fbpx

ДНЕВНИК ЗА ИСХРАНА – корисна алатка за СЛАБЕЕЊЕ, но и за ПОЗДРАВИ навики!

tonus

Честопати кај секој од нас се јавува желбата за одредена позитивна промена во начинот на живеење. Една од најчестите е секако и менување на навиките за исхрана, а со тоа и внесување на поздрави намирници, но и внимавање на телесната тежина. За ваквата желба да стане реалност, потребно е силна волја, решителност, истрајност и мотивираност. Секако, во самиот процес има повеќе различни трикови и алатки кои може да ни помогнат истиот да го изведеме подобро и поуспешно. Еден од нив е водење на т.н дневник за исхрана, односно водење евиденција за намирниците кои сме ги консумирале. Токму затоа, во продолжение ќе зборуваме за придобивките и помошта која може да ни ја даде водењето на ваквиот дневник.

Што треба дневникот за исхрана да содржи?

Под дневик за исхрана подразбираме водење на записник за сите внесени намирници во текот на еден ден. Тој воглавно треба да содржи:

  • Што јадеме во текот на денот – типот на намирници, производи, нивниот начин на подготовка, додадени преливи, сосови, споредни јадења, парчиња леб и сл.
  • Колкави количини од намирниците јадеме – запишување и внесување во дневникот на сите количества од споменатите намирници. Може да се внесуваат како грамови, но и со употреба на други мерки за количина – лажички, чаша, шолја и сл.
  • Кога јадеме – важно е да се запише и времето кога се внесува храната, бидејќи вака може да забележиме доколку имаме проблем со јадење доцна навечер, пред ручекот и сл.

Со ваквите информации, дневникот потоа може да послужи за пресметка на внесените калории, јаглехидрати, масти, протеини, влакна, витамини, минерали. За добивање на ваквите информации, најдобро е користење на некој тип на мобилна апликација во која може да се внесат информациите од дневникот. Ваквите апликации имаат веќе постоечки информации (во однос на калориската вредност и макро и микронутриентите) за речиси сите типови храна, па така лесно може да добиете слика за вашата секојдневна исхрана.

"“Online”/

Што велат истражувањата?

Ваквиот дневник може да биде исклучително корисна алатка при процесот на слабеење, но и за севкупно подобрување на навиките за исхрана. Тој може да ни помогне да ги согледаме нашите навики за јадење, најчестите намирници кои ги внесуваме, како и евентуалните „грешки“ кои ги правиме. Ваквиот начин за само-проценка е еден од најефективните и најреалните кога сакаме да ги согледаме нашите навики поврзани со исхраната.

Едно истражување кое вклучило 142 испитаници, ги согледало ефектите кои ги има ваквиот дневник. Во период од 6 месеци, тие ги бележеле консумираните намирници и јадења, а во целиот процес бил вклучен и нутриционист кој го следел процесот.

Најуспешните учесници изгубиле дури 10% од нивната телесна тежина, а во просек, на почетокот од испитувањето, трошеле околу 20 минути дневно за внесување на намирниците во дневникот. При крајот на испитувањето, им било потребно само околу 14 минути во просек, за внес на консумираната храна. Научниците потенцираат дека водењето на ваквиот дневник се покажало како успешна метода и алатка и во останати, претходни истражувања. Но, нагласуваат дека започнувањето со ваков дневник може да изгледа застрашувачки и иритирачки на почетокот. Потребна е голема посветеност и желба за прецизно и точно внесување на сите намирници, а потребно е и да прифатиме дека она што го јадеме ќе треба да го запишеме и подоцна да го гледаме. Но, научниците исто така потенцираат дека времето потребно за оваа алатка е минимално и дека 15 минути во денот се нешто што сите може да го одвојат.

Што го прави дневникот за исхрана корисна алатка при слабеењето?

Резултатите кои ваквиот дневник ги дава при слабеењето може да се препишат на повеќе причини. Прво, ваквиот внес и следење на консумираната храна е одличен начин да се воочи дневниот внес на калории. Доколку сметаме дека јадеме нешто што е релативно ниско калорично, а по запишувањето и проверката согледаме дека всушност таму се кријат голем број калории, можеме да внимаваме при наредниот внес на тој тип храна. Дневникот за исхрана може навистина детално и прецизно да ги лоцира проблематичните оброци, намирници и ужинки.

Покрај тоа, може лесно да се воочи каде „грешиме“, односно каде ги прекорачуваме дневните потреби за калории. Можеби појадокот е премногу калоричен или ручекот ни е премногу обемен, а можеби и јадеме калорична храна доцна во ноќта. Дневникот може да ни укаже во кои намирници, но и при кои количини јадеме во прекумерност. На овој начин може лесно да се корегира и интервенира во дел од нашите секојдневни навики за исхрана.

Дополнително, ваквиот дневник ја истакнува важноста од разновидност во исхраната и овозможува полесно да согледаме каква е нашата исхрана во тој поглед. Многумина од нас не се свесни дека немаат доволно разновидна исхрана, а поради тоа може да се јават и проблеми со тежината и здравјето. Дневникот може да даде информации и за евентуален недостиг од одредени макро или микронутриенти – протеини, витамини, растителни влакна, минерали и сл. Навистина придобивките се многубројни, а потребно е само малку труд, мотивираност и желба.

Доколку сакате да прочитате како успешно да се одржи мотивираноста при слабеењето, кликнете тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор