fbpx

ВАЖНО за ТОПЛИТЕ ДЕНОВИ: Како НАВРЕМЕНО да ја препознаеме ДЕХИДРИРАНОСТА?

tonus

Екстремно високите температури продолжуваат, а со тоа и препораките за безбедно изложување и справување со нив. При подолг престој на топло и на директно сонце, доаѓа до обилно потење па така телото губи и многу течности. Поради тоа, правилната хидрираност е исклучително важен аспект, а денес ќе зборуваме токму за главните симптоми на дехидрираноста и како истите да ги препознаеме.

 

Како влијаат високите температури на телото?

Топлото време може да влијае на телото на разни начини и истото станува опасно кога изложеноста е подолга. Во прв момент, топлината може да предизвика дехидрација, а во посериозни случаи и топлотен удар,

Дури и поблага форма на дехидрација е заслужна за промена во когнитивните функции и расположението. Ваквите состојби се штетни и може да бидат сериозни.

"“Online”/

По подолга, повторувачка изложеност (неколку дена), екстремните температури може да делуваат врз функционирањето на внатрешните органи и особено да се отежне функцијата на кардиоваскуларниот систем.

Важно е да се напомене дека топлото време влијае различно на популацијата. Децата, повозрасните, бездомниците и луѓето со веќе постоечки кардиоваскуларни проблеми имаат зголемен ризик за појава на здравствени проблеми поради топлината. Некогаш луѓето не се свесни дека премногу долго биле изложени на сонце или на висока температура, бидејќи симптомите се јавуваат кога е веќе доцна. 

 

Зошто е толку важно да се внесуваат течности?

Нашето тело во просек е изградено од околу 60% вода. Водата има клучна функционална, но и структурна улога во организмот. Таа е главниот агенс за прочистување на телото, но и средина во која се одвиваат повеќето физиолошки процеси. Така, водата е неопходна за секоја една клетка од телото и е потребна за телото да може да се ослободи од сите токсини кои ги вдишуваме или внесуваме преку устата.

Секое едно ткиво и орган во телото имаат потреба од вода за правилно да функционираат. Регулацијата на температурата, отстранувањето на непотребните материи, подмачкувањето на зглобовите, сите тие се процеси кои имаат потреба од вода.

Под поимот хидрација, подразбираме внес на течности од храната и од пијалоците. Препорачаниот дневен внес за вода е околу 2,7 литри за жени и 3,7 литри за мажи. Тоа не значи дека целото потребно количество мора да го внесуваме преку обичната вода, но препорачливо е да се избегнуваат пијалоците кои прават повеќе штета во телото, отколку што нè хидрираат. Како такви може да ги издвоиме пијалоците богати со додадени шеќери

 

Кои се главните симптоми на дехидрираност и што треба да направиме доколку ги забележиме?

Дехидрација настанува кога телото ќе изгуби голема количина на течности, а нема доволен внес на нови. Тоа ќе доведе до недостаток и дисбаланс што ги нарушува нормалните телесни функции. Во текот на летото, високите температури и зголемениот степен на потење може да ја забрзаат и нагласат загубата на течности, што го прави внесот на нови течности особено важен. Од друга страна, доколку се случи да се јави дехидрираност, важно е да можете  да ги препознаете ваквите симптоми и навремено да реагирате.

Главните симптоми на дехидрираност се: силна жед, сува уста и намалена потреба од уринирање. Дополнително, при малку поизразена дехидрираност, некои луѓе може да имаат и вртоглавица, зашеметеност и главоболки поради намалениот притисок и волумен на крвта. Мускулните грчеви и заморот се исто така вообичаени бидејќи електролитите, особено натриумот и калиумот, стануваат неурамнотежени, нарушувајќи ја мускулната функција. 

Поизразена дехидрираност може да доведе до конфузија, дезориентираност , забрзано чукање на срцето и забрзано дишење, што укажува на еден вид „борба“ на телото да одржува соодветна циркулација и ладење преку потењето. Навременото препознавање на овие симптоми е исклучително важно, особено на високи температури каде дехидрираноста може нагло да се влоши. 

Важно е веднаш да се напиете течности доколку имате некои од овие симптоми, а на тој начин ќе се избегнат и дополнителни компликации, како што е топлотен удар, онесвестување и сл. За да се ублажат овие ризици, неопходно е да се пијат многу течности, да се консумира храна или пијалоци богати со електролити и да се прават почести паузи на ладни, проветрени места кои не се под директно сонце, особено за време на интензивна физичка активност или продолжен престој надвор. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор