fbpx

Исхрана при дијабет – покрај намирниците важно е и КОЛИЧЕСТВОТО што го јадеме!

tonus

Во светски рамки, се проценува дека секој единаесетти човек страда од дијабет. Дополнително загрижувачки е што ваквата енормна бројка е во постепен, благ раст. Секоја година бројот на дијабетичари се зголемува и може да се каже дека дијабетот е една од посериозните и најчестите болести на денешницата. Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои е и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот како клучен фактор. Токму поради тоа, животните навики може да имаат доста важна улога во превенцијата, но и при третирањето на дијабетот. Со правилна исхрана може да се обезбеди константно и стабилно ниво на шеќерот, а сепак таа да е разновидна и здрава. Покрај тоа, во денешната статија издвојуваме уште еден начин кој може да доведе до полесно и поуспешно контролирање на нивото на шеќер во крвта, а тоа е регулирање на големината на порциите.

 

Што претставува дијабетот?

Дијабетот претставува состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова најчесто е поради недоволно количество или поради не ефективност на хормонот – инсулин. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет – тип 1, тип 2, преддијабетна состојба, како и гестационален дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчестите се: генетски, прекумерна телесна тежина, возраста, слаба физичка активност, останати здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

"“Online”/

Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на било кој тип на дијабетна состојба, промени во животните навики исто така може да имаат исклучително позитивен ефект. Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот.

Доколку дијабетот веќе се јавил, посветување внимание на исхраната е еден од првите чекори кои го превземаат луѓето. За намирниците и ужинките кои се пожелни и безбедни за дијабетичарите веќе имаме пишувано во претходни статии и за нив може да прочитате тука, додека намирниците кои треба да се избегнуваат може да ги најдете тука. Покрај здрави ужинки и храна која нема да предизвика нагло покачување на шеќерот во крвта, една друга корисна алатка е контролирање и регулирање на големината на оброците.


Зошто регулирањето на големината на порциите и оброците може да помогне за лицата со дијабет?

Во препораките за контрола на дијабетната состојба постојат два термина поврзани со регулирање на количеството на внесена храна за време на еден оброк – големина на сервирање (serving size) и големина на порција.

Терминот големина на порција го означува количество на храна кое лицето самостојно одлучува дека му е доволна за оброкот. Ваквата порција не е регулирана и стандардизирана и може да биде различна за секој оброк. Токму поради ваквиот недостаток од стандардизирање, кај голем број луѓе може да се јави одредена збунетост околу тоа колку храна им е всушност потребно, а уште поважно, колку јаглехидрати, калории и растителни влакна ќе содржи храната која ја одбрале.

Поради тоа, се јавува и другиот термин – голема на сервирање, термин кој помага грубо да разбереме колку јаглехидрати и калории се внесуваат преку некое количество на храна. Ова претставува објективна и мерлива единица и најчесто се мери како една шолја, едно парче, една лажица од некоја намирница. Ваквиот начин на мерење на храната им овозможува на луѓето полесно да ги мерат и следат внесените калории, но и јахлехидратите, протеините, простите шеќери и сл. Ова е исклучително важно за дијабетичарите кои мора особено да внимаваат на внесените калории и јаглехидрати. Исто така, внесот на растителни влакна може да помогне при регулирање на нивото на шеќер во крвта, па нивниот внес е посакуван и потребен. Од друга страна, протеините може да дадат чувство на заситеност, со што се намалува апетитот и потребата од „грицки“ по оброкот. Сето ова е исклучително важно за дијабетичарите, па информациите за присутното количество на јаглехидрати, протеини и растителни влакна во точно определно количество храна (порција) се поприлично корисни.

 

Најкористените начини за регулирање на големината на порцијата

Постојат повеќе начини за определување и регулирање на точното количество храна за секој оброк.

Еден начин подразбира броење и забележување на внесените јаглехидрати. Нивното лимитирање може да допринесе кон подобра контрола врз шеќерот во крвта. Особено е важно да се избегнува и лимитира внесот на бел, рафиниран шеќер. Тој е особено проблематичен бидејќи често е додаден во огромни колични во одредени намирници, а е исклучително штетен и непосакуван за лицата со дијабет. Во консултација со вашиот лекар ќе го определите точното количество на јаглехидрати кои треба да ги внесувате, а тоа ќе зависи од: вашата тежина и висина, пол, вашата физичка активност, тип на дијабет, возраст и сл. Постојат голем број на мобилни апликации кои може да ви кажат колку точно јаглехидрати внесувате врз база на количеството на консумирани намирници. Со водење на ваква евиденција имате попрегледна и јасна слика за вашата исхрана.

Друг начин подразбира внимавање на содржината и количеството на храна присутно во чинијата. Се препорачува половина од чинијата да се состои од зеленчуци кои не се богати со скроб (зелен лиснат зеленчук, брокула, тиквичка, модар патлиџан и сл.). Останатата половина од чинијата треба да содржи протеински намирници кои не содржат многу масти (пр. пилешко или мисиркино месо), полнозрнести житарки или скробни намирници (интегрален ориз, компир и сл.). Скробните намирници може да се прескокнат и да се дуплира количеството на останати зеленчуци кои не се богати со скроб. Ваквите оброци се идеален микс од растителни влакна и комплексни јаглехидрати (кои помагаат бавно и постепено да се излачува инсулинот), како и се одличен извор на протеини. Со ваквиот оброк може да се консумира и едно „сервирање“ од некое овошје – пр. една мала крушка или било кој друг тип на овошје со помал гликемиски индексцреши, сливи, јаболки, сува кајсија, цитрон и сл.

Ваквата контрола врз големината на оброците во комбинација со здрава и избалансирана исхрана може да значи и сериозни подобрувања на здравствената состојба кај дијабетичарите. Дополнително, тие може да помогнат при регулирање на телесната тежина, обемот на масни наслаги, покачениот холестерол и сл. Сето ова заедно, доведува до подобро здравје и подобар квалитет на живот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор