fbpx

ДЕПРЕСИЈА КАЈ МАЖИТЕ – често е незабележителна, па како да ја препознаеме?

tonus

Статистиката во САД вели дека секоја година се раѓаат повеќе машки деца отколку женски. Но, секоја предност во бројките која ја добива машкиот пол многу брзо ја губи. Тоа е така бидејќи едноставно кажано, жените се поздрави и повеќе се грижат за сопственото здравје отколку мажите. Во САД, од водечките 15 здравствени состојби заслужни за смртните случаи, мажите се позастапени во 14 од нив. Само Алцхајмеровата болест е заслужна за повеќе смртни случаи кај жените, отколку кај мажите.

Ваквата статистика е доста загрижувачка и треба да биде индикатор дека потребни се промени во начинот на кој мажите се грижат за себеси и за своето здравје.

Во тој поглед, особено се занемаруваат и проблемите поврзани со менталното здравје на мажите. Мажите често се чувствуваат засрамено да побараат помош или да признаат дека имаат проблем, а тоа може навистина да го загрози нивното ментално здравје. Затоа, во денешната статија ќе зборуваме повеќе за депресијата кај мажите и како рано и навремено да се препознаат симптомите.

"“Online”/

Зошто е важно да се зборува за здравјето на мажите?

Мажите, едноставно кажано, не внимаваат доволно на сопственото здравје, а некои експерти велат дека и пристапот на мажите кон здравјето е поразличен. Тие често го занемаруваат сопственото здравје, ретко одат на прегледи и контроли и не дејствуваат проактивно. Сликата не е нешто поразлична и во нашата држава. Пракса е да се бара решението откако ќе се јави проблемот. Доколку се чувствуваат во ред, се продуктивни и можат да работат, мажите сметаат дека се здрави и дека контролите и посетата на доктор е непотребна и залудна.

Особено е нагласен проблемот кога станува збор за менталното здравје. Иако можеби не воочлива, депресијата се смета за честа појава кај мажите и во САД, се проценува дека дури 9% од мажите страдаат од депресија или некакво анксиозно растројство. Се проценува дека дури 30% од мажите ќе имаат некаква форма и период на депресија во својот живот. Мажите потешко признаваат дека имаат некакви потешкотии и предизвици и главно ретко зборуваат за своите проблеми. Тоа може дополнително да ја влоши состојбата, а и да направи депресијата да е потешко забележителна за луѓето околу нив.

Како изгледа депресијата кај мажите?

Депресијата се смета за состојба која влијае врз расположеието, мислите, чувствата, телото и однесувањето кај луѓето. Глобално, депресијата е позастапена кај жените, отколку кај мажите, но тоа сепак не треба да се занемари фактот дека голем дел од мажите се борат со депресијата во даден момент од животот. Исто така, намалената стапка на дијагностицирање на депресијата кај мажите може да биде причина за овие навидум помали бројки.

Покрај зачестеноста, постои разлика и во симптомите кои се јавуваат кај мажите со депресија, наспроти оние кои се јавуваат кај жените. Препознавањето на ваквите симптоми е особено важно и може да помогне и на најблиските полесно и правилно да се справат и приспособат на состојбата.

Општите симптоми за мажите и жените со депресија, најчесто се:

  • Чувство на тага, грижа на совест, чувство на празнина, неисполнетост и сл.
  • Губење на желба и радост во активности кои претходно биле од интерес
  • Промени во апетитот и телесната тежина
  • Премногу или премалку спиење
  • Надразливост и умор
  • Проблеми со концентрацијата

Но, овие симптоми не се универзални за сите, па така многу луѓе ке имаат само дел, па некогаш дури и ниеден од набројаните симптоми.

Кај мажите може да се јават неколку поразлични симптоми, од типот на:

  • Зачестено консумирање на алкохол
  • Избегнување на фамилијарни или социјални настани
  • Прекумерно работење, без периоди на одмор
  • Потешкотии во следењето на фамилијарните или работните обврски
  • Започнување на ризични активности и постапки
  • Повремена агресивност и зголемена лутина
  • Нарушени односи со најблиските и сл.

Некои испитувања велат дека ваквите симптоми се начин за справување на мажите со проблемите и еден начин да се маскираат нивните чувства. Дополнително, општествениот притисок врз мажите често налага тие да се силни, да не покажуваат емоции и да не се жалат, па тоа дополнително може ги обесхрабри мажите да разговараат за нивните проблеми и чувства. Со текот на времето, ваквите чувства се таложат и мажите постепено ја губат својата мотивираност, пасија и желба за било каква активност, а депресијата и нејзините симптоми ќе стануваат посериозни и нагласени.

Емоционални и физички знаци за депресија кај мажите

На голем дел од мажите, полесно им е разговараат за физичките промени и симптоми кои се јавуваат со депресијата, отколку да зборуваат за емоционалните.

Иако депресијата се смета за состојба која влијае на менталното здравје, таа сепак предизвикува и одредени промени во физичкото здравје, како:

  • Главоболки
  • Чувство на затегнатост во градите
  • Болки во зглобовите, грбот и сл.
  • Проблеми со дигестијата
  • Замор
  • Намален или зголемен апетит
  • Ненамерно покачување или намалување на телесната тежина

Дел од овие симптоми може да се јават како резултат на ефектот кој го има депресијата врз хормоните и мозокот.

Покрај овие физички знаци за депресија кај мажите, може да се јават и емоционални. Како најрани емоционални знаци се сметаат : нервозата, фрустрациите, агресијата и надразливоста. Најчесто тагата е поттисната од мажите, па тие депресијата на почетокот може да ја манифестираат на поинаков начин.

Кога и како да побараме помош?

Забележувањето на овие симптоми, кај себе или кај личност блиска до нас, значи дека е време нешто да се превземе и да се помогне. Најчесто, првата и најдобра препорака е да се посети доктор, со цел да се добие точна дијагноза. Потоа, може да се помогне со терапија, советување, разговор, промени кои може да помогнат и сл. Покрај ова, одредени промени во начинот на живот може исто така да имаат позитивен ефект:

  • Редовно раздвижување или физичка активност (особено во природа)
  • Создавање на одредена рутина или структура во секојдневието
  • Поделба на големите обврски на повеќе помали
  • ИЗдвојување на период во денот за опуштање и релаксација
  • Разговор со роднини, пријатели, колеги и сл.
  • Избегнување на алкохолот

Важно е да се напомене и запомни дека мажите се подеднакво склони кон депресија како и жените, само кај нив таа потешко се воочува и често е скриена. Затоа, не треба да се игнорираат било какви промени во расположението, однесувањето и здравјето на луѓето околу нас, а доколку нешто забележиме, неопходно е да разговараме и да побараме помош од стучно лице.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор