fbpx

Чувањето миленик го УСПОРУВА стареењето на МОЗОКОТ!

tonus

Љубителите на кучињата, мачињата и останатите домашни миленици добро знаат колку топлина и чувство на задоволство им носат нивните крзнести животинчиња. Но, веројатно не се свесни дека чувањето миленик не е добро само за психичкото здравје, туку позитивно се одразува и на физичкото. За ова постојат се’ повеќе докази.

Во една од претходните статии видовме како, односно на кој начин чувањето куче може да се одрази позитивно врз здравјето на срцето, а денес ќе разгледаме истражување што го поврзува поседувањето миленик со поспоро стареење на мозочното ткиво!

[Поврзано: Сопствениците на куче имаат ПОЗДРАВО срце!]

"“Online”/

Што подолго чување миленик, тоа ,,побистар ум”!

Повеќегодишната грижа за куче или мачка, може значително да помогне во ублажувањето на опаѓањето на когнитивната кондиција или когнитивното здравје кај повозрасните лица. Ова се вели во едно ново истражување од Универзитетот Флорида, во САД.

Истражувачите велат дека претходните студии го проценувале влијанието на милениците на целокупното здравје, расположението и квалитетот на живот. Нивното истражување е помеѓу првите што се занимаваат со ефектот на долготрајното чување милениче врз когнитивното здравје кај лицата над 50 годишна возраст.

Кога велиме когнитивно здравје или кондиција, се мисли на способноста на поединецот за фокусираност, внимание, преземање посложени движења, процесирање визуелни и звучни сигнали, способност за учење на нови работи, меморија, социјална интеракција, контрола врз емоциите итн.

[Поврзано: Што претставува КОГНИТИВНО здравје и како да го подобриме?]

Иако споменатото истражувањето не нуди причинско-последично објаснување, експертите од анализата велат дека добиените резултати можат да се сметаат како првични докази или прв чекор во оваа насока.

Всушност, резултатите укажуваат дека долготрајното чување миленик, го штити нашето ментално здравје.

Корисни ефекти од долготрајното чување миленици

Истражувачите ја испитувале поврзаноста помеѓу чувањето миленици и долгорочната когнитивна кондиција кај над 1300 испитаници, со над 50 години.

Преку серија на специјализирани прашалници, проценувана била когнитивната кондиција на секој од испитаниците. На почетокот од истражувањето, секој од нив имал резултат од тестирањата во граница на нормалата – нормална когнитивна кондиција.

Нешто повеќе од половината (53%) од испитаниците поседувале миленик, а 32% се грижеле за миленици подолги години, односно најмалку 5 години по ред.

Во споредба со оние што немале миленик, останатите испитаници биле далеку поподложни на депресивни нарушувања (14% vs 24%). Според добиените податоци од студијата, сопствениците на миленици исто така биле со повисок социоекономски статус.

[Поврзано: Дружењето го намалува ризикот од депресија!]

Со текот на годините во кои траеле анализите, кај сите поединци опаѓале когнитивните способности, што е и нормлано. Сепак, кај лицата што подолго време чувале милениче, опаѓањето било со значително помала брзина.

Земајќи ги предвид сите останати фактори што можат да имаат влијание на когнитивните функции, долгогодишните сопственици на миленик, во просек, имале 1.2 поени подобар резултат (за период од 6 години следење) од останатите на испитувањата за когнитивната кондиција.

Извор:

Source Reference: Shieu M, et al “Companion animals and cognitive health: a population-based study” , American Academy of Neurology, 2022

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор