fbpx

Покачување на „долниот“ крвен притисок – дали е опасно и зошто настанува?

tonus

Покачениот крвен притисок е здравствен проблем со кој се соочуват многумина. Истиот е и доста проблематичен бидејќи може да остане неприметлив со години, без значајни и воочливи симптоми. Кога зборуваме за покачен крвен притисок, најчесто мислиме на двете вредности – систолен или т.н „горен“ и диастолен т.н „долен“ крвен притисок. Но, понекогаш се случува горниот крвен притисок да е во ред, а да има покачување во долната вредност. Што значи покачување исклучиво на долната вредност за крвен притисок и зошто доаѓа до истото? На оваа тема ќе зборуваме во продолжение.

Што претставува крвниот притисок и зошто доаѓа до негово покачување?

Пред да зборуваме исклучиво за покачените вредности за долниот крвен притисиок, најпрвин накратко да објасниме што всушност претставува крвниот притисок. Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

–       Систолен или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул

"“Online”/

–      Диастолен или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

Висок крвен притисок или хипертензија, е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

Постојат две форми на хипертензија:

  • Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  • Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната. Како главни ризик фактори за нејзина појава се:

–          Бубрежни заболувања

–          Опструктивна спиечка апнеа

–          Вродени срцеви заболувања

–          Проблеми со тироидната жлезда

–          Честа употреба на алкохол

–          Проблеми со надбубрежните жлезди

Што доколку е покачен само „долниот“ – диастолен притисок?

Американската Срцева Асоцијација (AHA) истакнува дека луѓето често се фокусираат на „горната“ вредност за крвниот притисок. Меѓутоа, тие потенцираат дека за секое покачување од 10 единици (mmHg) во распонот од 40-89 mmHg на долниот крвен притисок – ризикот за некое срцево заболување или мозочен удар двојно се зголемува. Доколку вредноста од 80mmHg е покачена на диастолниот (долен) крвен притисок, а вредноста за горниот притисок е во границите на нормала, тогаш станува збор за т.н изолирана диастолна хипертензија. Лицата може редовно да имаат нормални вредности за „горниот“ крвен притисок, но константно покачен диастолен (долен) притисок. Доколку вредноста е меѓу 80-89mmHg тогаш станува збор за хипертензија од прв степен, додека за вредности над 90mmHgизолирана диастолна хипертензија од втор степен.

Кои се можните причини?

Ваквата состојба е нешто поретка и се проценува дека помалку од 20% од случаите со хипертензија всушност се вбројуваат во оваа категорија. На науката не и е целосно јасно зошто доаѓа до ваквата хипертензија кај одредени лица. Некои претпоставки се дека одредени хормонални промени во организмот може да доведат до стеснување на помалите крвни садови. Впрочем, најчесто ваквата хипертензија се асоцира со одреден хормонален дисбаланс, односно ендокринолошки проблеми. Покрај тоа, како можни причини за покачен диастолен крвен притисок се наведуваат и:

  • Прекумерна телесна тежина
  • Прекумерно консумирање на алкохол
  • Пушење
  • Покачено ниво на триглицериди

Кои се најчестите ризици и дали постојат одредени симптоми?

Доколку не се третира соодветно, хронично покачениот долен крвен притисок го зголемува ризикот за бројни други заболувања:

  • Срцеви заболувања
  • Инфаркт
  • Аневризма
  • Перфиерни артериски заболувања и сл.

Како што споменавме, покачениот крвен притисок најчесто нема воочливи симптоми. Ова важи и за покачениот „долен“ крвен притисок, па така една студија покажала дека од над 2 милиони испитаници околу 3,2% имале изолирана диастолна хипертензија и дури 86% не ја третирале ваквата состојба.

Доколку се јават болки во градите, отежнато дишење, вртоглавица, слабост, губење на свеста или промени во говорот – лицето треба веднаш да добие лекарска помош. Овие симптоми може да бидат индикатор за срцево заболување, мозочен удар и сл.

Третирање на изолираната диастолна хипертензија

Намалувањето само на долниот крвен притисок може да влијае негативно на дотокот на крв до мозокот, па така истото всушност може да има дополнителни негативни ефекти. Ова е особено нагласено кај помладата популација и таму лекарите најчесто не препорачуваат намалување на вредностите за долниот крвен притисок. Исто така, ваквата состојба е почеста кај младите лица, но сепак таа не се смета за сериозен ризик по кардиоваскуларното здравје.

Инаку, состојбата е поретка кај постарата популација, а доколку се јави, лекарите може да препорачаат употреба на диуретици или одредени дури лекарства. За разлика од помладите, оваа состојба може да предизвика здравствени проблеми кај лицата над 40 години.

Во секој случај, за било кој тип на хипертензија, се препорачува:

  • Намалување или целосно елиминирање на употребата на алкохолот
  • Одржување на здрава телесна тежина
  • Редовна физичка активност (во зависност и усогласеност од можностите)
  • Здрава, балансирана исхрана со намален внес на заситени и транс масти, како и процесирана – т.н „брза храна“.
  • Откажување на цигарите
  • Редовно следење на крвниот притисок во домашни услови

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор