fbpx

Дневна дремка – добра за срцето, за мозокот и го намалува стресот!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Заморот и недостатокот на сон во текот на денот не се невообичаена појава, особено во поново време. Брзиот начин на живот, помеѓу останатото време, ни го скратува и времето за квалитетен сон.

Од земјата со најдобра статистика во повеќето полиња, САД, добиваме податоци дека дури 35% од возрасните луѓе имаат пократок сон од препорачаните 7-9 часа. Повеќе од 60 милиони луѓе пак, страдаат од нарушувања поврзани со спиењето.

Во некои земји, како Јапонија и Кина на пример, некои работодавците им даваат на вработените по половина час, до час, дремка во текот на денот, во склоп на работното време. Тие имаат предвид дека на тој начин работниците можеби ќе работат некое време помалку, но ќе бидат попродуктивни. За ваквото дејство постои и научна поткрепа.

"“Online”/

Недостатокот од сон влијае лошо на здравјето

Спиењето игра важна улога, не само во правилното функционирање на мозокот, туку и на повеќето важни органски системи на телото. Малиот недостаток од сон можеби изгледа како тривијален проблем, но дури и тој може да биде со опасни последици, ако се ,,акумулира” или насобира со текот на времето.

Една од причините за ова е тоа што хроничните или постојани нарушувања во спиењето, се поврзуваат со зголемена активност на симпатичкиот (,,бори се или бегаj”) дел од нервениот систем. Ваквиот систем е корисен во ситауции како на пример кога вежбаме или бркаме автобус, но постојаната негова активнираност може да му предизвика хроничен или постојан стрес на телото. Тоа може да предизвика нарушување во метаболизмот, циркадијалниот ритам и да води кон хронични воспалителни процеси.

Хроничните воспалителни процеси пак, се сметаат како еден од главните ризик фактори за сите хронични заболувања, или заболувањата на модерното време: кардиоваскуларни заболувања, артритис, депресија и анксиозност, гастроинтестинални проблеми, гојазност, чести инфекции, па дури и канцер..

Fibro Gel

Нарушувањата на сонот можат да резултираат со проблеми во ,,контролата” на расположението, со меморијата и когнитивниот ментален перформанс. Генерално, ваквата состојба води кон намален квалитет на живот, општо.

Кратките дремки можат да бидат решение

Поголемиот дел од нас, уште од предшколска возраст ја имаме загубено навиката за пладневна дремка. Но, здравствените експерти сè почесто сугерираат дека оваа навика од детството може да биде од корист и кај возрасните. Имајќи предвид дека за модерниот, деловен човек на денешницата, целосен сон во текот на ноќта (7-9часа) е луксуз или нешто недостижно, можеби кратката дневна дремка може да биде решение.

Дремката е добра за мозокот

Многу од најдобрите светски умови и славни лидери, вклучително Ајнштајн и Винстон Черчил, биле познати по својата рутина, во одреден дел од денот да имаат кратки дремки.

Некои научни студии велат дека дремката од час, до час и половина, може да биде корисна за мозокот, дури колку целосниот сон во текот на ноќта.

Една студија од Универзитетот Харвард, вели дека дури и пократката дремка може значително да ја подобри меморијата и капацитетот за учење во текот на денот.

Дремката може да биде корисна за срцето

Во една студија, објавена во BMJ Journal- Heart, истражувачите пронашле дека луѓето кои практикуваат дремка, дури и само два пати неделно, имаат намален ризик од кардиоваскуларните заболувања. Учесниците во ова истражување биле генерално здрави индивидуи на возраст помеѓу 35 и 75 години. Биле следени цели пет години.

155 срцеви удари се случиле за време на истражувањето. Истражувачите откриле дека учесниците кои практикувале дремка, најмалку два пати неделно, имале за 48% намален ризик од срцев и мозочен удар, но и од други кардиоваскуларни заболувања, во однос на оние кои не практикувале дремки.

Во истата студија, не било пронајдено дека постои врска помеѓу должината на дремката и ризикот од кардиоваскуларни заболувања, што би значело дека дури и пократки дремки би можеле да бидат корисни за срцето.

Дремката го намалува стресот

Угледни психолози од Харвард Универзитетот велат дека практикувањето на дневните дремки може значително да придонесе во намалувањето на нивоата на хормонот кортизол, хормон одговорен за стресот.

Заради ова, да се вратиме на симпатичкиот нервен систем кој го споменавме претходно. Т.н. ,,Бори се или бегај” одговор на организмот, еволуирал кај прачовекот и другите цицачи, со цел тие да можат да реагираат брзо на дадените опасности кои биле особено присутни во далечното минато. За жал, во денешното, модерно време, овој одговор може да биде ,,вклучен” од телото и во ситуации кои не се воопшто ,,животозагрозувачки”, како на пример гужва во сообраќај, проблеми на работа, во семејството итн.

Кога мозокот ќе почувствува дека е во стресна ситуација, тој поттикнува лачење на адреналин во крвотокот. Oва пак, предизвикува лачење на кортизолот за телото да влезе во состојба на висока подготвеност и внимателност. Ова е корисно кога бегаме од опасност, како на пример бегање од разлутени кучиња или некои предатори, но може да има негативен ефект на телото доколку ваквата состојба на ,,висока подготвеност” трае константно, долг период.

Покорисна од кафето

Постојат и многу други бенефити од регуларното практикување дремка. Само една, кратка дремка, во текот на денот може значително да ви го направи поубав и поефикасен целиот ден. Да ја подобри вашата свесност, концентрација, импулсивност и што е многу важно- да ја зголеми толерантноста на различни работи кои инаку ве фрустрираат. Ова е многу важно во справувањето со хроничниот стрес.

Попладневната дремка, во една студија се покажала и како поуспешна во подобрувањето на концентрацијата и меморијата, од кофеинот.

Како максимално да ја ,,искористите” дремката

Не секој има време за еден до два часа дремка во текот на денот, но експертите велат дека и не е потребно толку време за да имаме бенефит од неа. Повеќето од експертите се сложуваат дека не е потребно подолго спиење од 20 до 30 минути за да ги имаме корисните дејства од кратката дневна дремка, под услов секако да немаме нарушен ноќен сон. Во таков случај, дневниот сон би требало да трае и повеќе.

Точното време на дневната дремка е исто така битно. Дремката по 3 часот попладне може да го наруши ноќниот сон и тешко да заспиете, затоа најдобро е таа да се практикува пред 3 часот. Најдобро е местото за спиење да биде потемна просторија, со пријатна температура и малку можности за дистракции.

На крајот, кога ќе се разбудите, дозволете си некоја минута да се разбудите, пред повторно да преминете на обврските. Исто како кога станувате наутро, за целосно да се ,,освестите”, можат да ви биде потребно одредено кратко време.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X