или цирозата. Дополнително, некои компоненти во брзата храна, како што е глукозниот сируп, се метаболизира првенствено во црниот дроб, каде што може да ја промовира липогенезата – процесот на претворање на шеќерот во маснотии. Ова може дополнително да го оптовари црниот дроб и да ја влоши акумулацијата на маснотии.

Честото консумирање брза храна, исто така, доведува до зголемен ризик за инсулинска резистенција, што дополнително ја нарушува функцијата на црниот дроб преку складирање на маснотии во неговите клетки и намалување на неговата способност ефикасно да го регулира нивото на глукоза во крвта. Со текот на времето, комбинацијата на овие фактори може значително да го загрози здравјето на црниот дроб, зголемувајќи го ризикот од заболувања и метаболички нарушувања.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор