fbpx

ЦРН ИЗМЕТ – состојба која бара ИТНО медицинско внимание!

tonus

Темната столица вообичаено не е нешто што треба посебно да нè загрижи, но црна столица може да биде симптом на некаква сериозна состојба или заболување.

Постојат повеќе причини зошто изметот станува екстремно црн – суплементирање железо, некаков вид на храна, а често се јавува и кај луѓето кои имаат некакви оперативни зафати во дигестивниот систем (храната не можат потполно да ја обработат, како што можеле претходно).

Како и да е, доколку изметот кој е премногу темен/црн:

"“Online”/

• потсeтува на кафе
• трае предолг период
• има нетипичен непријатен мирис
• придружен e со други симптоми, како температура, болки, повраќање, збунетост, дезориентираност, дијареа или крв,

задолжително треба да се јавите кај вашиот доктор, без да губите време. Ова особено важи за оние кои во минатото имале некакви гастроинтестинални крварења.

[Поврзано: Што треба да знаете за многу честиот проблем – дијареа?]

Најчести причини за темна, црна столица

1. Храна и суплементи

Црната столица може да биде предизвикана од храна, суплементи, различни медикаменти (особено оние кои содржат бизмут) или минерали. Најчестиот суплемент/минерал кој ја предизвикува ваквата состојба е железото. Ваквите суплементи најчесто се земаат при различни облици на анемија, а покрај темна црна, можат да предизвикаат и зеленкаста столица.

[Поврзано: Што треба да знаете за анемијата и железото?]

Прехранбените производи кои имаат темно пигментирање, темно сино, темно црно или зелено, исто така можат да водат кон темна столица: темни ликери, бобести овошки, цвекло, темно чоколадо, разни слатки со темна боја итн.

Ако вашата темна столица не можете да ја поврзете со ниту една храна која претходно сте ја јаделе или суплементи/лекови кои ги користите, задолжително треба да обрнете повеќе внимание на тоа дали можеби има крв во столицата, а најпаметно би било да се обратите кај лекар кој според соодветни тестови ќе може да утврди и најмало количество крв во изметот.

2) Крв во столицата (состојба наречена мелена)

Крвта, која најчесто доаѓа од горните делови на дигестивниот тракт (хранопровод или желудник), може да биде честа причина за екстремно темна столица.

При т.н. мелена или крварење во горните делови на дигестијата, како што крвта се движи низ дигестијата, таа реагира со најразлични ензими и компоненти, па ја менува бојата од познатата црвена, во црна. Заради овие причини, најчесто е доста тешко луѓето да се посомневаат дека имаат крв во изметот.

Од друга страна пак, ако крвта во столицата доаѓа од долните делови на дигестивниот тракт, тогаш станува збор за состојба наречена хематохезија – најчесто крварење во пределот на дебелото црево или ректумот. Овој тип на крварење многу полесно може да се забележи – обојувањето на крвта останува црвеникаво, бидејќи е помалку изложена на дигестивните процеси (ензими).

Кај некои поединци ризикот од крварење во дигестивниот систем е значително поголем, па тие треба да се консулитраат со лекарот кој ги следи во однос на проценување на опасностите од ваквите крварења кои можат да бидат опасни. Такви се пациентите со:

Чир на желудник (веројатно најчестата причина за крв во столицата) – други симптоми на чирот: подуван стомак, често подригнување, киселини, чувство на гадење и повраќање
Заболувања на црниот дроб
Гастритис
Улцеративен колитис
Дивертикулоза
Кронова болест
Полипи на дебелото црево
Хемороиди
Малигни заболувања
Абнормална големина на артерии или вени
Некакви заболувања на хранопроводот
Интестинална исхемија (запрен проток на крв до тенкото црево)

Гледаме дека ризикот од крварење кај пациентите со споменатите здравствени проблеми  е екстремно зголемен, па тоа нè упатува кон следниот заклучок: Темно црната столица може да биде и значаен симптом за оние кои сè уште ги немаат дијагностицирано некое од претходно наведените заболувања.

Секако, екстремно темниот измет сам по себе не е доказ за некакво крварење во дигестијата. Крварењето најсигурно се дијагностицира преку испитување на примерок од изметот во лабораториски услови и ректален преглед од соодветно медицинско лице.

[Поврзано: 5 практични совети за олеснување кај ХЕМОРОИДИ
ХЕЛИКОБАКТЕР – непоканетиот гостин во желудникот]

Други можни симптоми кои можат да укажат на крварење во дигестијата:

• Крв при повраќање
• Грчеви и болки во пределот на стомакот
• Збунетост и главоболки
• Чувство на замор и општа слабост
• Бледа кожа
Киселини
• Недостаток од здив и кашлање
• Повраќање на темна течност налик кафе
Губење апетит

Симптоми на акутно крварење: нагло паѓање на крвниот притисок, намалено уринирање, забрзан пулс, губење свест.

Симптоми на хронично крварење: развивање анемија, отежнато дишење, нагло губење на телесната тежина и горенаведените општи симптоми.

[Поврзана тема: Што кажува изгледот на изметот за вашето здравје?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор