fbpx

Како влијае ЦРВЕНОТО МЕСО на срцевото здравје, доколку се користи СЕКОЈДНЕВНО?

tonus

Често ја споменуваме медитеранската исхрана на нашиот портал, а сме пишувале и за фактот дека таа е прогласена како најдобра исхрана веќе неколку последователни години. Ваквите позитивни признанија на овој тип на исхрана се должат на неколку клучни фактори: честа употреба на растителни намирници (овошје, зеленчук, житарки, мешунки, семиња), честа употреба на маслиновото масло и рибата како извори на здрави масти и сосема мала, лимитирана употреба на црвеното месо. Овој последен параметар, односно консумацијата на црвеното месо ќе биде темата на оваа денешна статија, а ќе погледнеме и една нова студија која го поврзува овој тип месо со зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања.

Зошто треба да се фокусираме на зголемена употреба на растителните намирници?

Речиси нема здравствена препорака за здрава исхрана која не ги вклучува зеленчуците и овошјата, како и житарките и мешунките. Тие претставуваат одличен извор на бројни макро и микронутриенти, се релативно ниско калорични, содржат задоволително количество на растителни влакна и се богати со разни антиоксиданти и други фитохемикалии. Бидејќи постојат огромен број на опции за внесување на овошје и зеленчук, нивното често мешање и испробување нови комбинации доведува до внес на повеќе различни корисни нутриенти одеднаш. Разновидното внесување на овошје и зеленчук може да го снабди телото со сите потребни витамини и минерали, а може да допринесе и за значително задоволување на потребите за растителни влакна, јаглехидрати, понекогаш и протеини и сл.

Покрај овошјето и зеленчукот, останатите растителни намирници (мешунки, јатки, полнозрнести житарки, семиња) треба да се исто така, што почесто застапени во нашата исхрана. Јатките и семињата се особено добар извор на здрави маснотии, додека мешунките и житарките се богати со комплексни јаглехидрати, протеини и растителни влакна.

"“Online”/

Дали црвеното месо го зголемува ризикот за кардиоваскуларни заболувања?

Помеѓу бројните принципи на медитеранската исхрана кои позитивно влијаат на целокупното здравје, еден од нив е и ограничената употреба на црвено месо. Имено, црвеното месо е долго проучувано и веќе науката одамна го класифицира како нешто што влијае негативно на кардиоваскуларното здравје, особено кога е често консумирано во големи количини. Тоа било тема на бројни истражувања, а денес ќе се задржиме на една нова студија токму на оваа тема. Станува збор за голема студија во која биле вклучени лица на возраст од над 65 години. Нивните навики и здравје биле следени во период од околу 12 години

Што покажале резултатите?

Резултатите од студијата утврдиле сериозна поврзаност меѓу ризикот и појавата на артериосклероза и одредени соединенија, метаболити кои се создаваат од цревната микрофлора при консумација на црвено месо. Исто така, било утврдено дека овие соединенија не се создавале при внесот на бело месо. Резултатите покажале дека внесот на црвено месо може да влијае неповолно и на нивоата на шеќер како и на хормонот инсулин. Студијата покажала дека само околу 100g внес на црвено месо секојдневно, може да го зголеми ризикот за артериосклероза и останати кардиоваскуларни заболувања за дури 22% кај лица над 65 години.

Доколку црвено месо и месни преработки се внесуваат со сите 3 оброци во дневнот, или отприлика околу 300g месо или месни производи дневно, ризикот се зголемува за загрижувачки 82%.

Научниците сметаат дека главната причина за ваквиот ефект на црвеното месо се соединенијата кои ги споменавме. Имено, при консумацијата на црвено месо, одредени соединенија се создаваат од страна на цревната микрофлора, а токму тие се штетни и особено го зголемуваат ризикот за артериосклероза. Научниците објаснуваат дека храната која ја јадеме и нејзиниот состав, може да биде изменет од страна на нашата микрофлора. Тоа во одредени случаи е особено корисно и здраво, но некогаш може да биде и штетно. 

Студијата не покажала зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања поради создавањето на овие соединенија кога испитаниците консумирале пилешко месо, јајца или риба. Научниците потенцираат дека ваквите резултати одат во прилог на препораките за придржување до медитерански начин на исхрана, каде црвеното месо е речиси целосно исклучено, а е заменето со риба и пилешко, или пак исклучиво растителни намирници. Интересно, високиот внес на месо не допринел до значително покачување на холестеролот, но влијаел особено негативно на шеќерот во крвта, како и нивоата на инсулин. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор