fbpx

Зошто сме поспани и безенергични кога врне?

tonus

За поголемиот дел од луѓето, врнежливото време дефинитивно не е нешто посакувано. Причините се различни, но веројатно главната е паѓањето на расположението и чувството на поспаност.

[Поврзано: Кои се најверојатните можни причините за хроничен замор?]

Па, зошто дождот има токму ваков ефект врз нашето тело? Зошто голем број луѓе што имаат проблеми со спиењето, си помагаат со звуци од дожд за олеснето заспивање? 

"“Online”/

Верувале или не, постојат навистина фасцинирачки научни причини зошто врнежливото време е перфектен тајмин за одмор и заспивање.

Невообичаеното чувство на поспаност ,,сред бел ден”, делумно е поврзано со она што се подразбира како наш внатрешен биолошки часовник или со циркадијалниот ритам. Во исто време, нашата емотивна состојба, звуците на дождот, нивото на влажност, како и недостатокот од ултравиолетова светлина, дополнително допринесуваат за овој феномен.

[Поврзано: МЕТЕОРОПАТИЈА – како влијаат временските услови на нашето здравје?]

Недостаток од светлина

Кога човековото тело се изложува на сончева светлина, лачи помалку мелатонин, односно хормон поврзан со спиењето. Во исто време, телото лачи повеќе серотинин, хормон поврзан со доброто расположение и хормон што не’ прави пофокусирани и поисполнети.

[Поврзано: Мелатонин – суплемент за спиење – Колку да се зема и кои се потенцијалните несакани ефекти?]

Ова би значело дека недостатокот на светлина при дождливото време ќе го има обратниот ефект – повеќе мелатонин, помалку серотонин. Во превод: полошо расположение и поспаност и кога не е време за тоа.

Потешко одржување ,,хомеостаза”

Покачената атмосферска влажност исто така игра улога. Кога надвор врне, воздухот станува релативно потежок. Како резултат на ова, телото треба да повеќе да се труди за да одржи хомеостаза (баланс во кој можат правилно да се одвиваат сите процеси во организмот). Дополнително, доаѓа и до релативно намалување на кислородот во воздухот, што го попречува стимулирањето на ,,будниот” мозокот.

Ова во крајна линија може да допринесе за дополнително чувство на замореност.

Звукот на дождот ни делува како приспивна песничка

Дождот создава т.н. розев шум, што значи дека ги вклучува сите фреквенции што луѓето можат да ги слушаат, нешто слично како попознатиот ,,бел шум”.

Белата светлина е мешавина од сите компоненти на светлината, односна таа е сочинета од индиго-виолетова, сина, зелена, жолта, портокалова и црвена (односно од сите бои на виножитото, по ред). На сличен начин, кога ќе се искомбинираат сите звучни фреквенции коишто e возможно да ги чуе човековото уво, се формира белата бучава или белиот шум. Тоа во суштина и не е бучава, туку нежен звук, како што е звукот на ветрот којшто шумоли низ дрвјата. Еден од најдобрите примери за природна бела бучава е успокојувачкиот звук на океанските бранови. Кога овој звук ќе се искомбинира со музика, тоа доведува до чувство на хипноза и целосна релаксација.

Истражување од 2012 година открива дека розевиот шум придонесува за намалување на активноста на мозокот. Експертите од областа веруваат дека токму заради овие причини ваквите звуци го олеснуваат заспивањето.  

[Поврзано: Практични совети како до подобар сон?]

Активностите се одложуваат

Кога врне, поголемиот дел од активностите се одложуваат или откажуваат. Не излегуваме на прошетка, на кафе, вежбање или слично. Останувањето дома не прави помрзеливи, па се чувствуваме комфортно, што во комбинација со сето претходно наведено, речиси неминовно не’ води кон креветот.

,,Мрачното време” е силен ризик-фактори за нарушено расположение

Општо постуденото време и недостатокот на сончеви зраци во текот на зимските месеци, може да води кон лесна иритабилност и летаргичност, односно безволие. За жал, во вакви периоди од годината постои и ,,сезонска депресија”. Дополнително, настинките и гриповите се почести во зимскиот период, што дополнително може да допринесе за безенергичност и поспаност за време на врнежливите денови.

[Поврзано: Депресијата не е обична тага]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор