fbpx

Лесни за подготовка, здрави и вкусни – рецепти со црвена пиперка!

tonus

Денес издвојуваме два рецепти кои ќе ги подготвиме со еден од најкарактеристичните и традиционални зеленчуци на есента – црвената пиперка.

Црвената пиперка – еден од најкористените есенски зеленчуци

Пиперката (Capsicum annuum) е повеќегодишно зеленчуково растение од семејството цветни растенија Solanaceae, во кое се и компирот, доматите итн. Се сретнува во повеќе бои и облици, а на нашите простори најзастапени сорти се: бабурите, зелените пиперки, црвените пиперки, фефероните и сл.

Пиперките се густо-нутритивна храна, односно имаат висока нутритивна, а ниска калориска вредност. Содржат особено висок процент на вода (над92%).

"“Online”/

Во 100g свежа пиперка се содржат само 31kcal, 6g јаглехидрати(4,2g шеќери), 1g протеини и 0.3g масти.

Исто така, пиперката е одличен извор на растителни влакна, односно на 100g тие содржат дури 2,1g влакна.

Пиперките содржат фруктоза и глукоза кои се одговорни за нивниот сладок и пријатен вкус.

Што се однесува до нивниот микронутритивниот состав, тој е доста импресивен. Освен што се еден од најбогатите извори на витамин Ц (169% од дневно препорачаниот внес), пиперките се и добар извор на витамин Б6, витамин К, калиум, железо, фолна киселина и провитамин А.

Дополнително, тие содржат бројни антиоксидативни соединенија кои даваат разни корисни бенефити за нашето здравје.

Медитерaнско пилешко со црвена пиперка

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни само околу 30 минути, а истиот е доволен за 4 лица.

Потребни состојки:

  • Малку маслиново масло
  • Околу 600-700g пилешко месо
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • Една голема тиквичка
  • 1 црвена пиперка, исецкана на ленти
  • Една главица кромид, исецкана
  • Малку сок од лимон
  • Неколку маслинки
  • 1 свеж домат
  • Малку фета сирење
  • Сол, бибер, нане и останати зачини по желба

За сосот од црвени пиперки:

  • Околу 300g печени црвени пиперки
  • Малку балсамико оцет
  • 2 чешниња лук
  • Малку сол и босилок

Подготовка:

  1. Во тавче, загрејте малку маслиново масло, а потоа ставете го исецканото пилешко месо. Гответе околу 6-7 минути, односно додека месото не зарумени и добие златно-кафена боја. Извадете го пилешкото месо од тавчето.
  2. Исецканата тиквичка, кромид и свежа пиперка ставете ги во истото тавчето и доколку е потребно додајте капка маслиново масло. Додајте го и лукот и гответе 5-7 минути, односно додека зеленчуците не омекнат.
  3. Додека се готват зеленчуците, направете го сосот од црвени пиперки. Во блендер ставете ги печените црвени пиперки, оцетот, лукот и зачинете и посолете. Блендирајте додека не добиете густа, кремава структура на сосот.
  4. Додајте го пилешкото повторно во тавчето и додајте малку сок од лимон. Додајте ги маслинките и свежиот домат и додајте го кремавиот сос од црвени пиперки. Гответе уште неколку минути, а потоа послужете со малку свежо нане и фета сирење.

Лесни и посни печени црвени пиперки

За овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 50 минути за подготовка, а истиот е доволен за 2-3 порции. Доколку сакате да подготвите оброк за повеќе лица, едноставно дуплирајте го количеството на намирниците.

Потребни намирници:

  • 3-4 црвени пиперки
  • 2 свежи домати, исецкани на парчиња
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Неколку маслинки
  • Малку маслиново масло
  • Малку балсамико оцет
  • Сол, бибер, оригано и зачини по желба

Подготовка:

  1. Исчистете ги пиперките од семки и исечете ги по должина на две половини. Ставете ги во тавче и наполнете ги со исецканите домати, маслинки и лук. Пропрскајте ги со маслиново масло и малку балсамико оцет. Ставете ги во рерна и печете околу 40 минути на 180℃.
  2. Кога ќе се испечат тие треба да се сочни и меки. Послужете ги со малку свеж магдонос и по желба ставете малку сирење по избор врз нив. Комбинирајте ги со парче интегрален леб.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор