fbpx

КОЖАТА може да ни ,,ПОКАЖЕ” дали имаме ДИЈАБЕТ?

tonus

Како еден од најчестите здравствени проблеми на денешницата, за дијабетот речиси секоја недела зборуваме на нашиот блог. Денес, ќе се задржиме на одреден, неочекуван симптом или „знак“ на дијабет, а тоа се одредени промени кои се јавуваат на кожата.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот претставува состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова најчесто е поради недоволно количество или поради не ефективност на хормонот – инсулин. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет – тип 1, тип 2, преддијабетна состојба, како и гестационален дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчестите се: генетски, прекумерна телесна тежина, возраста, слаба физичка активност, останати здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

"“Online”/

Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на било кој тип на дијабетна состојба, промени во животните навики исто така може да имаат исклучително позитивен ефект. Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот.

Доколку дијабетот веќе се јавил, посветување внимание на исхраната е еден од првите чекори кои го превземаат луѓето. За намирниците и ужинките кои се пожелни и безбедни за дијабетичарите веќе имаме пишувано во претходни статии и за нив може да прочитате тука, додека намирниците кои треба да се избегнуваат може да ги најдете тука

Какви промени на кожата може да предизвика дијабетот?

Дијабетот влијае на секој дел од телото, вклучително и кожата, а дури и понекогаш таа е еден од првите индикатори за појавата на дијабет. Некои промени се посериозни, а некои се чисто естетски. Дел од ваквите кожни состојби се вообичаени, односно се состојби кои може да се јават кај секого, но поради покачениот шеќер, лицата со дијабет се повеќе подложни на нив. Други состојби, се јавуваат исклучиво или најчесто кај дијабетичарите

Проценките се дека секој трет дијабетичар ќе развие некаква кожна состојба, а еден чест проблем е и појавата на осип. Кожата кај лицата со дијабет е посува, напукната и често потребата за чешање е зголемена. 

Листата на кожни состојби предизвикани од дијабет е долга, а ние ќе издвоиме неколку:

  • Плускавци – најчесто се појавуваат на рацете и нозете, како и на дланките и стапалата
  • Осип 
  • Дермопатија – светло-кафеави кожни траги кои се јавуваат на нозете
  • Сува, испукана и црвена кожа која чеша – вишокот на шеќер во крвта ги „дехидрира“ клетките со цел создавање на повеќе урина за ослободување од шеќерот.
  • Зачестена појава на бактериски или габични инфекции
  • Acanthosis nigricans (AN) – појава на темни дамки, најчесто на вратот или пазувите. Понекогаш се јавува и на рацете, лактовите и колената. Се смета за знак на инсулинска резистентност.

 

Важно е ваквите состојби да не се игнорираат и навремено да се третираат. Кожата е одличен индикатор за нашето општо здравје, па така доколку забележите некои промени, а веќе имате позната историја на покачен шеќер, веднаш консултирајте се со вашиот лекар. Раната дијагноза и третман се сметаат за клучни и може драстично да го намалат ризикот од компликации.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор