fbpx

ШТО ако домашен е заболен со корона?

tonus

Првата реакција на луѓето кај нас, па и во светот во однос на корона вирусот е – ,,Сигурно мене нема да ми се случи, нема да се заразам”. Toкму заради опасноста од ваквото размислување здравствените власти ширум светот прeземаа доста радикални мерки уште пред вирусот премногу да се рашири. Некои проценки од експертите велат дека корона вирусот во наредната година би можел да се прошири дури на повеќе од половината население.

Една од носечките мерки во спречувањето на ширењето на короната е самоизолацијата.

Но, во самоизолацијата најчесто не сме сами, туку сме со поблиското семјество или цимерите. Оттука се поставува прашањето: Како да го минимизираме ризикот за себе, за семејството и општо луѓето со кои живееме заедно?

"“Online”/

1) Доколку ние или било кој од домашните има видливи симптоми на настинка, потребно е да се изолира во посебна просторија!

Што подразбираме под ова?

Ако некој од домашните има видливи симптоми потребно е тој да се изолира, односно да се смести во посебна просторија и таму да го поминува најголемиот дел од времето. Ова лице треба, доколку е можно, да користи свој тоалет или по користењето на заедничкиот тој соодветно да се дезинфицира (да се дезинфицираат сите допрени површини со рацете) и да се почека до 1 час за повторна употреба. Облеката и обувките на лицето не треба да се носат надвор од собата во која престојува. Кога други луѓе ќе влегуваат во собата потребно е да носат различна облека, маска и ракавици, а по излегувањето облеката треба да се соблече. На овој начин се превенира некоја од секретните капки кои лицето ги емитира во просторијата да се најдат на облеката која потоа би ја носеле во текот на денот.

2) Почесто проветрувајте ги просториите

Ова треба да го правиме секогаш!

Некои студии укажуваат дека капките во кои се наоѓа вирусот, можат да останат присутни во воздухот во непроветрените простории и до неколку часа. Кога киваме, кашламе, па дури и при самото зборување емитираме вакви секретни капки. Проветрувањето ефикасно го прочистува воздухот, односно го менува потенцијално контаминираниот воздух. Проветрувањето може да ни помогне и во превенцијата од други вирусни и бактериски заболувања кои се шират преку воздухот. Познатата, озлогласена,,промаја” која е на лош глас кај луѓето, може да биде многу повеќе корисна отколку штетна.

3) Доколку имате филтер за воздухот вклучете го

Овој филтер не е корисен само во филтрирањето на воздухот кој е контаминирам со ppm честички. Ваквите прочистувачи можеби се во можност да ги ,,уловат” капките во кои се наоѓа вирусот. Овој вирус е нов, многу работи се непознати, па вреди да се обидеме.

4) Ако сте во можност, зголемете ја влажноста во воздухот

Познато е дека повеќето вируси ,,преживуваат” подолго во простори кои имаат помала релативна влажност. Доколку имате апарат за зголемување на влажноста, вклучете го. Доколку немате, една можност е на неколку часа, особено во собата на заболените, да поставувате врела вода која испарува. Оптималната релативна влажност е помеѓу 40% и 60%.

5) Почесто пијте вода и други слабо засладени течности

Добро е познато дека телото полесно се справува со микроорганизмите доколку лачи доволно салива или плунка. Дел од нејзиниот состав се елементи кои имаат антимикробно дејство. Како што рековме, ова е нов вирус и сè уште познато дали ова ќе има позитивен импакт, но вреди да се обидеме бидејќи пиењето течности е општо корисно при други инфекции.

6) Почесто чистете и дезинфицирајте ги површините

Ова особено важи за фреквентните површини, односно површините кои често ги допира лицето со симптоми, но и општо површините кои често ги допираме со рацете или се во наша непосредна близина. На ваквите површини би можело да се најдат секретните капки кои се контаминирани со вирусот. Па при нивно допирање, а потоа допирање на лицето, би можело да дојде до инфицирање.

Во една од претходните статии зборувавме за тоа кои се ефективни средства за оваа намена.

7) Користете различни тоалети доколку сте во можност

Иако сè уште не е потврдено со сигурност, некои студии укажуваат на тоа дека корона вирусот може да биде присутен во фецесот или изметот.

Една студија дава податоци според кои децата кои имаат слаби симптоми можат да го пренесат вирусот преку фецесот во период од дури над 3 недели. Проблемот се јавува кога биоаеросолите се емитираат во возудхот во тоалетите, а потенцијално се богати со вирусни честички.
Нивното присуство во воздухот може да биде и над 30 минути по вршењето нужда.

Затоа, најдобро е да користите различни тоалети со заболеното лице, но правете го тоа и ако никој во домот нема симптоми. Ако пак имате само еден тоалет, почекајте најмалку еден час по корисењето на тоалетот од друго лице.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор