fbpx

Зошто витамин Д не се зема пред спиење?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Витаминот Д е извонредно важен витамин, кој истовремено претставува и хормон. Така, тој е единствениот витамин што човекот може самиот да го продуцира, под дадени услови. Сепак, изложеноста на сонце најчесто е недоволна за синтетизирање витамин Д во доволни количества. Од друга страна, застапеноста на овој витамин во прехранбените производи е навистина опскурна.

 

Затоа, кај огромен дел од населението се јавува дефицит или недостаток од витаминот Д. Дури и во сончевите средини, како што е нашата. Поради овие причини, неминовно се наметнува потребата од суплементирање со витамин Д.

 

Во еден од минатите текстови зборувавме подетално за карактеристиките, бенефитите и дозирањето витамин Д – прочитајте тука: Витамин Д – клучот на над 4000 клеточни функции!

"“Online”/

 

Во продолжение, повеќе околу најзначајните совети околу суплементирањето со витаминот Д – кога е најдобро да го земате и како да ја максимализирате неговата апсорпција (следствено и активност) во телото.

 

Мнозина фактори можат да влијаат на ефективноста на суплементот. Покрај дозирањето, кај овој суплемент тоа е и тајмингот и начинот на кој се зема.

 

Суплементирањето со витамин Д се наметнува како неопходност

 

Земањето доволно витамин Д е од суштинско значење за нашето здравје. Како што сугерираат повеќе истражувања, помеѓу неговите најважни функции се соодветен имунитет, здравје на коските, превенција од канцер итн итн.

 

[Поврзано: Витамин Д  и Ковид-19]

 

Сепак, овој витамин се наоѓа во мал дел од прехранбените продукти, правејќи го задоволувањето на потребите за него предизвик, особено ако немаме доволна изложеност на сончева светлина.

 

За обезните, повозрасните лица и за луѓето со потемен тен на кожата ризикот од дефицит на овој важен витамин е уште поголем. Според истражувањата во САД, земјата која води најмногу и најпедантни статистики, дури 42% од возрасното население има некаков недостаток од витамин Д. Иако имаме доволно сончеви денови, ситуацијата и во нашата земја е доста слична. За многу повеќе детални информации токму на оваа тема, погледнете ја нашата емисија со Д-р Антоние: ,,Доктор Митов советува” – петта емисија

 

Суплементирањето е лесен и ефикасен начин да го надополните недостатокот. Повеќе околу дозирањето и суплементацијата, прочитајте тука. Дозите до 1000IU би требало да бидат безбедни за секого (возрасните). Сепак, најдобро е да се консултирате со својот лекар, пред да преминете кон била каква суплементација, особено на подолг рок. Освен дозирањето, проблеми можат да настанат и заради потенцијалната интеракција на суплементот со одредени медикаменти.

 

Конкретно, несоодветните количества витамин Д, можат навистина негативно да се одразат на метаболизмот на калциумот.

 

Како до подобра апсорпција?

 

Витаминот Д спаѓа во групата маснорастворливи витамини, што значи дека не се раствора во вода и најдобро се апсорбира во крвотокот кога е комбиниран со маснотии.

 

Заради овие причини, се препорачува суплементот да се зема непосредно по внесувањето храна, особено ако во оброкот имате солидни количества здрави маснотии.

 

[Поврзано: Кои МАСТИ се добри, кои лоши, а кои најлоши?]

 

Според една студија, земањето витамин Д со најголемиот оброк во текот на денот ја зголемува неговата апсорпција, односно неговите нивоа во крвта за дури 50%, по само 2-3 месеци.

 

Во едно истражување со испитаници над 50 годишна возраст, земањето витамин Д заедно со оброк богат со масти, ги зголемило количествата од витаминот во крвта за 32%, по 12 часови, во споредба кога консумиран бил оброк без маснотии.

 

Затоа, земајте го вашиот витамин Д, непосредно по ручекот, особено по оброците богати со здрави маснотии. Здравите, односно незаситените маснотии главно се застапени кај јатките, семињата и нивните производи. Многу повеќе на оваа тема, дознајте тука.

 

[Поврзано: Едно е што ќе ставиме во уста, но сосема друго е што ќе стаса до крвта!]

 

 

Не земајте витамин Д навечер

 

Достапните истражувања го поврзуваат витаминот Д со квалитетот на сонот.

 

Рецепторите за витамин Д и ензимите што ја контролираат нивната активација и деградација се експресираат во неколку делови од мозокот поврзани со регулирањето на сонот. Овој витамин исто така е инволвиран во метаболитичките патишта на мелатонинот. Станува збор за клучен хоромон поврзан со регулирањето на човековиот сон и циркадијалниот ритам. Дополнително, витаминот Д може да влијае на сонот и индиректно преку одредени нарушувања, поврзани со нарушен сон, како синдром на немирни нозе и спиечка апнеа

 

[Поврзано: Циркадијален ритам – Многу е поважно КОГА јадеме од тоа што мислиме. Зошто?]

 

Повеќе студии ги поврзуваат ниските нивоа на витамин Д во крвта со зголемениот ризик од нарушувања на сонот, полош квалитет на сонот и негово намалено времетраење.

 

[Поврзано: Како да го подобриме сонот?]

 

Сепак и повисоките нивоа на витаминот можат да влијаат негативно на спиењето. Така, едно истражување сугерира дека високите нивоа на витамин Д во крвта, се поврзани со ниски нивоа на мелатонинот – како што веќе рековме, одговорен за регулација на циклусот на сон. Дополнително, постојат повеќе искуствени тврдења за проблеми поврзани со проблемите со заспивање и витаминот Д.

 

Постојат и податоци кои велат дека повисоките нивоа на витамин Д во крвта, можат да делуваат супресирачки на синтезата на мелатонинот, како што рековме, исклучително важен хормон за добар сон.

 

Ова не значи дека постои интеракција помеѓу суплементите мелатонин и витамин Д3.

 

Иако се потребни повеќе истражувања на оваа тема, сепак најдобро е суплементот да не го земате непосредно пред спиењето, или воопшто откако ќе се зајде сонцето. Како што видовме погоре, најпогодно е да го земате со (веднаш по) најголемиот оброк во текот на денот – ручекот.

Fibro Gel

 

[Поврзано: Како лошиот сон влијае на метаболизмот?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор