fbpx

Екстракт од лист на БЕЛА ДУДИНКА – Предијабетот да не премине во дијабет тип 2?

tonus

Јаглехидратите се есенцијален микронутриент и нивниот сложен тип, односно скробната храна не само што не треба да се избегнува, туку таа треба да нѝ биде основа во исхраната – леб, компири, житарки, ориз, мешунки итн. Секако, се мисли на леб од полнозрнасто брашно, полнозрнасти житари, интегрален ориз итн. 

Оваa храна, иако силен извор на јаглехидрати, поседува низок гликемиски индекс.

[Поврзано: 5 распространети НЕВИСТИНИ за јаглехидратитe]

"“Online”/

Од друга страна пак, јаглехидратната храна со висок гликемиски индекс има драматичен ефект врз нивото на глукоза во крвта, водејќи кон рапидно зголемување на шеќерното ниво во крвниот систем. Ваквите нагли зголемувања за жал потоа се проследени и со ,,стрмни” падови кои пак имаа свои негативни последици.

Повеќе детали околу гликемискиот индекс (ГИ), прочитајте тука.

Зошто е важно секој од нас да има константно оптимално ниво на шеќер во крвта?

Менаџирањето или регулирањето на крвниот шеќер е особено важна работа за секој поединец, а посебно за лицата со предијабет и дијабет. Кај лицата со предијабет на пример, може да биде причина за превенција од преминување на состојбата во дијабет тип 2!

[Поврзано: Како предијабетот да не премине во дијабет?]

 Балансираната флуктуација (промени) на глукозата во крвта (без нагли пикови и падови), помага да се чувствуваме подобро, поконцентрирано, подолго време да бидеме сити и да избегнуваме храна со празни калории.

[Поврзано: Каква е таа храна со ,,празни калории”?]

Екстракт од лист од бела дудинка – извонреден ефект во однос на оптимизирањето на шеќерните нивоа во крвта!

Едно истражување на компанијата ,,Нестле”, која самата има продукт на база на екстракт од лист на бела дудинка, покажуваат навистина интересни, ветувачки резултати. 

Имено, овој екстракт поттикнува цела ,,каскада” на ефекти што позитивно се одразува на целокупниот метаболен одговор. 

Ова вклучува: 

Поздрави нивоа на глукоза и инсулин во крвта, нивно подобро ниво по оброците, подобрено чувство на заситеност, поддршка на процесот слабеење, поздрава цревна микрофлора и подобар липиден профил (маснотии и холестерол во крвта).

[Поврзано: Инсулинска резистенција – Се’ почест проблем помеѓу населението!]

Екстрактот делува како еден вид ,,мамец” за дигестивните ензими наречени алфа глукозидази, спречувајќи го нивниот природен ефект во тенкото црево – дигестирање на присутните јаглехидрати. На овој начин голем дел од јаглехидратите минуваат низ дигестијата без да бидат ,,обработени” и внесени во крвотокот, што пак превенира потенцијални пикови на глукоза и инсулин во крвта.

Ваквиот ефект се покажал како особено силен и брз. Предусловот е суплементот да може да влезе заедно со храната во тенкото црево. Затоа е многу значајно суплементите на база на екстракт од лист на бела дудинка да се консумираат во точно опреден временски интервал – непосредно пред оборокот (15 минути).

Повеќе храна за корисните бактерии од дигестијата!

Минувајќи необработена низ ,,погорниот” дел од дигестивниот тракт, јаглехидратната храна завршува ,,сервирана” за корисните бактерии од нашиот микробиом. На тој начин екстрактот од лист на бела дудинка допринесува и во одржувањето на здрав цревен микробиом.

Оптималната состојба во цревниот микробиом значи подобро здравје од повеќе аспекти – подобра дигестија, подобар имун одговор, па дури и подобро ментално здравје…!

[Поврзано: Не е мит. Мозокот и дигестијата се поврзани!]

За бројните причини зошто е важно да имаме здрава цревна микрофлора, прочитајте тука.

Друга значајна карактеристика на овој екстракт е следната: За разлика од другите компоненти со сличен дигестивен ефект (блокирање на јаглехидратите), како на пример гравот, заостанатиот екстракт од бела дудинка може да се апсорбира во крвотокот и без никакви проблеми да се излачи низ урината, преку бубрезите. Неапсорбираните компоненти со блокирачки ефект на јаглехидратите можат да водат и кон помали или поголеми гастроинтестинални непријатности.

[Поврзано: Што го прави ФИБРОГЕЛОТ еден од најдобрите природни извори на растителни влакна?

Бела дудинка – користена со векови од традиционалната медицина

Листот од бела дудинка (morus alba) со векови се користел во исхраната и традиционалната медицина. Содржи бројни секундарни растителни метаболити со позитивни здравствени ефекти.

Такви метаболити на пример се и иминосахаридите кои го емитираат ефектот на моносахаридите (шеќери), односно стапуваат во реакција со ензимите и рецепторите вклучени во јаглехидратната дигестија, лимитирајќи го нивниот ефект врз присутните долговерижни јаглехидрати. Знаеме дека без да бидат упростени, долговерижните јаглехидрати не можат да преминат во крвта.

Според клинички истражувања, екстрактот од лист на бела дудинка значително го намалува гликемискиот индекс на внесената храна и тоа со само една доза од 250mg. Најдобриот ефект е забележан кај малтодекстринот, полисахарид од пченкарниот скроб, каде ГИ се намалил за дури 55%.

Други студии покажуваат дека овој екстракт го намалува нивото на глукоза по јадењето за 42%, што понатаму води кон намалување на инсулинските ниова за 41%.

Пониските нивоа на инсулин помагаат телото полесно да ги ,,согорува” резервните маснотии и ги намалува нивоата на глукоза складирана како масно ткиво. На овој начин, екстрактот од лист на бела дудинка индиректно помага и во процесот на слабеење.

[Поврзано: Хиперинсулинемија – силно предупредување за нужноста од промени во животниот стил!]

 

Екстракт од лист на белата дудинка – ГЛИКОБАЛАНС

Состав: Сув екстракт лист од бела дудинка (Morus alba), пиридоксин хидрохлорид (Vitamin B6), хром хлорид, микрокристална целулоза (E460), проѕирни тврди желатински капсули n0, мангезиум стеарат (E470b)

1 капсула гликобаланс содржи: 600mg сув екстракт од лист од бела дудинка, 1,4mg витамин Б6 и 40mcg хром. Едно шишенце содржи 60 капсули.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор