fbpx

Загрижувачката и опасна поврзаност меѓу ДИЈАБЕТОТ и СИНДРОМОТ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ!

tonus

Синдромот на полицистични јајници е здравствена состојба која е прилично честа кај жените. Статистиката вели дека таа погодува 2 од 10 жени во нивниот фертилен период (15-45 години). За жал, огромниот дел од жените не се ни свесни дека се соочуваат со ваквиот проблем (околу 70% според некои студии).

Синдромот на полицистични јајници (СПЈ) ги напаѓа јајниците, односно репродуктивните органи кои продуцираат естроген и прогестерон – хормони задолжени за регулирање на менструалниот циклус. Во денешната статија ќе зборуваме малку подетално за изненадувачкиот ефект и поврзаност меѓу СПЈ и дијабетот.

Што го предизвикува синдромот на полицистични јајници?

Иако точните причини не се целосно познати, синдромот на полицистични јајници се јавува кога хормоналниот систем на жените продуцира поголеми количини на машки хормони од оние нормалните. Тоа веројатно е резултат на генетиката, а други главни ризик-фактори се инсулинската резистентност и хроничните воспалителни процеси.

"“Online”/

Според истражувањата, дури 70% од дијагностицираните пациентки со СПЈ имаат инсулинска резистентност, што е пак, прв ризик-фактор за обезност. Ваквата состојба објаснува зошто огромниот дел од жените со СПЈ имаат и зголемена телесна тежина.

Симптомите кои се предизвикани од хормонскиот дисбаланс се следните:

  • нередовни менструални циклуси
  • цисти во јајниците
  • зголемен раст на влакна на лицето и низ целото тело
  • опаѓање на косата
  • акни
  • зголемена телесна тежина
  • масна кожа
  • болки во долниот дел од стомакот
  • главоболки
  • потемнување на кожата на одредени делови од телото

Како исхраната влијае на СПЈ?

Постојат два главни начини според кои исхраната влијае на состојбата со полицистичните јајници.

Прво, исхраната влијае преку намалување и регулирање на телесната тежина, а второ преку продукцијата на инсулин, односно намалување на инсулинската резистентност. Резистентноста кон овој хормон значи дека клетките не реагираат соодветно кон неговата функција, односно неефективно се внесува глукозата во нивната внатрешност, со што таа продолжува да циркулира (во прекумерни количини) во крвта.

Телото со цел да го компензира ваквиот феномен, често произведува повеќе од овој хормон. Превисокото ниво на инсулин во организмот може да предизвика производство на поголеми количини андрогени хормони, како тестостеронот.

Инсулинската резистентност може да биде и резлутат на зголемената телесна тежина, а следствено и да прави проблем при слабеењето. Тоа е една од главните причини зошто пациентките со СПЈ тешко ги губат килограмите.

Каква е поврзаноста меѓу дијабетот и СПЈ?

Постојат голем број студии кои покажуваат дека инсулинската резистентност која ја споменавме претходно, заедно со некои останати промени во ендокриниот систем, го зголемуваат ризикот за дијабет тип 2. Дијабетот тип 2 се смета за состојба која може да се контролира со соодветна исхрана и физичка активност, но истражувањата покажуваат дека синдромот на полицистични јајници е сериозен ризик фактор за појавата на дијабет. Впрочем, младите жени кои имаат СПЈ имаат значително поголем ризик за дијабет и срцеви проблеми во подоцнежните години од животот.

Едно истражување од Австралија во кое биле вклучени над 8000 жени, покажало дека оние кои страдаат од СПЈ, имаат за 4 па и до 8 пати поголем ризик за појава на дијабет тип 2, наспроти жените без СПЈ. Во ова истражување, прекумерната тежина исто така се покажала како значаен ризик фактор.

Некои други истражувања покажуваат дека дури 27% од жените кои имаат дијабет, а се во нивните плодни години, имаат и СПЈ. Загрижувачки е што некои студии покажуваат дека СПЈ често се асоцира и со жените кои имаат дијабет тип 1.

Дали третирањето на една од состојбите ќе влијае позитивно врз останатата?

Исхраната и физичката активност се сметаат за најдобрите, најефикасни и најпроучени методи за справување со дијабетот и покачената телесна тежина. Тие исто така се покажале како корисни и при СПЈ. Редовната физичка активност помага да го одржуваме нивото на шеќер во оптималните нивоа, а исто така луѓето кои редовно се движат значително полесно може да ја регулираат и својата тежина.

Во поглед на исхраната, се препорачува разновидна, балансирана исхрана, која ќе вклучува што е можно повеќе продукти од растително потекло – мешунки, полнозрнести житарки, извор на здрави масти, зеленчук, овошје и сл.

Кај одредени случаи, неопходна е употребата и на одредени лекарства со цел менаџирање и контролирање на една од двете состојби. Но, здравиот начин на живот може навистина позитивно да влијае кај овие две состојби, па затоа тоа треба секогаш да биде првата опција.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор